Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Русите не чинат, ама капиталот на руските олигарси и тоа како само чини.

Ова со западниве политики кон Русија ме потсетува на ориѓани - пратете ги само парите, ич не доаѓајте.

https://off.net.mk/vesti/biznis/misterijata-na-ischeznatite-ruski-milijardi

Мистеријата на исчезнатите руски милијарди

23 Јули 2018 - 13:02

Минатата година Русија има БДП кој достигнува околу 1600 милијарди долари, сума која и покрај целата почит што ја заслужува не е ни приближно баснословна кога ќе видиш дека е еднаква на БДП-то на Тексас.

236919-misterijata-na-ischeznatite-ruski-milijardi.jpg

Сомнежот на западните и руските економисти е дека ваквата завршна сметка на Русија не ја отсликува вистинската финансиска состојба и пари со кои располага државата и нејзиниот апарат.

Логиката е дека за Русија да може да ги спроведе сите работи за кои е обвинета (од Крим до хакирање избори во САД), земјата располага со непријавени приходи кои лагодно седат на сметките на руските олигарси.

Минусот кој им боде очи на економистите е непорамнувањето на сметката меѓу изобилието на природни ресурси на Русија, првенствено нафта и гас, а потоа и јаглен, житарки, минерали и останато, и растот на извозот од една страна и пријавениот БДП на земјата од друга.

„ Кога држава или компанија има постојан суфицит, тие мора да најдат начин нешто да направат со парите што ги заработуваат во странство. Затоа константниот суфицит е речиси гарантиран начин за таложење на богатство во други држави, обично во форма на имот или позајмици за странци.

Како ова се одразува на Русија? Собери ги над две децении дебел извозен суфицит и ќе добиеш наталожени инвестиции во странство еднакви на 230% од националниот приход - и тоа без да се вклучи ќарот направен од овие инвестиции, што би требало да донесе уште многу повеќе.

Најголем дел од богатството, не се појавува во сметководствените книги на Русија. Во 2015, нејзиниот официјален имот во странство е еднаков на едвај 26% на националниот приход.

Проста математика покажува дека уделот на овој акумулиран суфицит во износ од над 200% од сегашниот руски БДП е исчезнат. Имајќи го предвид стабилниот годишен приход што би бил заработен од овие инвестиции, економистите проценуваат дека вкупната сума на странско богатство што недостасува е околу 300% од сегашниот руски БДП “
, пишува Гвин Гилфорд во Кварц.

Парите не се исчезнати комплетно, туку само ги нема во државниот буџет, и најверојатно преку оф-шор трансакции завршуваат на сметките на олигарсите. Тие нагласуваат дека ова не треба да се помеша со парите кои се ограбени од Русија за време на транзицијата, туку дека станува збор за сосема други пари кои изминативе децении редовно се префрлаат на сметките на богаташите.

Со други зборови: „ богатството што руските богаташи го чуваат во странство - Британија, Швајцарија, Кипар и слични оф-шор центри - е поголемо отколку богатството на целата руска популација во што живее во Русија “.

Овој пост треба да е во темата Русија, не САД :cautious: . Да видат тие што ја обичаат маќеа Русија дека нејзиното богатство некој друг го троши :D .
 
Па ова е проблемот, Путин сака само да го остават на мира и да си го крцка ситнишот што го спечали.

Западов си рече еве го Путин лесна мета е сега сите пари му се на запад ќе го еб*ме за пример како ново плашило.

И така сега Британија и САД се балкански држави :pos:
 
Овој пост треба да е во темата Русија, не САД :cautious: . Да видат тие што ја обичаат маќеа Русија дека нејзиното богатство некој друг го троши :D .

Се согласувам, но мислам дека припаѓа и во оваа тема, бидејќи поентата ми беше дека додека на западот не му се многу потребни Русите, од друга страна нивниот капитал е повеќе од добредојден.
 
Значи до луѓето е, не е до правото да носиш оружје или слободно да си купуваш. Имаш земји со голем % на населението има оружје па нема некои позначајни/масовни убиства и сл. Исто доколку направиш споредба број на жители, колкав % на население има оружје во САД со % во Канада и колкав е % на убиства можеби и не се толку неспоредливи :unsure: .

Тоа е тоа guns dont kill people, people with guns kill people.
 
Се согласувам, но мислам дека припаѓа и во оваа тема, бидејќи поентата ми беше дека додека на западот не му се многу потребни Русите, од друга страна нивниот капитал е повеќе од добредојден.
Западот е негативецот во приказната? Не Путин и неговите пријателчиња олигарси што кријат пари по западот? Руските богаташи имаат повеќе пари во западните банки отколку сите руси што имаа во руските банки? Браво за Путин, така се граде држава.
 
Убо велиш, Епл, Гугл, Фејсбук, Мајкрософт и на нив сличните се вистински примери за тоа како треба да функционираат современите компании.
 
Тоа е тоа guns dont kill people, people with guns kill people.

Абе ај, шо зборвиш. Луѓе со оружје убивале. Со комбе/камион не ги убиваат, со ножеви не ги касапат, со киселина не ги осакатуваат итн итн.

Место да проповедаш да се одземе правото на оружје, провери колку од тие што направиле масовни убиства користеле законски дозволени лекови, како Риталин и сл. :вонзем:
 
Што има врска тој лек?
 
Па 90% од младите (до 25г) од тие што извршиле масовни пукања, биле под терапија на тој лек или сличен.

Само во САД го препишуваат тој лек? Зошто младите во другите држави во светот не земаат пушка у рака и не тепаат луѓе? Бафра, системот не им чини затоа има такви случки а не ради некој лек.
 
А кој дел од системот не им чини...

Колкав % од младите го користат тој лек еве да речеме во ЕУ, па и кај нас... Во САД, имаше инфо дека од 19 пукачи по средни школи за 18 има потврда дека биле на терапија, за едниот не можеле да дојдат до информација. Прочитај по нет, а и од сведочења на самите пукачи какви халуцинации имале. Не секој мозок исто функционира/обработува податоци. А башка што им даваат коктел од разни таблети.
Таблетоманијата кај нив е проблем уште од прв ден кога се раѓаат. Само ги клукаат со апчиња.
Тој ако не најде огнено оружје ќе направи масакар и со ножеви, бензин и сл.

Работата е да спречиш да дојде до такви девијантни појави, а не да обвинуваш правото на оружје, божем тогаш нема да се убиваат.

Тоа што кај нас и во ЕУ не убиваат не значи дека сме нешто подобри. Туку дека сме научиле, наведни главата, сврти го и другиот образ, умри си од стрес или биди роб 500+год :D
 
Кај нас да е огнено оружје лесно достапно и да имаа луѓето пари има секој ден да има по неколку убиства. Овде и со секири, лопати, токмаци се убиваа, а да има секој дома пиштол ова има див запад да биде.
И до менталитет е, ама и до достапност на оружје. Некој добар бизнис си тера со сеење страв.
 
Кристиан, шо к** знаеш ти за америчка booming економија бе токмак еден? Шо фајде си видел ти од таа booming економија?
Да стааш некоја сопствена анализа, па да те есапи некој за жив....вака со мемињава и "смешниве" сликици те доживљаваме ко за греота.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom