Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Ех за пари нема да дојдат. Секој си има цена. Не бил политички настанот, секако.
Ќе земат 2-3000 евра за половина час, така ни у странство не даваат.

Се гледа дека има исцртано линија. Таму ќе се отвора. Не е готово ова.
Како нема да се отвара. Они го асфалтирале, па сега ќе кршат, секако.
Така ќе остане и ќе се исуши дрвото па ќе го сечат. Идиоти.
 
Jас ќе одам на концертот во Сабота, добра е музиката и одам на сите безплатни културни настани без разлика кој ги организира. А за референдумот мислам дека ќе успее...Националности + СДСМ гласачи се доволни за да помине...плус ако ВМРО викне за гласање против 99% поминува. Кај нас е поверојатно да помине од Грција. Иако е прерано за славење и без поента ама ај боље да славиме отколку да се жалиме. Не е сигурно ама има шанси да помине ова за една година. А дека нешто економски ќе се смени со НАТО и ЕУ длабоко се соменевам ама барем да либерализараат пазар на капитал јас сум среќен. Додуше левичарските политика за даноци ќе ме заебат ама од друга страна грантови може да се фатат...така да исто срање сума сумарум со НАТОЕУ и без за мене.
За референдум не сум одлучил што ќе правам...неутрален сум. Мислам најверојатно е неважечки да гласам или да не гласам.

Ти збориш во твое име ко индивидуалец без да ја земеш во предвид тематиката на ваквите концерти. Ова нема да биде некоја кежуал атмосфера каде што ќе можеш раат да се опуштиш и да се журкаш. Ќе има дедиња довлечкани за уши од партиските штабови само за да се ствара гужва пред камери. Ова ќе биде обид за испраќање на порака дека народот стои позади Заев и договорот.
Тука не знам дали воопшто има причина да зборам за апсурдонста на прославата. Му доаѓа некако како да сме завршиле градинка и ни дале украсена диплома во форма на покана. Јес да лепо изгледа, пишува дека е од НАТО, меѓутоа нејзината вредност е еднаква на тоалет папир ако не помине референдумот и сите точки од договорот не стапат на сила. Така да џабе еуфорија.

Нема тука ништо за славење, работата е за жалење. Годинава имаме раст од 0,2% на БДП до сега. Работава е повеќе "село гори а баба се чешла"
 
Ете ви сладоледи. Седум години и шест месеци за дедото на тамара. Задоволни?
 
Како нема да се отвара. Они го асфалтирале, па сега ќе кршат, секако.
Така ќе остане и ќе се исуши дрвото па ќе го сечат. Идиоти.
Зашто би цртале линија ако не се отвара?
Така се праи тоа обично со асфалт и дрвја. Сум видел и на други места. Цртаат линија и после го отвараат.
 
Има десетици млади луѓе кои итно им се потребни пари за операции, ама тие пари еве каде завршуваат, во славење за можен влез во Нато ако се промени име... На кој му е до славење, освен на партиските пиони што мораат да слушаат и да се појават, на кого му е до славење...
П.с. Подршка до музичките артисти кој досега не настапиле на ниеден митинг или евент на Вмро/Сдсм, а притоа добиле покана за настпа од истите...
 
Ги отворија денес дрвата.

betonirani-drvja-328328892.jpg
 
Ти збориш во твое име ко индивидуалец без да ја земеш во предвид тематиката на ваквите концерти. Ова нема да биде некоја кежуал атмосфера каде што ќе можеш раат да се опуштиш и да се журкаш. Ќе има дедиња довлечкани за уши од партиските штабови само за да се ствара гужва пред камери. Ова ќе биде обид за испраќање на порака дека народот стои позади Заев и договорот.
Тука не знам дали воопшто има причина да зборам за апсурдонста на прославата. Му доаѓа некако како да сме завршиле градинка и ни дале украсена диплома во форма на покана. Јес да лепо изгледа, пишува дека е од НАТО, меѓутоа нејзината вредност е еднаква на тоалет папир ако не помине референдумот и сите точки од договорот не стапат на сила. Така да џабе еуфорија.

Нема тука ништо за славење, работата е за жалење. Годинава имаме раст од 0,2% на БДП до сега. Работава е повеќе "село гори а баба се чешла"
Mислам дека нема да има тематика и говори на концертот, сум бил и на други владини концерти и немало држење говори и глупости...а ако има многу партиски дедовци може да си одам ама се сомневам во тоа. Безпари е не ме чини ништо.
Се согласувам нема поента прославата ама вајнот...боље славење од жалење. Инаку мислам дека ќе помине референдумот и се од Македонска страна, пишав веќе.
Инаку падот на растот е поради политиките на владата, прво Шарената револуција и глупостите па незаинтересираност за економијата и кратење на трошоци и прекин на градби што резултираше со пад на градежништвото. Но, мислам дека ќе се поправи економијата сама си заздравува со време...инаку има добри сектори банки растураат например. Така да ќе има раст во 2018та од 1-2 % што е лошо и под потенцијалот на МК ама тоа е...Грујо си беше бољи ама народот го смени и сега е како што е. Нема многу поента од седење дома и жалење има следни избори. На нив со поприлично голема веројатност ќе гласам за ВМРО како и обично.
Според мене најверојатно ќе се заврши потврдно со поканите па ќе има и уште еден концерт за година дена.
 
Паметам и кога го добивме кандидатскиот статус во време на СДСМ имаше вакви прослави по плоштади, луѓе кои што не го разбираа значењето на терминот "кандидатски статус" мислеа дека сме влегле во ЕУ, е толкава еуфорија се создаде, вештачки напумпана. Се збореше дека за некоја година ќе се почнат преговори и дека за скоро време ќе влеземе во ЕУ. Се шпекулираше со датуми, 2011,12,13...

Fast forward сега сме 2018, ни преговори имаме почнато, ни сме членки на НАТО. Поканите ги прославуваме на ист начин како пред дестина години. И сега правиме предвидувања, сега е ИН 2025 година. Последниот пат кога тоа го правевме завршивме во длабока политичка криза. Just saying, за оние еуфоричните.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom