Совети примам од луѓе кои имаат постигнато нешто на било кое поле. Ти освен пљукање дека ништо не чини во државава ништо друго немаш кажано. Самиот кажа штом некој троши време на форумов бил неработник, тоа најверојатно тргаш од себе самиот.
За тревата, нормално немаш што да кажеш па почнуваш со глупости. Да си отворел другиве теми на форумот, можеби ќе сретнеше дали користам или не. Ама толкав ти е капацитетот па само на оваа тема седиш.
Не се плаши од тревата и природата, 90% од пронаоѓачите, од луѓето кои имаат допринесено за напредок на оваа цивилизација од таму ја добивале својата креативност и идеи. Пробај прошетај низ шума, погали ја тревата
Не знам дали приметуваш ама ова е јавен форум, профилите кои што членовите ги прават се приватни профили, настапуваш од дистанца на некое вируелно алтер его преку кое ти дебатираш и пишуваш мислење на разни теми. Значи ти можеш да бидеш и претседателот на државата, некој универзитетски професор...тоа во крајна инстанца е небитно, овде можеш што сакаш да бидеш, и ако ти си одлучил да бидеш некој гуру за се и сешто, успешен бизнисмен, филозов, експерт по бизнис и економија...ондак со среќа. Меѓутоа овде единствено што се брои е мислењата и нивниот квалитет, е богами во тој дел ептен тресеш глупости за наводен експерт за се и сешто.
Ти дефинитивно треба да ја пробаш Sims, мислам дека ќе ти се допадне. Имаш бујна фантазија.
И за темите. Ова е најактивна тема на форумов која што обработува прашања од секојдневниот општествен и политички живот, работи кои што се во домен на мој интерес.
Тоа што не се седам на теми како тебе, од типот на: "Дали земјата е рамна" или "Дали глобалното затоплување е мит или измислица", доволно говори за твоите интелектуални капацитети кога одиш контра работи кои што се потврдени од мнозинството меѓународна научна заедница. Тоа што ти се обидуваш да изиграваш експерт за се и сешто, да звучиш како уникатен, како само ти да си прогледал а останатите околу тебе се слепци...е тоа е тренд кој е и воедно нуспојава на брзиот проток на информации денес, во комбинација со пристапноста на разни полуписмени будали до интернет мрежата.
За тревата. Кога велиш 90% од пронаоѓачите и мислители, во таа група се ставаш и ти како конзумент на психотропни супстанци? Затоа што за работите кои што ги кажуваш, измешани со патетични обиди за хумор, дефинитивно е потребен стимул од такви нелегални супстанци.
Да да сигурно тоа е потребно. Врати се наназад и провери која држава така се развила. Првин приватниот сектор се развил, па откако почнал да носи пари, тек тогаш се развива државниот систем.
Ама тоа е кога не гледаш јутуб клипчиња и се плашиш од тревата, нормално заклучоците ќе ти се спротивни од реалноста.
Приватниот сектор својот полен потенцијал едниствено може да го достигне во вака уредени држави, со свесни општества каде што владее правото, со добри закони, квалитетни и професионални државни институции...
Најголемите успеси на човештвото настанале со појавата на државното уредување, ако веќе се враќаме наназад.
Дај жити се прашај со што тоа ги мачкале жиците, баш ме интересира. Да не испадне ко Железара загадувач, во езерата риби, а во дворот им шетаат зајаци, срни а и по некој волк залутува.
Ова е во домен на шпекулации, иако повеќе пати сум го слушнал, сепак нагласувам дека не е потврдено, впрочем и зошто би било.
Она за што знам е дека инсталацијата во автомобилите е премачкана со отровни супстанци која има за цел да ја заштити од глодари. Тоа веројатно е во мали количини, е сега кога еден работник ќе работи по 8 часа на ден на лента, по 6-7 дена во неделата и постојано ќе биде во контакт со материјалите со кој што работи, логично е да се јават понатаму некакви здравствени компликации.