Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.282
Поени од реакции
15.422
Збoрувaш зa времетo кoгa Брaт Љубе и Рефет Елмaзи печеa јaгнињa пo шиптaрските селa дoдекa брaнителите гинеa?
Лично можам да потврдам дека во Кичево беше запленето возилото на Рефет Елмази(црно Ауди А6 или 8) со два калашњикови во гепекот...и после некои ,,консултации,, возилото беше пуштено
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Лично можам да потврдам дека во Кичево беше запленето возилото на Рефет Елмази(црно Ауди А6 или 8) со два калашњикови во гепекот...и после некои ,,консултации,, возилото беше пуштено
Е тaкa де,и јaс тoa гo велaм.Му печеле јaгне нa Брaт Љубе и зa вoзврaт гo oслoбoдил Аудитo
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.282
Поени од реакции
15.422
Е тaкa де,и јaс тoa гo велaм.Му печеле јaгне нa Брaт Љубе и зa вoзврaт гo oслoбoдиле Аудитo
Аудито лично го видов....беше во кругот на полицијата(во близина на центарот на градот е....на главната улица), како и автоматските пушки кои мислам дека не се извадија од гепекот. Се расправаа, ги однесоа ,,горе,, и после 2-3 саати ги пуштија

Апдејт: алфите вечерва набркани со клоци од Арачиново...не се ова протестанти за името па да маваат со созлавци
Инцидент во Арачиново, полицијата пукаше со огнено оружје
25 ЈУНИ 2018 / 19:08
Инцидент во Арачиново. Според сведоците три куршума се испукани во насока на возило за кое се сомнева дека било управувано од две лица кои се бараат со потерница. Во меѓувреме од МВР велат дека осомничените со нивното возило се упатиле кон полицајците кои пак чувствувајќи се загрозени пукале во воздух. Но, жителите на Арачиново, очевидци велат дека припадници на единицата Алфи се симнале од возилото и без предупредување пукале кон возилото на осомничените. Револтирани поради пукањето во населено место, жителите на Арачиново го блокираа главниот пат. Тие бараат од МВР да го објаснат наведениот случај и апелираат вакво нешто да се повтори во иднина. Според очевидците, осомничените не пукале кон полицајците. Алсат M неофицијално дознава дека осомничените се уште се во бегство.

“Оденаш излегоа, ниту кажаа кој се, што се, над моето возило, потоа семејство легна на земја и извикаа „Не убија!“. Не знаев кој се тие, дали се полицајци или нешто друго, одеднаш испукаа, ништо не зборуваа, дирекно пукаа во возилото и јас избегав нагоре бидејќи бев со семејството и друго не видов ништо, тоа е се.“

“Ние како жители на Арачиново не сме против тоа да функционира законот. Но, сакаме законот да го доживееме како сите останати во Република Македонија, како за сите заедници, и за нас нека биде истиот Закон.“

“Зарем немаат друго место каде да пукаат, туку пред куќата, со деца, со семејство, еве и самите гледате каде се прозорците. А и еве каде продавам лубеница. Се уплашија и децата и сите други“, се пожалија жителите.

https://www.alsat-m.tv/mk/арачиново-полицијата-отвори-оган-врз/
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.088
Поени од реакции
23.550
Не е така. Ти можеш да не заебаваш сеа, ама ја стварно не очекував дека некој може така самоубиствено да лаже у кампања. Вакво лажење како ова на Заев пред и по избори е досега нешто невидено. Тоа "по еден вработен" на Бране е ништо за ова "додека дишам" на магарево. Знаеш, секој ќе помисли дека е политичко самоубиство после такви ветувања, вакви глупости да правиш. Незамисливо е. Бране за тоа лажење мораше да бега у друга фотеља, да не се брука на избори. Овој...овој е некој нов, досега невиден тип на политичар кај нас.

