Ај да пишам и јас 2-3 збора може некому ќе му послужи.
Бевме сместени во вила Аргири во Скала Потамиа. Во местото има таверни, сендвичари, коктел барови, неколку маркети. Вилата ништо посебно. Кревет и шифоњер, мини кујна, клима, купатило стандард, тераса. Од една страна граничи со бавча со маслинки и треви еден куп. Во вилата штама, бевме само ние и една фамилија.
Плажата е на 100 метри од вилата.
Плажата (Голден бич) е долга околу 2 км, со ситен песок и е плитка. Водата беше малку матна и имаше некој остатоци дрвчиња на некој места наводно поради невремето кое го беше зафатил Тасос претходните денови. На плажа плаќаш појалок и добиваш лежалка.
Мермерната плажа не ми беше ништо посебно а патот до таму е страшен. 4-5 км возиш по неасфалтиран пат низ планина.
Парадајз бич е мала плажичка. На плажата се плаќа 7 евра за сет лежалки и чадор но немораш бидејќи има дел каде можеш да си поставиш свои ако имаш. Лево од плажата има карпи и тој дел е за нудисти. На нудистичката имаше 4-5 пара, повеќето постари но и по некој љубопитен минувач.
Исто вреди да се спомне и Гиола, природен базен во карпите кој се наоѓа на јужниот дел на островот. Од Алики до Гиола има неколку мали плажички а Алики не е ништо посебно.
Автобуси скоро и да не видовме така да кола е must или да ренташ како ние што правевме.
Тасос е идеален за мирен одмор но не е нешто посебно, не нуди ништо повеќе од тоа што го има на краците.