Колку сончање е здраво без последици?

  • Креатор на темата Креатор на темата NekojBatka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Локација
Скопје
Сончањето е здраво, само сега викаат дека има опасност од рак на кожа изгореници и то. Да ќе ставиш крема за сончање, но како да знам кога е доста?
Или самото тело ми кажува кога е доста?

Која е скалата за УВ индекс? Кој индекс е веќе опасен?
 
Сончањето единствено е здраво за коските затоа што поттикнува и го зголемува нивото на Д витамин.
Инаку изложеноста на сонце за кожа не се препорачува ја старее кожата и постои висок ризик за поттикнување меланом. А Изгорениците кај лица со посветол тен настануваат.

Углавном треба да се избегнува или доколку не може или пак си на плажа обавезно крема за сончање.
 
Сончањето е здраво за општествениот и социјалниот кредибилитет.
Да си се сончаш, ѓуптин да се напрајш. Рајата коа ќе се вратиш од одмор ќе те мерка и ќе зрчи
Сончање по ензероно в Охрид и на тераса или по нивјено сено збирајќи дава радничка боја, и ќе бидиш ко тоа мајсториштана прегорени , али на море ако одиш греота е да се вратиш ко што си дошол... Строго печење од 12 до 17h. мора да се оправда тоа инвестицијата.
 
По македонско амин. Јас сум во Грција овие 6-7 дена и си одам 9-12 и 5-8 одмор не е да умираш од 12-4 за да добиеш боја. Ама битно ке се знае дека си бил за Грција...

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Џабе креми, како што кажаа и над мене, се сонча до 11-12 и после 5, од 12 до 4, па ај и 5, кој се сонча треба да му се укине здравственото осигурување. Само Балканци го прават ова на плажа.

Поготово какво внимание треба да обрнуваат тие со посветол тен, еве јас припаѓам на таа багра, од фактор 50 ништо послабо, мачкање секој саат и пазење на бемките ако ги имате.
 
Посветол тен имам,се мачкам со фактор 50 и на жешкото да излезам 5-10 мин макар и блуза да имам облечено ми се појавува алергија.За мене сончањето е од 5ипол-6 па натаму.
 
Моето искуство е дека најрамномерно исончан сум под сенка блиску до вода.Немам проблем да се печам на сонце за боја да фатам, но не ја гледам целта да ми гори телото од температура вечерта (е.ати одморот таков).
 
Сончањето е здраво ама како е умерно, а тоа е сончање до 11 сабајле и после 16 часот.

Јас цело лето да сум на плажа пак се враќам со истата боја, не потемнувам само поцрвенувам и повеќе сум со маица. Одам на одмор и како да одам на зимување.

Сите ставаат заштитна крема, ама повеќето гледам погрешно го прават тоа. Ја ставаат веднаш штом ќе дојдат на плажата, а до таму заштита? Најдобро е пола саат пред да излезат на сонцето и после премачкување на секои два саати, а не еднаш во денот и толку. Влегуваш во водата, облекуваш маица, а заштитата не трае цел ден.

Иначе полоши од тие што се сончаат од 11-16 часот се оние што не водат грижа по сончањето. Кога ќе видам некои кои лесно потемнуваат уште првиот ден, ама џабе кога после сончање од негрижа имаат сува кожа и се нерамномерно исончани. Подобро неисончан цело лето, отколку шугав. :D
 
Џабе креми, како што кажаа и над мене, се сонча до 11-12 и после 5, од 12 до 4, па ај и 5, кој се сонча треба да му се укине здравственото осигурување. Само Балканци го прават ова на плажа.

Поготово какво внимание треба да обрнуваат тие со посветол тен, еве јас припаѓам на таа багра, од фактор 50 ништо послабо, мачкање секој саат и пазење на бемките ако ги имате.
Jaс имам бемки доста и приметувам кога ќе се исончам поцрнам кај некој бемки од страната е бело неисончано. Се пазам ставам креми се тоа но како и повеќето си сакам да се сончам.

Најакото од се е кога ќе се доста загрееш од сонце, исончаш и туширањето со млака вода исто како да си уклучил на доста потопла вода,. Се мислам дека испарава топлото од телото :D
 
И кремите не се сите исти, фактор 50 само од бекутан ако сакаш да не изгориш.
Овие некои рандом фирми што ги продаваат по маркетите, чисто се сомневам дека се навистина со тој состав и со фактор 50.
 
За мене е успех да се вратам со иста боја од одмор, т.е да не изгорам. Сосема доволно ми е, и онака мразам сончање.
Ова за сончање цел ден ко некој грешен ѓавол ми е скроз идиотска работа. Ај кожата, ами цел ден бе на сонце да стоиш, тоа пекол е, глава не ве стега, притисок нешто? А општо балканциве, македонците се ко неизживеани и за оваа работа, да се искористи скроз одморот, иначе пропалитет.
 
Jaс имам бемки доста и приметувам кога ќе се исончам поцрнам кај некој бемки од страната е бело неисончано. Се пазам ставам креми се тоа но како и повеќето си сакам да се сончам.

Најакото од се е кога ќе се доста загрееш од сонце, исончаш и туширањето со млака вода исто како да си уклучил на доста потопла вода,. Се мислам дека испарава топлото од телото :D
На некои изразени бемки се става фластер, не е препорачливо да се изложуваат на сонце. Имав една таква на грбот, ја извадив и сега наредниве година дена секое излагање на сонце, со фластер ќе бидам на местото додека не зарасне фул.
 
И кремите не се сите исти, фактор 50 само од бекутан ако сакаш да не изгориш.
Овие некои рандом фирми што ги продаваат по маркетите, чисто се сомневам дека се навистина со тој состав и со фактор 50.
Па нормално дека не се, имаат различен состав и кај некои нема многу разлика од 30 и 50, ама пак не се осмелувам да земам 30
Освен фактор на заштита си гледате и состав. Добра е оваа.

gamsunw_kpcr20_03__13.jpg
 
Па нормално дека не се, имаат различен состав и кај некои нема многу разлика од 30 и 50, ама пак не се осмелувам да земам 30
Освен фактор на заштита си гледате и состав. Добра е оваа.

Прегледај го приврзокот 193897
И од Докторс мене ми врши работа, има едно со каротен ама му го заборавив името, пред 10 години го користев ама одеднаш почна да ми развива алергија, може ми се јави осетливост на каротенот.

Инаку какво 30 не зезај, тоа е само за до по леб идење :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom