Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ама во филмовите русите секогаш се лошите. Од каде сега наеднаш русите излегоа добри.
Толку за греота станаа малорусиве што во недостиг на внимание и план, почнаа да лажираат убиства. Така се случува со изкористени куртони.https://www.mkd.mk/svet/analizi/vis...kiot-novinar-koj-go-lazhirashe-svoeto-ubistvo
Вистинската приказна за рускиот новинар кој го лажираше своето убиство
Првиот човек на Украинската безбедносна служба (СБУ) Василиј Хритсак објасни на истата прес конференција дека неговата служба го лажирала убиството на Бабченко, иначе остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, и тоа во обид да ги улови руските агенти кои сакале да го убијат.
Бабченко инаку работи како новинар за кримската телевизија АТР, која емитува „во егзил“ имајќи предвид дека Руската Федерација го припои црноморскиот полуостров врз основа на одржаниот референдум во 2014. Украинските сили на истокот на земјата веќе четири години во покраината Донбас војуваат со бунтовниците и проруските сили кои ги поддржуваат.
Бабченко, инаку ветеран на граѓанската војна во Чеченија, каде се борел како руски војник, со време стана дописник од Грузија и Украина и сѐ пожесток критичар на руските воени акции. Во објавата на Фејсбук во која напиша дека не му е жал поради Хорот на Црвената армија кој настрада во лет кон руска воена база во Сирија, Бабченко се нашол на удар на бројни анонимни закани и повици за кривичен прогон и депортација од страна на истакнати политичари и медиуми. На крајот самиот мораше да бега – најпрво во Чешка, потоа во Израел, за на крајот да се насели во Украина.
Имајќи го тоа предвид, но и во контекст на сѐ почестите убиства на руски дисиденти и бегалци, особено по наводното труење на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипаљ во Велика Британија, веста за Бабченко не беше особено изненадување на Западот. Но, веста дефинитивно не беше лажна, што тој и украинските служби го објавија помалку од 24 часа подоцна.
„Јас сум убиецот на Аркадиј Бабченко“, изјави со насмевка Олексиј Тсимбалијук. Тсимбалиук е поранешен православен свештеник кој со бројни други доброволци во десничарските паравоени единици се бореше на страната на Киев откако истокот на земјата се одметна против власта.
Кога на почетокот на април годинава го контактирал стар познаник, произведувачот на оружје Борис Херман му понудил да стане платен убиец. Тсимбалиук објасни дека веднаш се согласил, бидејќи најверојатно и самиот би завршил мртов. Тој побарал побарал 30 илјади долари за убиството на новинарот, а Херман на тоа додал уште 10 илјади, како што му кажал „за пиво“. Лажниот убиец ја снимил со скриена камера својата прва средба со налогодавецот, при која го добил првиот дел од парите. Снимката во меѓувреме беше објавена.
Она што во меѓувреме целиот свет се прашуваше беше, нормално, зошто тоа го направиле!? „Добивме информации дека неколку (руски) единици оперираат во Украина и дека ова убиство е само проба за други атентати“, објасни Хрисјак и додаде: „Само режирајќи го овој злочин можевме да добиеме листа на метите за кои знаевме дека постојат. Моравме да дознаеме повеќе за тоа кој бил вклучен во подготовката и давањето овластување за ова гнасно злосторство“.
![]()
Кога на Бабченко агентите му ги покажале документите и снимките, му станало јасно дека заканата е вистинска. Кога дошол дома, ѝ кажал сопругата Олга. Бабченкови сега живеат на тајна адреса и под полициска заштита, како и друите потенцијални мети на руските атентатори.
„Путин е узурпатор. Мал диктатор кој живее сосема сам на овој свет. Сака да биде како Наполеон, да ги обедини заедно сите руски земји“, вели Бабченко за рускиот претседател. Тој тврди и дека преговори со „Путиновата терористичка држава“ се невозможни.
Неговиот шеф Ајдер Муздабаев, како и останатите колеги и пријатели на Бабченко, не знаел ништо за тајната мисија. Кога на 29 мај дошол на неговата адреса и го видел како лежи на стомак пред куќниот праг во локва крв, мислел дека е навистина убиен.
Муздабаев лажната смрт на својот новинар ја опишал како „огромна загуба за новинарството бидејќи тој беше еден од ретките кои ја пишуваа вистинската вистина за Русија и затоа е убиен“.
Бабченко во меѓувреме бил во мртовечница. „Тоа беа најчудните неколку часа во мојот живот. Седев во мртовечница замотан во чаршаф како Ганди. Пушев и гледав телевизија за тоа колку сум бил прекрасен“.
Тсимбајук, кој и самиот дошол на местото на лажното злосторство за измамата да биде поуверлива, му јавил на Херман дека „црвот е згазен“, шифрата што ја договориле. Следниот ден Херман требало да му го исплати остатокот од парите. Иако СБУ не планирале да ја прекинат операцијата, кога дознале дека Херман купил авионски билет за Италија морале да реагираат.
Херман е уапсен, а следниот ден Бабченко се појави на прес конференцијата. „Сакам да се извинам за тоа низ што минавте бидејќи лично имам закопано многу пријатели и колеги и знам дека е мачно чувството да се погребе пријател. Сакам и да ѝ се зивинам на својата сопруга поради пеколот низ кој мина овие два дена“, кажа Бабченко. На крајот им се заблагодари на украинските тајни служби за тоа што, како што кажа, му го спасиле животот.
СБУ на мобилниот телефон на Херман откриле список на останатите мети, вкупно 47 новинари и активисти, од кои многумина руски државјани кои пребегале во Украина. Херман наводно го добил списокот од посредник од Русија дури откако јавил дека првото убиство е завршено, поради што СБУ не можеле порано да го уапсат. Прв на списокот бил токму шефот на Бабченко Муздабаев.
Украина во меѓувреме поднесе обвинение во отсуство против посредникот од Русија, Вјачеслав Пивоварник, кој, иронично, е Украинец кој живее во Русија. Речиси е сигурно дека Русија никогаш нема да го предаде, па тешко дека наредбодавците некогаш ќе бидат откриени.
Целата акција, разбирливо, предизвика поприлични контроверзи. „Мислам дека тоа беше детинесто. Мислам дека тоа беше катастрофа за Украина. На многу луѓе им изгледаше како Украина да ја имитира Русија користејќи лажни вести за да ги убеди луѓето во нешто“, оцени аналитичарот специјализиран за Украина Мајкл Боциуркив. Москва, пак, смета дека тврдењата за руски убиства на новинари во Украина се „апсолутно апсурдни“, како што изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Толку за греота станаа малорусиве што во недостиг на внимание и план, почнаа да лажираат убиства. Така се случува со изкористени куртони.
https://ru.wikipedia.org/wiki/Малаја_РусьКои се тие малоруси?
https://en.wikipedia.org/wiki/Little_RussiaЊет таква статија на линкот, дај некоја друг одговор.
https://en.wikipedia.org/wiki/Little_Russia
Бољше информација по Руски канјечна.
Заради тоа што
автоматски се сменува во ЈА затоа не функционира линкот.![]()
Или да не те мачам со читање поранешниот назив за Украинцте.
Не мислиш дека е многу иронично?Знам ја добро што значи малорусија, само сакав ти да ми одговориш, како македонски патриот, не е малце иронично да го користиш тој израз и да ја подржуваш таа руска теорија која аналогно е истоото што бугарите го прават со македонците и нашата историја и самоопределвуање.
Не мислиш дека е многу иронично?
Колку и да вистината е на пола пат. Киевска Рус е првата руска држава, ама реалноста од тогаш до денеска е побааги сменета, а националистите живеат во тие романтични времиња, а не во сегашноста. Ама ај да се тоа руски националисти, а фиромјани...иронија, мизерија, патетика...
Ами тогаш прашај директно тоа што те интересира.Знам ја добро што значи малорусија, само сакав ти да ми одговориш, како македонски патриот, не е малце иронично да го користиш тој израз и да ја подржуваш таа руска теорија која аналогно е истоото што бугарите го прават со македонците и нашата историја и самоопределвуање.