Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.203
Алојз Мок беше личен пријател со Тупурковски и многу пати дојде во Македонија. Добро се сеќавам на тоа

Приказната со Киро беше дека во ООН од првиот ешалон никој несакал да го прими...и на крај го примил некое лево сметало, кој му го рекол тоа за племето

А имаше уште еден муабет кога Киро им се жалел дека Грција ни прави опструкции. Дипломатот го прашал-,,имате море?-НЕ...имате нафта..рудно богатство нешто?-НЕ

дајте им на грците све што ви барат
Бил тoј Фрaнцузин,се викaл Фрaнсoa Мoaрa и бил претседaтел нa некoјa кoмисијa.Не бил зaпoзнaен мнoгу зa Мaкедoнијa aмa кaкo не прoценил пoсле двa редa муaбет сo Кирo,секoјa чест
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Како и да било, условите во кои што во тој период се избори самостојност и влеговме во ОН споредбено со сега, беа каде-каде понеповолни. Може да го плукаме Крицата за тоа Фиром до бескрај, но една работа треба да се признае, ако тоа Фиром го споредиме со моменталниот договор, изгледа како да било изборено од дипломатски генијалци. Во услови на распад на ЈУ, војни од сите страни, трупање на грчка војска на границата...разни закани и притисоци, Кирцата излезе каде-каде подостоинствен во едни такви услови од неговите наследници после него.

Сега, во мирновременски услови, грците успеаа да ни ги протнат сите барања кои што биле незамисливи тогаш. Фиром можеби остана долги години од тоа што првично беше предвидено, но останува фактот дека се работи за привремена референца, ова сега претставува трајно решение, далеку понеповолно од тоа тогаш. Сега имаме трајна промена на име, и за внатрешна и за надворешна употреба, промена на устав, промена на идентитет, забрана за користење на термини и симболи, забрана за споменување на важни периоди од нашата блиска историја...

Во тоа време под таа референца успеавме да влеземе во сите важни, релевантни светски организации и згора на тоа да бидеме признати под уставното име од над половина држави во светот. И се тоа во услови кога ден за ден под знак прашалник беше ставен нашиот опстанок. За разлика од сега, кога разни платеници пробуваат да ни протнат фикс идеја дека без НАТО и ЕУ ќе се распаднеме во рок од една година.

И сега во рок од шест месеци Заев успеа да го искоцка сето тоа, и еден ваков штетен договор да ни го претставува како историски успех. Згора на тоа без никакви гаранции за членство во ЕУ и НАТО.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Требало да одберат помали ѕвезди за оваа голема, сенародна прослава. Најголем дел од граѓаните ќе бидат толку starstruck, што нема да можат да се соземат на време за да искочат да гласаат на референдумот.

Гледајќи го политичкиот маркетинг што го вади новава гарнитура на власт и брилијантно сработената работа на новиот тим на пр експерти, мене лично почнува да ми фали времето кога Грујо пушташе во употреба нова жардињера во село Лисиче, со цел кабинет во позадина. Беше убаво и едноставно.
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Историски гледано секогаш русите испаѓале поголеми ортаци со србите,бугарите или грците одколку со нас.Мислам и да се свртиме кон Русија при прв конфликт одма би не пуштиле низ вода.Точно е дека од запад секогаш сме го кркале но најмногу ние сме криви за тоа.Кој кур не тераше да палиме америчка амбасада поради НАТО бомбардирањето.Одма не казнија во 2001г со подршка на терористите.
Немаме излез, ако сме со запад губиме буквално се,ако сме со Русија прашање на време би било кога повторно би изгубиле се.Затоа и ја спомнав опцијата со Турција може би не е најдобра но реално мене моментално ми изгледа најреана.
Историски гледано точно е дека редовно сме го кркале од западот, почнувајќи од карпошово востание, преку Букурешт до ден денешен. А ние сме си виновни што одново и одново бараме спас во нив. За разлика од западот Од Русија никогаш не сме го кркале, а во определени периоди многу ни било помогнато, особено 2 СВ и кратко после неа.
И која е таа шизофренија оние што одсекогаш ни го кројат ќуркот и што имаат генетична омраза кон се што е православно-словенско, на нив да се крстиме.
Излез има секогаш тоа е во оваа состојба Русија, а како што и сам велиш со западот губиме се- бавно и болно, со Русија многу веројатно добиваме, колку долго зависи од нас самите. Затоа мора да се искористи моментумов на ослабена заинтересираност на западот и зголемена заинтересираност на Русија за Балканов, во спротивно ако не се преориентираме на време и дури да се сменат силите на Балканот, и од новата сила ќе го кркаме.
За Турција ти пишав проблем се шќиптариве, со Русија и тој проблем го нема.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.880
Поени од реакции
12.216
Требало да одберат помали ѕвезди за оваа голема, сенародна прослава. Најголем дел од граѓаните ќе бидат толку starstruck, што нема да можат да се соземат на време за да искочат да гласаат на референдумот.

