Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.672
Поени од реакции
28.095
А ако успееме да ги имплементираме реформите како што треба, профи и искрено, што ќе ни е после ЕУ? Незнам зашто не сакаме сами да се подобриме онака, за нас, него тоа мора да биде за да ги задоволиме критериумите на ЕУ. Пари очигледно има, само треба да си ги земеме назад од секој еден што ги дрпнал од ден независност до ден денешен. И тоооооогаш, може да збориме за национализам и слични хирови и луксузи. И тоооооогаш ќе видиш како ќе искача цел народ на улица кога некое говно од политичар ќе проба да си игра со иднината на твоето дете.
Дa мoжеa дa ги спрoведaт рефoрмите дo сегa веќе мaкaр ке пoчнеa.Гледaш декa се фaтијa зa нaјлеснoтo a се пoкaжa декa никaквa ќaр немaме.Гo бoли тaквoтo Зaев зa ЕУ
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.020
Кажав ти, никоj нема да доjде да ти даде пари во джеб . ;)
Не знам дали си веруваш кога збориш.... БГ и Романиja са ИТ хаб за централна и източна Европа. Прашаj во ИТ средите да ти кажат. Добрите програмери со опит веке стигнуват 4000-5000 евра плата во тези држави.
Квотата ти е 1.20 дека си партиски бот на ГЕРБ и батко Бојко.
 
B

Bafra

Гостин
Реков, не верувам дека пазарот во ЕУ ќе се изгуби ако останеме надвор од ЕУ ... Но зошто да не октриваме и нови пазари... Го спомна Израел, незнам дали знаеш, но Израелски компании се доста присутни во Индија и во Русија колку што знам јас... и како инвеститори и како вендори и како продавачи....земја со низок степен на развој е многу подобра за соработка и инвестиција, пошто опсегот потребен за економски раст е поголем и има поголема побарувачка ...
Но да се вратам... јас преферирам квалитет пред квантитет... на пример висок квалитет во прехранбената индустрија е основа која може да ни пружи брз економски развој...Инвестирање во брендови, здрава и органска храна и така натака.. Е сега проблемот со земја во транзиција се олигарсите, кои не препознаваат можности, пошто нивниот капитал не е стекнат во класичен капитализам туку во тендерашки постсоцијализам, со чест на исклучоци нели.. и за нив секое вложување надвор од градежната индустрија претпоставува ризик...
Зашто не "откриваме" (освојуваме) нови пазари, одговорот сам си го даде во последниот дел од постот. Е сега како тоа во претходниот пост (тој со засукување ракави) и во овој, јасно ти е како се развива една држава, а твоите очекувања за Русија се многу големи. Знаејќи Русија е слично економско и политички организирана како МКД не сфаќам врз основа на што сметаш дека ќе ги престигнат САД ....

А ова со олигарсите иди пробај објасни им на останативе членови кои што сметаат дека живееме во капитализам или дека ќе дојде чесен политичар и ќе мисли и работи за нивно добро :D

Не ми збори за реалноста, посебно не од економски аспект, ја живеам секој ден. Ја знам и твојата реалност, барем во онаа во која што живееш и каде работникот е преблагодарен за 200 евра плата оти можи и ич! Таа твојата реалност е дистописка за обичниот човек.
Не бе ај само ќе си критикуваме и ќе пишуваме жалопојки.
Ќе ти зборам и пишувам, штом пишуваш глупости и нереални работи. Тоа што си жив и живееш, не значи автоматски дека си свесен што и како. Мојата реалност е, работник со 200 евра плата ама и работник со 1.500 евра плата, а и административец со 300 еур плата а не иде на работа :P

А за работниците кои земаат 200 евра, кажи колку треба да земаат и врз основа на што ... а после кажи колку зема администрација и дали е оправдано.
Работниците никој не ги присилува да работи за 200 евра, нивен избор или ќе работи за 200 еур со можност за уште повеќе или ќе седи дома за 0.

Имаше интервју со еден министер од Полска и го прашуваат, како успеавте толку економијата да ја развиете...
Ништо не направивме, само укинавме 100тина регулативи :cool:

Најтазе пример кај нас ти е со марихуана. Зашто не направат кој сака нека си одгледува и продава на фармација или сам да прави производи ... Туку направија 100 регулации, па сега само Зајко, Мијалков и компанија може да добијат одобрение и тие ќе си полнат сметките.
 
S

silmarillion

Гостин
Дa мoжеa дa ги спрoведaт рефoрмите дo сегa веќе ке пoчнеa.Гледaш декa се фaтијa зa нaјлеснoтo a се пoкaжa декa никaквa ќaр немaме
Можат бе, ако сакаат. И они и ВМРО и ДУИ и ДПА и незнам више која боранија стана политичка партија. Секој може ако сака. Али не за да задоволат нечии барања во ЕУ него чисто за тебе, мене за нив самите. У гз ги ебам ја нив. Имам пишувано постови уназад години, одјеби име стај на стенд бај тоа срање, фати се со правна држава и економија. Казни све што украло, врати пари заплени имот, напрај постапка за потекло. Од денот кога пукаа шампањ пред Олимписки до денес кога притисокот ни е на сите у минус ради времево. После све тоа, името како проблем ќе стане ирелевантно и нема да има потреба од негово мењање и играње по туѓи песни за да им удоволиме.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Кажав ти, никоj нема да доjде да ти даде пари во джеб . ;)
Не знам дали си веруваш кога збориш.... БГ и Романиja са ИТ хаб за централна и източна Европа. Прашаj во ИТ средите да ти кажат. Добрите програмери со опит веке стигнуват 4000-5000 евра плата во тези држави.
Абе па тоа викам, никој нема да ми даде пари во џебот... Не ни треба ЕУ за да постигнеме напредок, доволни сме си самите себеси....Еве ЕУ ви помогнала да не стигнете, остатокот треба да го изработите самите... Ние веќе сме на вашето ниво и сега треба напредокот сами да си го направиме, бидејќи како што гледаме ЕУ ни поставува услови за влез, и не гледам некоја причина државава да направи салто мортале за да влезе во ЕУ, поготово не ако Романија и Бугарија се репер за тоа....
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.993
Поени од реакции
3.724
Зaштo тoгaш oд влaдaтa не си ги зaсукaa рaкaвите и дa се фрлaт нa рaбoтa,дa ги зaвршaт тие јaсни зaдaчи,дa ги спрoведaт рефoрмите дa пиштaт дa вриштaт туку се фaтијa зa иметo дa гo сменaт?
Без решен проблем со името никакви реформи нема да те придвижат кон еу и нато. Ете проблемот со името се реши и тоа решение ке треба да се имплементира. Сега се на ред реформите кои се бараат. Тие реформи нема да бидат ни малку едноставни.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Кажав ти, никоj нема да доjде да ти даде пари во джеб . ;)
Не знам дали си веруваш кога збориш.... БГ и Романиja са ИТ хаб за централна и източна Европа. Прашаj во ИТ средите да ти кажат. Добрите програмери со опит веке стигнуват 4000-5000 евра плата во тези држави.
И во Скопје се толку, за шака луѓе. Колкав процент од населението ги зема овие пари? Овој тип нереални муабети се за политичка пропаганда. Мнозинството овие пари ги заработува две години.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.974
Кажав ти, никоj нема да доjде да ти даде пари во джеб . ;)
Не знам дали си веруваш кога збориш.... БГ и Романиja са ИТ хаб за централна и източна Европа. Прашаj во ИТ средите да ти кажат. Добрите програмери со опит веке стигнуват 4000-5000 евра плата во тези држави.
Истите плати добрите програмери со опит ги стигнуваат и во Македонија, Србија, Албанија...

Како процент од ГДП српскиот ИТ придонесува повеќе од бугарскиот.

И сериозно зеде со ИТ сектор да продаваш поента? Тоа се веќе ептен очајни обиди.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.672
Поени од реакции
28.095
Без решен проблем со името никакви реформи нема да те придвижат кон еу и нато. Ете проблемот со името се реши и тоа решение ке треба да се имплементира. Сега се на ред реформите кои се бараат. Тие реформи нема да бидат ни малку едноставни.
Еве ти нaјсмешен и нaјпрoст пример.Амди Бaјрaм у влaдa и ти кaжувaш зa рефoрми декa ке спрoведувaле?Сo зaпреги вo центaрoт нa глaвниoт грaд?Знaеш кoлку е леснo дa се зaбрaни кoњи и крaви дa се движaт пo улиците? Амa тoa ке ги кoштa глaсoви рaзбирaш? Никaкви рефoрми нив не ги интересирaaт aкo сo тoa изгубaт глaсoви.Се oвa штo гo прaвaт е сaмo и сaмo бoрбa зa глaсoви,a нa штетa нa држaвaтa.Ти кaжувaм нaјсмешен и нaјпрoст пример,мислиш не видел никoј oд тие емисaрите штo се случувa пo улиците?Кaкo кoњ пaднaл нa улицa oд изнемoштенoст и гo блoкирaл сooбрaќaјoт?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Без решен проблем со името никакви реформи нема да те придвижат кон еу и нато. Ете проблемот со името се реши и тоа решение ке треба да се имплементира. Сега се на ред реформите кои се бараат. Тие реформи нема да бидат ни малку едноставни.
Немој жити све.
Јас да сум човек што гледа потенцијал во инвестирање во Фајром и да дојдам да се ебавам по судови, да ме дриблаат општини, министерства, неспособна партиска багра желна за мито, да губам случаи од држава, мите макоил, урко, ален...и на крај да му прдне на курот на командант шверцери и да припука за да ми пропаднат милиони евра овде - па пиштол да ми стаиш на глава, денар не би инвестирал у бизнис у фајром. Може у целава приказна да ми објасниш каде фигурира името, пошо стварно не го гледам? И може да ми ја покажеш вољата дека откако ќе се реши (сјебе) името, ќе се попраат овие работи? Дека орце камчев ќе почне да работи чесно? Анѓушев? Дека кога ќе ме застане шип тар џандар нема да ми бара резервни сијалички (иако му е законска обврска), ама ќе си го казни тој од неговото племе шо од грчец до центар ги проаѓа сите семафори на црвено?
 
S

silmarillion

Гостин
Без решен проблем со името никакви реформи нема да те придвижат кон еу и нато. Ете проблемот со името се реши и тоа решение ке треба да се имплементира. Сега се на ред реформите кои се бараат. Тие реформи нема да бидат ни малку едноставни.
Каква врска имаат реформите со името : )))) Зарем треба името да го смениш за да прекинеш да крадеш и да функционираш како правна држава? Ние као сме пробале со реформи да се доближиме до ЕУ и НАТО па знаеме дека тоа не ваља па ај со името да пробаме?
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.747
Поени од реакции
21.784
Без решен проблем со името никакви реформи нема да те придвижат кон еу и нато. Ете проблемот со името се реши и тоа решение ке треба да се имплементира. Сега се на ред реформите кои се бараат. Тие реформи нема да бидат ни малку едноставни.
Ако мислиш дека Македонците ќе престанат да ркаат и ѓубре да фрлаат кај што ќе стигнат момент по потпишување на некое парче хартија некаде... ондак не знам што да ти кажам навистина. Ти посакувам успешен третман.
 
T

Terroir

Гостин
Реално не ни заслуживме да добиеме препорака, ова е добар шамар за Заев кој трубеше ќе се отвореле како пупка преговорите откако ќе сме го решеле проблемот со името :D еве ти сега пупка и врати широко отворени, реално има време да се освести тек помина година ама колку има квалитет да променат нешто не сум сигурен.

До сега
- Никој не одговараше за огромните криминалите, 0 денари вратени од тие милијардите што се крадеа нели.
- Корупција и неефикасноста во судсвото си остана, добар дел судии само сменија страна и тоа е тоа
- Вработувањето по партиска линија си остана, тогаш со црвени сега со плави книшки
- Не можеле да ги бркале административците што се вишок и тие имале фамилии, а се фалат вчера продавачи на лубеници како казнувале ? тие немаат фамилии изгледа
- Класични пазари како она со Амди, Хоџа и многу други не треба да се одлика на земја која претендира за ЕУ
- Двојни стандарди, кога беа опозиција и се тепаа протестирачи пред собрание беше полициска бруталност а сега не
- Свиркачите неможеле да ги вратат во ДБК, па не можете кога очигледно истите пракси (прислушкување) продолжуваат ?
- Наместо вистински реформи во економијата они удрија со дополнителни даноци до оние што повеќе заработуваат

И уште многу други работи..
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
311
Поени од реакции
464
Не е национализмот лепилото на државата, напротив. Стандардот е лепилото на државата. Ние може да бидеме националисти кога ќе имаме ќе имаме што да чуваме. Еве кажи ми кој е тој национализам кога бранителите од 2001ва упорно се бунат дека државата не ги згрижила после војната? Зашто бараат материјална корист за нешто за што се колнат дека со живот ќе го бранат? Ти ако гинеш за нешто, очекуваш материјална придобивка од тоа после? Ете ти го национализмот наш на дело. Фејк фејкосан по фејк да неможе да биде. И како таков е рак рана на една земја во развој. Кој е ток национализам што дозволи 25 години група политичари да му ја крадат фамилијата? Да му умираат најблиски во никакво услови? Да му се селат деца усвет? Како очекуваш некој да има искрени националистички чувства кога гледаш како по смс пораки ги собираат на митинзи за браници на државата? Кој кредит го имаат сите патриоти кои или се вработени преку партија или имаат тендер бизнис или очекуваат материјална корист за нивните дејствија (бранители 2001ва)?
Па по ова што си го пишал, ти си разочаран националист (патриот). На иста страна сме. И јас не сум задоволен од тоа како се одвиваат работиве во државичево последниве 27 години, се разградува се што создадоа партизаните и комунистите. Тоа не значи дека треба да се самопоништиме, животот е борба, идеме понатаму.
 
S

silmarillion

Гостин
Па по ова што си го пишал, ти си разочаран националист (патриот). На иста страна сме. И јас не сум задоволен од тоа како се одвиваат работиве во државичево последниве 27 години, се разградува се што создадоа партизаните и комунистите. Тоа не значи дека треба да се самопоништиме, животот е борба, идеме понатаму.
Никад не сум бил националист и нема да бидам. Патриот исто не сум бил пошто ниедна држава не заслужила да ја сакам безусловно. Али не навлагај у тие муабети пошто се дефокус од реалните проблеми и скроз ирелевантни.

Не го разбирам моментот на самопоништување и смешен ми е пошто и ти ја сме самопоништени со стандардот на живеење. Промената на име на држава/нација/идентитет нема физички да те убие, ама сепсата на Клиника што ќе ја закачиш при рутинска операција ќе те скине одма.

И сеа викаш ИДЕМЕ понатаму. Па не идеме, јебига, не идеме. Барем ја не идам со вас.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom