Цени на станови во Скопје? Колку се реални?

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво дечки,дај ако сакате некој пишете искуство за новите згради на Адора и Голден Арт сум заинтересиран за нивните станови,ако некој има искуство или слушнал нешто од некој близок за нив позитивно негативно ако може да пишете
Ако ги споредиш со другите секако се поквалитетни. А другите претежно се тежок фушерај. На пример во една од тие малите згради во Маџир маало еден другар купи стан и гаража. Рампата за во гаражите е толку коса што неможе да ја паркира колата му фаќа.
 
Здраво дечки,дај ако сакате некој пишете искуство за новите згради на Адора и Голден Арт сум заинтересиран за нивните станови,ако некој има искуство или слушнал нешто од некој близок за нив позитивно негативно ако може да пишете
За квалитетот на Адора имам слушнато и добри работи и лоши, иако добрите ги има повеќе, но од лично искуство или знаење не можам да тврдам. Што се однесува до квалитетот на Голден Арт знам што материјали користат, како градат и кој е квалитетот на градбата, па би можел да ти кажам дека квалитетот е на највисоко ниво.
 
Шема задњиве 2-3 години е крадење на квадратура. Во купопродажните договори ставете дека станот ќе го премерува официјален геодет. Знам за -5 квадрата во Адора.
 
Добро дали е можно да прават вакви работи??? Покрај толкави цени што им плаќаат луѓето со тоа само си прават негативни реклами,дали е ова 100% точно??? И во тој случај како најдобро би се заштитил купувачот? Во договорите е наведена точната квадратура,нели е тоа заштита?

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
квадратурта може и е наведена но дали е наведено дали тие квадрати се бруто или нето корисна површина, на иста финта сакаше да ме наседне еден инвеститор пред 4 год. (образложението му беше дека него му наплаќале на бруто т.с од крај а крај на плочата) среќа приметив па се повлеков пред да дадам пари.
 
Убаво викаш и јас баш тоа ке прашам кога ќе преговарам

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Ме интересира какви искуства имаат оние што купиле стан во Голден Арт? Каков е квалитетот на становите и живеењето во нив и колку е професионален односот на фирмата кон купувачите на станови: точност на квадратурата, брзина на изградба, она што го нудат во споредба со она што го испорачуваат како финална верзија итн. ?
 
Размислувам да се преселам да живеам сама, моментално сум со цимерка. Ги гледам становите за издавање, гарсоњерите сите се од 150-200 евра. Станови со една спална соба за нијанса поскапи. Па си мислам подобро ќе дадам уште некој денар, да инвестирам во мој стан. Ме интересира доколку има некој поупатен каква е состојбата за инвестирање во недвижности? Читав уназад во темава, некои велат дека моментално цените за м2 се високи и дека се очекува нивен пад. Сепак е инвестиција и би сакала добро да истражам и да ги испитам сите можности, и секако да ја одберам најекономичната.
 
https://www.nytimes.com/interactive/2014/upshot/buy-rent-calculator.html
Еве ти калкулатор сама можеш да си пресметаш...
Главен фактор е колку знаеш да вадиш принос од други извори бидејќи приносот од стан е низок сега за сега.
 
Размислувам да се преселам да живеам сама, моментално сум со цимерка. Ги гледам становите за издавање, гарсоњерите сите се од 150-200 евра. Станови со една спална соба за нијанса поскапи. Па си мислам подобро ќе дадам уште некој денар, да инвестирам во мој стан. Ме интересира доколку има некој поупатен каква е состојбата за инвестирање во недвижности? Читав уназад во темава, некои велат дека моментално цените за м2 се високи и дека се очекува нивен пад. Сепак е инвестиција и би сакала добро да истражам и да ги испитам сите можности, и секако да ја одберам најекономичната.
Речиси десетина години овде се очекува голем пад на цените. Тоа е голем период во живот, да се дочекаат предвидувања. И, ништо посебно не се случи. Според мене, плаќање кирија е кинење пари, колку и да се ниски кириите. Јас би се определил да плаќам за свое, нормално, доколку сум во можност.
 
Зависи со колкав буџет располагаш и дали би живеела и во некоја понепопуларна населба. Во Чаир/Топанско се наоѓаат станови и за 500 евра квадрат. Лисиче-Дром-К.Вода-Ѓорче нова градба мин 900, старо 800. Карпош-Центар +200 евра од ова.
 
@gurman2 далеку од тоа дека се ниски кириите. Пример за стан со една спална соба, јас сама би плаќала кирија 200-250 евра. Па упм, толку е рата за кредит.
@StefusRefus не би го земала станот за ваѓање приходи, чисто поради фактот дека живеам и работам во Скопје, па кога веќе плаќам кирии, да си плаќам за нешто мое.
 
Не се разбираме ама нема везе не ни очекував. Најголем дел не се разбираат од тие работи.
 
Зависи со колкав буџет располагаш и дали би живеела и во некоја понепопуларна населба. Во Чаир/Топанско се наоѓаат станови и за 500 евра квадрат. Лисиче-Дром-К.Вода-Ѓорче нова градба мин 900, старо 800. Карпош-Центар +200 евра од ова.
И во Даме Груев (општина Ѓ. Петров) е меѓу 550-650 евра по квадрат, слична цена како Топанско и Чаир.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom