Реално гледано ова е поволна позиција за СДСМ, барем кога станува збор за протуркување на договорот со Грција. Моменталната поставеност на работите оди во прилог на Заев, ова е еден вид оружје вперено кон ВМРО. Бидејќи целосната имплементација на договорот со Грција е поставена како еден од условите за добивање на одлука за доделување на официјален датум за преговори, која што треба да се донесе во Јуни.
Ако ВМРО и понатаму го опструира договорот ќе биде изложена на линч како кочничар на евроинтеграциите.
Притисокот полека се префрла на страната на ВМРО. Во следниот период ќе слушаме воспевања на успесите на Заев и Димитров а за секој евентуален неуспех во иднина ќе биде обвинувана опозицијата. Ако треба да се носи некој закон за јавна администрација и опозицијата е против, ќе биде обвинувана дека е кочничар на реформските процеси кои што наводно во Јуни ќе треба да ни донесат датум за преговори.
Ова исто му дава и алиби да се протурка референдумот пред граѓаните, со слогани од типот: европска иднина, подобар живот...последна шанса, Европска (северна) Македонија...