По моја тогашна логика, ако беше Пендаровски на пример претседател, ќе стиснев заби и ќе заокружев за ДПМНЕ. Ама Хорхе, Хорхе има насобрано многу пизма од комуњариве, за тоа "фикус", за тоа дека е полтрон, дека е приглуп, неспособен. Настрана тоа шо и реално им должи на ДПМНЕ, а на Грујо особено. Знаев дека за платформата Хорхе не попушта. Исто знаев дека таа платформа ќе пробаат да ја протнат, ама со него како пречка нема да можат да ја легитимираат. Дотука таман сме.

Грујо требаше да паѓа. Му дојде време. Таа суета, криминалите на царската му свита, братучед му...излегоа од контрола. Членството почна да се продава по народ како аристократија, станаа арогантни опинчари, се курчеа локални шерифи и курчеа народ. Палата изградија со проценти од плати на директори. За едно вработување, по десет "глави" бараа, оти нивна е државава. Изреки имаше за таа нова приватизација, од типот на "недај боже Мијалков да ти стане конкуренција".
Ја не сум од тие "ѓаволот шо го знам" луѓе. 500 години сме живее под ѓаволот шо сме го знаеле. Тој менталитет е штетен.

За ова со Грција ни ја, ни ти немавме поим. Да не се праиме со сила сеа. Ни за договорот со Бугарија поим немавме. Во ниедна калкулација (па дури ни во таа на ДПМНЕ у предизборна кампања) немаше предупредувања за тие договори. Само за платформата се расправавме.
Магарето испадна камиказа, јебига.
Nema vrska ova so zaebancija ili jas nesto da ve zaebavam, gjavolot odamna ja odnel segata. Za indikacii imase premnogu , posebno vo poslednite dve godini pred parlamentarnite i site raboti sto se slucuvaa togas,samo koj kako si gi protolkuval. Ima tuka uste mnogu ama nemam namera da go povtoruvam ona sto sum go napisal pred dve ili poveke godini. Postovite stojat, generalno se vo dve tri temi rasporedeni( togas aktuelni vklucuvajki ja i ovaa), pa koj saka neka si prolista. Sega dali sum gledal na gravce, dali sum vidovit ili imam nekoj drugi super mokji ili nesto drugo e vo prasanje sekoj sam neka si proceni.
А со овој цитат звучиш како Тричо и Грчев. "Леле луѓе, немојте, ќе ни се налутат големите, да не се замеруваме". :D
Neznam kako ti zvucam no za zal rabotata e otidena predaleku. Toa e realnosta. Nie kako republika momentalno sme tolku kasa popara napraveni vnatresno da ne sme sposobni nikakov samostalen otpor da pruzime vo bilo koja smisla, sakas politicka, ekonomska, voena. Bilo kakva. Rabotata da bidi pozaebana i sojuznicite sto ni se nadvor se istite onie koi go turkaat seto ova da pomine. Znaci grb od nadvor nemame. No nastrana toa ete lupam bezveze, nikoj ne se osmeli da kaze sto potoa, ako referendumot ne pomini. Ete poveli obrazlozi sto bi se slucuvalo potoa spored tebe. Pomina referendumot, gi prebroija glasovite, zaklucivme deka e neuspesen i posle sto ?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
-Нашата Македонија е доведена до позиција да блеска, со толку поддржувачи, Македонија нема причина да се грижи за својата иднина, изјави премиерот.

-Грција, која беше наш политички непријател, ја насочивме да ни биде политички пријател, еден од првите, затоа што и Грција има интерес. Дека е фер, доказ се реакциите на опозициите на двете држави. Ципрас разговараше со Макрон вчера, Коѕијас врти телефони секој ден, како за своја земја. Сакам да го знат тоа граѓаните, изјави премиерот за 1ТВ.

 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.863
Поени од реакции
36.898
Да можеа да го сменат законот за референдум и да го намалат цензусот до сега ќе го направеа тоа сто пати. Ама ги јебе Уставот оти таму изрично е наведено дека одлука на референдум е усвоена ако излезат на гласање мнозинство од запишаните гласачи. Цензусот за референдум е утврден во Уставот.[DOUBLEPOST=1529962911][/DOUBLEPOST]
Pomina referendumot, gi prebroija glasovite, zaklucivme deka e neuspesen i posle sto ?
После најверојатно веднаш ќе распишат избори. Во тој случај Сдсм ќе брка да собере двотретинско мнозинство заедно со албанските партии за да можат да го изменат Уставот и да го имплементираат договорот
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Симптоматично е тоа шо во цела земја не може да се најде артикулиран отпор против две битни работи, тоа е актуелно промена на име (во суштина пакетче со многу повеќе) и воведување на двојазичност. Се што гледаме се само патетики како името не го даваме и Македонија на македонците без ронка здрав аргумент во нив, сето тоа дел од приредбата која ни е сервирана а која не може да се направи преку ноќ и за која се потребни огромни ресурси. Едноставно добар дел од тие луѓе не сфаќаат дека одработуваат за спротивната страна, додека оние кои ги набедиле тоа да го прават се сосема свесни што е целта, и токму тоа е моќта на субверзијата. Едноставно никаде нема разумен организиран отпор, а токму тоа е целта на приредбата, сузбивање на артикулацијата на здравомислечка критичка маса, незвисна од патетиките кои ги гледаме.

Пензионери и навивачки групи како бранители на името е совршено олицетворение на стереотипот кој е изграден (систематски) околу патритоизмот кај нас, (старо добро не се стрижам не се бричам на вмро да личам), некои сомнителни полуписмени ликови, мафтање крстови, кандила и попови како амплификација на закоравен, регресивен конзерватизам. А тие не се единствените кои сметаат дека овој договор е поразителен, и дека ако веќе се прави компромис тоа треба да наликува на таков потег, а не капитулација. Далеку од тоа и реалниот издржан отпор е прилично голем но повторно, неартикулиран.

Министерството за вистина со полицијата на мислите мака мачи на социјалните мрежи да ја сузбие секоја здраворазумска критика на овој договор преку стигматизација на секој еден како небањат вмровец, неписмен, фашист,национал-шовинист и сл, со што единствено останува да виси оној навистина патетичен наратив за името не го даваме и толку. Да бидат нештата потрагични, центарот за лажги со опашки иако има можност да ја запали јавноста по кратка постапка, пружа само дозиран фигуративен отпор, што не се должи само и само на политичко калкуланство туку нешто налик координација, што меѓусебна а веројатно и нешто друго е во игра.Смешно е како аргумент за сево ова да се наведе клептократијата која владее кај нас од независноста до денес. Уште посмешно е кога т.н антиквизација се наведува како главен фактор за капитулацијата, факт е дека имаше негативно влијание, ама овие позиции грците ги имале од самиот старт на преговорите а тоа е далеку пред груевизмот.

Е сеа се поставува прашањето шо со референдумот, што ако не помине, или ако веќе помине, како тоа ќе се направи. Што и како ќе се одрази на секој исход. Постојат реални шанси за дестабилизација доколку има негативен исход (востанија), и сериозни турбуленции ако се прифати, многу е битно како тоа ќе се направи, колку повеќе мајминлоци толку полошо за сите.
Тек со примената на договорот ќе биде шчо напраифме. А во меѓувреме се тактизира со одлагање на реализацијата на договорот со бугарите и примена на ЗУЈ2018, пошто веројатно не очекуваа толкаво обединување по етничка основа кај македонците.
Најголем проблем е шо едноставно не постои организирана структура која може да артикулира сериозен отпор против промени кои негативно би се одразиле на нас македонците како народ.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.088
Поени од реакции
23.550
После најверојатно веднаш ќе распишат избори. Во тој случај Сдсм ќе брка да собере двотретинско мнозинство заедно со албанските партии за да можат да го изменат Уставот и да го имплементираат договорот
Aj da ti nacrtam veke koga insistiras. Pod propagjanje na referendumot podrazbirame deka dogovorot propadnal. Ne pravime muabet kako da se implementira dogovorot niz mala vrata tuku deka nema veke dogovor. Neli toa e cela finta so referendumot pa i so bojkotot na istiot inaku koja e poentata.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
После најверојатно веднаш ќе распишат избори. Во тој случај Сдсм ќе брка да собере двотретинско мнозинство заедно со албанските партии за да можат да го изменат Уставот и да го имплементираат договорот
Уште поголем е влогот ако настапат вака:

Референдумот за потврдување или отфрлување на договорот со Грција за решавање на спорот за името би требало да се одржи на 23 или 30 септември, брифираат за САКАМДАКАЖАМ.МК владини извори. Прашањето за името Република Северна Македонија ќе биде поврзано со согласност за влез во ЕУ и НАТО, но допрва треба да се формулира во Собранието.

„Начелно, референдумот е предвидено да се одржи или на 23 или 30 септември. Точниот датум зависи од тоа кога ќе се формира Државната изборна комисија и кога Собранието ќе одлучи да распише референдум за да почнат да течат законските рокови за организација на референдумот“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК извори од Владата.

За референдумот да се одржи на крајот на септември, Собранието до крајот на јули мора да донесе одлука за распишување референдум. Првичниот план бил референдумот да се одржи на 9 септември, како продолжение на Денот на независноста 8 Септември, но одлучено е сепак да се остави повеќе време за кампања откако граѓаните ќе се вратат од годишните одмори, кои обично се користат баш до празничниот викенд.

Сè уште никој официјално не кажува дали референдумот ќе биде задолжителен или консултативен.

Премиерот Зоран Заев ја застапува тезата дека во процесот на утврдување на референдумското прашање ќе се дефинира дали референдумот ќе биде обврзувачки или консултативен.

„Она за што се согласувам со опозицијата е дека референдумот треба да биде задолжителен, а заедно треба да утврдиме дали ќе биде консултативен или обврзувачки. Зборувам за задолжителен референдум, ако сите 50 отсто плус еден граѓанин излезат и го поддржат референдумот. Апсолутна должност на секој граѓанин е да ја испочитува одлуката, освен ако не е негативна. Јас не верувам дека тоа е возможно денес“, кажа Заев по склучувањето на договорот со Грција.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред четири дена рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае референдумот ако не биде задолжителен.

„Можам да кажам дека референдум кој нема да биде задолжителен, ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае. Доколку референдумот биде обврзувачки и биде успешен, сите ние ќе треба да го почитуваме тоа, не само нашата партија. Но, тој прво треба да биде демократски, без манипулации, да се исполнат многу предуслови пред да биде одржан“, рече Мицкоски.

Според Законот за референдум и други облици на изјаснување, предлогот за распишување на референдум со образложение се поднесува до претседателот на Собранието. Собранието е должно во рок од 30 дена од поднесување на предлогот да донесе одлука за распишување на референдум. Одлуката за референдум потоа се објавува во „Службен Весник“.

Од денот на објавувањето на одлуката за распишување на референдум на државно ниво во „Службен весник“ до денот на одржувањето не можат да поминат помалку од 60 ниту повеќе од 90 дена.

Референдум на државно ниво распишува Собранието, по сопствена иницијатива или по предлог на најмалку 150.000 граѓани. Референдум на државно ниво задолжително се распишува за усвојување на одлука на Собранието за менување на границата на Република Македонија и на одлука за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави.

Според закон, референдум на државно ниво може да се распише и за потреба од ратификација на меѓународни договори и за други прашања од надлежност на Собранието (претходен референдум) и за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието (дополнителен референдум).

Референдум на државно ниво може да се распише и за прашања што треба да се уредат со закон (претходен референдум) или за преоценување на закон што претходно е донесен (дополнителен референдум).

За претходно консултирање на граѓаните за прашања од пошироко значење, може да се распише референдум на државно ниво за консултирање на граѓаните (референдум за консултирање). Одлуката донесена на консултативен референдум не е задолжителна да се спроведе.

Одлуката за менување на границата на Република Македонија и одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави се усвоени на референдум ако за нив гласало мнозинството од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список. Одлуката од задолжителниот референдум е задолжителна.

За референдумот (консултативен) да биде успешен треба да излезат околу 900 илјади граѓани, од вкупно еден милион и 800 илјади запишаните во Избирачкиот список. Од излезените, треба повеќе од 450 илјади да гласаат „за“.
Фактички сега секој еден кој е против договорот, автоматски е против НАТО и ЕУ интеграција со вакво прашање. Уште полоша манипулација од намалување цензус, чисто консултативен референдум или негативно прашање од типот...дали сте против договорот... за да се стави неизлезноста т.е цензусот во полза на власта.
 
J

jakovdi

Гостин
Ова е мојата претпоставка како ке гласи прашањето на референдумот.

"Дали сте за приклучување на земјата во евро/атлантските сојузи ЕУ и НАТО со името Република
Северна Македонија за севкупна употреба?"

Секое подолго прашање ке звучи нејасно,треба да е јасно и лесно разбирливо за секој човек без разлика дали тоа бил земјоделец или академик.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Macedonia: Back us for EU, and we’ll send you fresh tomatoes

“Whoever supports the start of the accession talks for Macedonia with the EU next week, we promise to send you a fresh package of Macedonian tomatoes by post,” Dimitrov tweeted Sunday, assuring potential backers it is “the tastiest tomato in the world.”

Шармерската дипломатија at its finest :D
Ако ова не им ги омекне срцата на ладните европејци тогаш не знам што друго би им ги омекнало. Каков дипломатско генијален потег, ем датум за преговори со ЕУ, ем најден пласман за доматите на градинарите, ем бесплатна реклама. Triple win ситуација! :cool:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Aj da ti nacrtam veke koga insistiras. Pod propagjanje na referendumot podrazbirame deka dogovorot propadnal. Ne pravime muabet kako da se implementira dogovorot niz mala vrata tuku deka nema veke dogovor. Neli toa e cela finta so referendumot pa i so bojkotot na istiot inaku koja e poentata.
Е добро де, што мислиш ти дека ќе се деси, ако не помине референдумот?
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Ова е мојата претпоставка како ке гласи прашањето на референдумот.

"Дали сте за приклучување на земјата во евро/атлантските сојузи ЕУ и НАТО со името Република
Северна Македонија за севкупна употреба?"
Не може да биде вака, зошто вака се остава впечаток дека со успешен референдум ќе се приклучиме во ЕУ и НАТО одма. Мора да биде проследено прашањето со некој збор што ќе квалификува дека е тоа потенцијална, идна, евро-атланска интеграција. Која реално не е гарантирана во блиска иднина (НАТО за 1 год, ЕУ во најоптимистично сценарио за 7 год, пореално за 12 год).
 
J

jakovdi

Гостин
Не може да биде вака, зошто вака се остава впечаток дека со успешен референдум ќе се приклучиме во ЕУ и НАТО одма. Мора да биде проследено прашањето со некој збор што ќе квалификува дека е тоа потенцијална, идна, евро-атланска интеграција. Која реално не е гарантирана во блиска иднина (НАТО за 1 год, ЕУ во најоптимистично сценарио за 7 год, пореално за 12 год).
Самата процедура за влез и зачленување во ЕУ е долготраен процес,тоа се подразбира и не е потребно да се вметнува во прашањето.
Глави поенти се евро/атлантските интеграциите еу/нато и име за севкупна употреба.
 
Последно уредено од модератор:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom