Ама сте ми чудни со муабетиве за тие што се сителе за дешавкиве у Грција, па вакви сме биле, такви сме биле (зборам за македониците како народ). Па не е тоа така само кај нас, сегде по светов е така. Секаде се ситат на несреќата на другиот, ако се раскарани или имаат народите вакви или слични спорови како ние тука на Балканот. Тоа е во природата на човекот. Да биде проклет, да уништува, да пакости. Луѓето се најподли и најлоши од сите живи суштества на планетава.
Нормално не се сите исти, не сите се ситат на вакви несреќи, но реалноста е таа, човекот, од Македонија да е, од Грција, од кај сакаш нека е, пак ќе се радува и сити на вакви несреќи (нормално не сите).
Ме искрено ми е жал и не би му посакал на никој ваква несреќа ама па не можам ни да се лупам сеа од земја и да ставам грчки знамиња и да пишивам "Преј фор Грис" кога знам дека нема никаква помош во тоа. Помош како држава и не можеме да им понудиме, а и не заслужиле со сите неправди што ги направиле, не на нас тука, туку на нашите од Егејска Македонија.
Вчера прочитав твит дека турците им понудиле 5 авиони и 20 хеликоптери на грците, а овие одбиле. Оние у Солун земале ја погребуваат Македонија у моменти кога нивниот народ се справува со таква трагедија. Тоа покажува колку човекот е рамнодушен и проклет кога некој туѓ ќе го задеси ваква несреќа. Сегде по светов човечкиот мозок исто размислува, кај некој повеќе, кај некој помалце, ама во суштина е ист. Жално ама вистинито.
А за ова со судскиве постапки за говор на омраза за настаниве у Грција, само уште еден доказ дека ние македонците не заслужуваме ништо.постапки за македонците се отвараат, а кога шпоните го прават тоа виз нас, сите ќутат, нигде ги нема.