Да во ред, го кажа ова и го разбрав. Јас мислам поинаку. Во твојот случај постои краен збор, се нарекува -- бојкот.
Не е точно, мене и на сите кои размислуваат како мене, преку така формулирано прашање ни се одзема правото на избор, додека бојкотот ги опфаќа сите кои не се појавиле на гласање без разлика на причината. Ако постои консензус за членство во ЕУ и НАТО, тоа се коси со отпорот кон договорот од Преспа, без манипулативно формулирано прашање како контра баласт имаш два сосема различни исходи за еден ист проблем.
Каков ќе биде исходот на референдум со прашањето:
Дали сте за/против името Република Северна МКД за севкупна употреба? (иако и позади ова не е се јасно, што точно следува со примената, не е само името)
Дали сте за/против членство во ЕУ и НАТО?
И третото, комбинација, Дали сте Р Северна МКД да стане членка на ЕУ и НАТО?
Чиста манипулација.