Гледајќи го политичкиот маркетинг што го вади новава гарнитура на власт и брилијантно сработената работа на новиот тим на пр експерти, мене лично почнува да ми фали времето кога Грујо пушташе во употреба нова жардињера во село Лисиче, со цел кабинет во позадина. Беше убаво и едноставно.
И поевтино, ниту се ангажираше диџеј, ниту се организираа музички настапи.

Ама затоа црвената панделка чинеше исто колку нејзината тежина во злато. :D
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Историски гледано точно е дека редовно сме го кркале од западот, почнувајќи од карпошово востание, преку Букурешт до ден денешен. А ние сме си виновни што одново и одново бараме спас во нив. За разлика од западот Од Русија никогаш не сме го кркале, а во определени периоди многу ни било помогнато, особено 2 СВ и кратко после неа.
И која е таа шизофренија оние што одсекогаш ни го кројат ќуркот и што имаат генетична омраза кон се што е православно-словенско, на нив да се крстиме.
Излез има секогаш тоа е во оваа состојба Русија, а како што и сам велиш со западот губиме се- бавно и болно, со Русија многу веројатно добиваме, колку долго зависи од нас самите. Затоа мора да се искористи моментумов на ослабена заинтересираност на западот и зголемена заинтересираност на Русија за Балканов, во спротивно ако не се преориентираме на време и дури да се сменат силите на Балканот, и од новата сила ќе го кркаме.
За Турција ти пишав проблем се шќиптариве, со Русија и тој проблем го нема.
А ние сме сакале да сме отоманска имеприја? Не. Едноставно најсилни биле во тоа време не поробиле и крај. После 5 века тек балканциве со помош на Русија и Австроунгарија ги избркаа. Исто ти е и денес немора ние кон никого да се вртиме едноставно тој што е најсилен не става под негов чадор и тука завршува муабетот. Излишно е да мислиме дека имаме право на избор и дека можеме нешто да сменеме. Шака народ со 3 тенка и 6 пушки. Не џабе се рекло - "Ako неможеш да го победиш придружимусе" со глава во ѕид не се оди.
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Значи нашиве ѕвезди што се дел од утрешната сенародна граѓанска радост и прослава, сите запрепастени и во ужас од тоа како биле прелажани..

А никој не се откажува од хонорарчето.. :pijanco: Чудна работа..

Во ред е достоинствено да се прослави ваков историски момент. Граѓаните го препознаваат тоа.
Но од понеделник, засукување ракави и не чека работа ! Историски договор треба да се реализира. Името нема само да се смени ! Учебниците нема сами да се избришат од ирендентизам и лаги !

Затоа утре со по некое пивце и добра музика, а потоа фокусирани ОДИМЕ НАПРЕД !

:oeoeoe:
 
S

staycalm

Гостин

Мене пологично ми е да знаеле за што се работи арно ама не очекувале ваков беклеш пред да прифатат, па сеа се вадат. Ама шознам.

А ова со славењево ми е смешно затоа што пред да се заврши нешто не се слави, туку отпосле. Настанов би бил океј да беше после завршување на целиот процес ама па од друга страна го организирале сега пошо целта им е да има позитивен ефект за тоа како граѓаните би се изјасниле на референдумот.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Значи нашиве ѕвезди што се дел од утрешната сенародна граѓанска радост и прослава, сите запрепастени и во ужас од тоа како биле прелажани..

А никој не се откажува од хонорарчето.. :pijanco: Чудна работа..

Во ред е достоинствено да се прослави ваков историски момент. Граѓаните го препознаваат тоа.
Но од понеделник, засукување ракави и не чека работа ! Историски договор треба да се реализира. Името нема само да се смени ! Учебниците нема сами да се избришат од ирендентизам и лаги !

Затоа утре со по некое пивце и добра музика, а потоа фокусирани ОДИМЕ НАПРЕД !

:oeoeoe:
Јункер да го викнеа за без пари ќе им пееше. Ем ке го изгушкаше цел народ ќе се заљубевме во НАТО. Незнаат како, само тензии прават тоа е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom