Чуварите на македонскиот понос ширум светов, и посебно нашите од Перт, цврсто веруват дека кога ќе се врати победнички, г-нот Груевски скроз ќе ги поништи сите договори и одлуки штетни за идентитетот, така да немаме гаjле во тоj правец.Резултатотот на локалните не резултираше така заради договорот со Бугарија, дебаклот на ВМРО беше од други причини на јавноста добро познати. И овие сега, нивните наследници, доколку не сакаат да доживеат нов дебакл од истиот калибар подобро за нив ќе биде малку да се заозбилат и да прекинат со нивната мека офанзива. Премногу се очигледни дека играат калкулантски. И тогаш а и сега договорот со Бугарија го пуштија по вода. Исто како овој со Грција. Џабе глумат патриоти, не ги личи веќе. Овие сега на чело со Мицковски се стара слика во нова рамка. Ни од дома не им веруваат на работите кои што ги кажуваат.