Реков, не верувам дека пазарот во ЕУ ќе се изгуби ако останеме надвор од ЕУ ... Но зошто да не октриваме и нови пазари... Го спомна Израел, незнам дали знаеш, но Израелски компании се доста присутни во Индија и во Русија колку што знам јас... и како инвеститори и како вендори и како продавачи....земја со низок степен на развој е многу подобра за соработка и инвестиција, пошто опсегот потребен за економски раст е поголем и има поголема побарувачка ...
Но да се вратам... јас преферирам квалитет пред квантитет... на пример висок квалитет во прехранбената индустрија е основа која може да ни пружи брз економски развој...Инвестирање во брендови, здрава и органска храна и така натака.. Е сега проблемот со земја во транзиција се олигарсите, кои не препознаваат можности, пошто нивниот капитал не е стекнат во класичен капитализам туку во тендерашки постсоцијализам, со чест на исклучоци нели.. и за нив секое вложување надвор од градежната индустрија претпоставува ризик...
Зашто не "откриваме" (освојуваме) нови пазари, одговорот сам си го даде во последниот дел од постот. Е сега како тоа во претходниот пост (тој со засукување ракави) и во овој, јасно ти е како се развива една држава, а твоите очекувања за Русија се многу големи. Знаејќи Русија е слично економско и политички организирана како МКД не сфаќам врз основа на што сметаш дека ќе ги престигнат САД ....
А ова со олигарсите иди пробај објасни им на останативе членови кои што сметаат дека живееме во капитализам или дека ќе дојде чесен политичар и ќе мисли и работи за нивно добро
Не ми збори за реалноста, посебно не од економски аспект, ја живеам секој ден. Ја знам и твојата реалност, барем во онаа во која што живееш и каде работникот е преблагодарен за 200 евра плата оти можи и ич! Таа твојата реалност е дистописка за обичниот човек.
Не бе ај само ќе си критикуваме и ќе пишуваме жалопојки.
Ќе ти зборам и пишувам, штом пишуваш глупости и нереални работи. Тоа што си жив и живееш, не значи автоматски дека си свесен што и како. Мојата реалност е, работник со 200 евра плата ама и работник со 1.500 евра плата, а и административец со 300 еур плата а не иде на работа
А за работниците кои земаат 200 евра, кажи колку треба да земаат и врз основа на што ... а после кажи колку зема администрација и дали е оправдано.
Работниците никој не ги присилува да работи за 200 евра, нивен избор или ќе работи за 200 еур со можност за уште повеќе или ќе седи дома за 0.
Имаше интервју со еден министер од Полска и го прашуваат, како успеавте толку економијата да ја развиете...
Ништо не направивме, само укинавме 100тина регулативи
Најтазе пример кај нас ти е со марихуана. Зашто не направат кој сака нека си одгледува и продава на фармација или сам да прави производи ... Туку направија 100 регулации, па сега само Зајко, Мијалков и компанија може да добијат одобрение и тие ќе си полнат сметките.