Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Vidi ljubav teoretski lepo zvuci, malcice je drugcije u praksi. Koga odis na izbori ili koga nosis odluka za bilo sto obicno ljugeto si pravat nekoi matematiki, razmisluvaat dolgorocno, stavaat na kantar plus minus i takvi raboti. Toa nekoi, nekoi od druga strana gledaat od sega za posle a za utre ili po nekoja nedela ke mu ja mislat togas zatogas. Taka da kako sto mozime da zabelezime po komentarite tuka i generalno sto se vrti muabet ispagja deka ogromen procent sto glasaa ili apstiniraa od glasanje razmisluvaa kako ovie vtorite , od denes za utre( od tamu doagja ona podrumdjii) pa kao sega nesto vo smisla ama jas ne glasav za niv tuku glasav protiv ili apstinirav i pojma nemav deka vaka ke se odvivaat rabotite. E ubo fino seto toa, ama ne pomislija za moment za moznite posledici od takvite nivni postapki? Ne si napravija matematika? Sto si misleja koj ke dojdi na vlast? Ne e ova svetot na bajkite kade prikaznata sekogas ima sreken kraj. Zamenivme korumpirana vlast so desetpati pokorumpirana, zamenivme takanareceni patrioti so vlast koja ne samo sto otvoreno se deklarirase kako predavnicka tuku i se gordee so toa. I sega site vo podrum bea, nikoj aber nemase za nisto, onaka site iznenadeni i razocarani. E pa posle ebanje nema kaenje, trebase da si mislite porano okolu izborot, koj realno bese od dvete zla pomaloto posto treto i nemase. Koj si mislel ili si gael nekoj iluzii deka ke dojdi nekoja treta opcija od nigde nikade oti samo toj nekoj taka si mislel i deka ke gi zameni ovie dve treba serizono da se preispita na koj nacin mu se zasnova rezoniranjeto, posebno posle poslednite izbori, dali lokalni ili parlamentarni. Nekoi raboti ednostavno nema da se slucat ma kolku nie doma sme stiskale palci ili toa ni bila nasa zelba, ne funkcionira taka zivotot( osven sekako vo bajkite).
Не е така. Ти можеш да не заебаваш сеа, ама ја стварно не очекував дека некој може така самоубиствено да лаже у кампања. Вакво лажење како ова на Заев пред и по избори е досега нешто невидено. Тоа "по еден вработен" на Бране е ништо за ова "додека дишам" на магарево. Знаеш, секој ќе помисли дека е политичко самоубиство после такви ветувања, вакви глупости да правиш. Незамисливо е. Бране за тоа лажење мораше да бега у друга фотеља, да не се брука на избори. Овој...овој е некој нов, досега невиден тип на политичар кај нас.

По моја тогашна логика, ако беше Пендаровски на пример претседател, ќе стиснев заби и ќе заокружев за ДПМНЕ. Ама Хорхе, Хорхе има насобрано многу пизма од комуњариве, за тоа "фикус", за тоа дека е полтрон, дека е приглуп, неспособен. Настрана тоа шо и реално им должи на ДПМНЕ, а на Грујо особено. Знаев дека за платформата Хорхе не попушта. Исто знаев дека таа платформа ќе пробаат да ја протнат, ама со него како пречка нема да можат да ја легитимираат. Дотука таман сме.

Грујо требаше да паѓа. Му дојде време. Таа суета, криминалите на царската му свита, братучед му...излегоа од контрола. Членството почна да се продава по народ како аристократија, станаа арогантни опинчари, се курчеа локални шерифи и курчеа народ. Палата изградија со проценти од плати на директори. За едно вработување, по десет "глави" бараа, оти нивна е државава. Изреки имаше за таа нова приватизација, од типот на "недај боже Мијалков да ти стане конкуренција".
Ја не сум од тие "ѓаволот шо го знам" луѓе. 500 години сме живее под ѓаволот шо сме го знаеле. Тој менталитет е штетен.

За ова со Грција ни ја, ни ти немавме поим. Да не се праиме со сила сеа. Ни за договорот со Бугарија поим немавме. Во ниедна калкулација (па дури ни во таа на ДПМНЕ у предизборна кампања) немаше предупредувања за тие договори. Само за платформата се расправавме.
Магарето испадна камиказа, јебига.

A da i daj pojasni zosto nekoj bi trebalo da cuvstvuva griza na sovesta ako izlezi na referendum a ne bi trebalo da cuvstvuva griza sto e direktno ( ili indirektno) odgovoren so negoviote postapki ili izbor za da voopsto stignime do toj referendum. Pa ovoj referendumot ne ni padna od nebo, od nigde nikade. Pred da dojdime do toj referendum imalo niza na slucuvanja, odluki, akcii vo koi site poveke ili pomalce sme imale nekakov udel so nasite odluki vo minatoto. Referendumot e samo logicen sled na nastanite sto se slucuvaa a ne nesto sto ni padna na loto pa sega iznenadeni i zateknati.
Како не сме затекнати? Кога се најави дека ќе има договор со Бугарија, тоа беше метеор. Кај имало индиции за тоа? Ја памтам Камбо, ама у време на владеење на ДПМНЕ, имаше некои средби у БАНУ за заедничко чествување празници. После тоа имаше тиранска платформа. Тоа беше се у предизборие. Од Заев имаше гаранции, вербални и писмени...да не се повторувам.

Референдумот воопшто не е логичен след на настани. Никако не можеш да го поврзеш со предизборието и Заев како опозиција. Не само шо немаше најави, туку имаше и децидни деманти.

И не ги пери ДПМНЕ, жити мене. Да им ебам тоа стокхолмскиот синдром шо го фатиле. Го слушам тој Николовски кај Ефтов, зборува за големите пријатели од меѓународната заедница. Пола членство им е по судови, избори им изгубија и сега ги тераат да се самоукинат како партија со излегување на референдум, тие големите пријатели. :D

Симпатизериве сте ми уште посмешни со гимнастиките. Бетер од дијаспорава сте. Они така, MAKEDONIA EDNADAE, ама речи им пари да пуштат за протести да се организираат, ааa ne, kakotaka, vieste paraziti! Исто и ти сега, ти викам ДПМНЕ за да не биде соучесник у велепредавство мора јасно да каже на членството дека некои прашања не заслужуваат одговор, ти ми викаш ааа не, референдумот е логична последица на тоа шо не сте гласале за помалото зло, скроз легитимен и ништо страшно ако си гласаме... :D

I dali voopsto nekoj od vas za moment pomislil sto bi se slucuvalo posle referendumot ako toj bidi neuspesen ili negativen vo smisla za ratifikacija na dogovorot, posebno koga site gledame i znaeme kolku napor, sredstva, vreme se vlozi, posebno koj se stoi pozadi nego za da stignime do faza da gi zavrsime pregovorite so Grcija kako sto gi zavrsivme. Da ne ocekuvate deka ke recat e dobro de, ete probavme ne sakaat. Aj nema veze pu pu nevazi, vadi toa tetratkite idemo jovo na novo.
I posle sto ? Nekoj plan B taka nesto postoi ili ke mu ja mislime posle.
А со овој цитат звучиш како Тричо и Грчев. "Леле луѓе, немојте, ќе ни се налутат големите, да не се замеруваме". :D
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.282
Поени од реакции
15.422
Veće se krojat taktiki za zaednicki listi na Dui i SDSSM....i so dontonoviot metod ne im trebaat ni" neopredelenite "ni bitur

Ke izgazat sve do 80+ pratenici plus albanec za predsedatel koj ke potpiši sve
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
..емигрирај, што те врзуе у северна македонија..ништо..
Убаво ми е во МК тука ми се фамилија, пријатели и знам многу луѓе...а згора на тоа ако емигрирам треба да одам во даночни оази а не ми се свиѓаат такви држави во главно. Плус и проблематично е да ги изнесам парите од земјава.
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
https://bukefal.club/2018/06/25/merkel-datum-za-pregovori-samo-ako-makedonija-otvori-begalski-kampovi/

Не знам дали беше ова постирано овде, но би биле среќни да се избегне градба на мигрантски камп.
Незнам што е поирелевантно у линков, Букефал или Веле факинг Самак...Ние ЕУ не треба ни да ја помирисаме не па шанерски да влеземе со отварање кампови и мењање имиња.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Veće se krojat taktiki za zaednicki listi na Dui i SDSSM....i so dontonoviot metod ne im trebaat ni" neopredelenite "ni bitur

Ke izgazat sve do 80+ pratenici plus albanec za predsedatel koj ke potpiši sve
Ѓоко, ќе иде ли докторот у ќорка? Или ќе го кандидирате на следни избори против донтовово мнозинство?
сдс на следни избори ќе освои рекордно мал број пратеници. Нема логика ова шо го пишуваш...какво црно мнозинство
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Не е така. Ти можеш да не заебаваш сеа, ама ја стварно не очекував дека некој може така самоубиствено да лаже у кампања. Вакво лажење како ова на Заев пред и по избори е досега нешто невидено. Тоа "по еден вработен" на Бране е ништо за ова "додека дишам" на магарево. Знаеш, секој ќе помисли дека е политичко самоубиство после такви ветувања, вакви глупости да правиш. Незамисливо е. Бране за тоа лажење мораше да бега у друга фотеља, да не се брука на избори. Овој...овој е некој нов, досега невиден тип на политичар кај нас.
Ех, препознатливо е лажењето за СДСМ, прошлиот пат кога дојдоа на власт ми текиња сеуште на онаа „Нема да коалицираме со терористи“ на Бане ... Доста време помина, но имав еден пријател кој викаше дека ќе дознаеш што ќе праат СДСМ по тоа што го зборат, за све лажат ... и до ден денеска, му држи вода оваа изјава..

Не дека другиве тоа ги прави цвеќиња, но ете требаше да дојде нова генерација гласачи, за да им заборават на лажгите на СДСМ... За ова што се дешаваше во овие 27 години, Македонија буквално може да послужи за студија по политички маркетинг ...

Генерално си во право, како и секогаш, меѓутоа прашањето е дали имаш добар point of view ... Ајде за договоров и за референдумов да проанализираме.... Нели грдото лице на Македонецот и ветувањата за брзиот влез во НАТО и ЕУ не кажуваше кон што ќе водат преговорите за името ... Или и ти си мислеше дека антиквизацијата е вистинската причина што сме надвор од ЕУ и НАТО?

И знаеш ли што е интересно во сето ова... не се криви СДСМ што донесоа до ова дереџе, туку се криви ДПМНЕ што не сака да спречи... Дали тоа не ни кажува дека од СДСМ тоа и се очекувало, а од ДПМНЕ се очекувало ова да го спречи?

Јас пак ќе кажам, некој тука се пали дека Мицковски е уценет со затворот на Грујо или на Мијалков и затоа демек ќе учествувал во ова предавство... Но јас ќе кажам, и двете партии заедно учествуваат во ова... ривалството е само театар... не за џабе се случи 27ми... кај што Грујо суптилно ги палеше луѓето за да на крај им сврти грб... Зошто? За да го исканализира последниот атом на незадоволство кај народот....

И едните и другите го измрцварија овој народ 27 години, од луѓе направија нелуѓе... Ја укинаа војската .... направија да се мрзи брат со брат... татко со син... Го направија народов аморфна маса, која може да се обликува како што сака... И оп се појавија тиранската платформа, договорот за добрососедство, договорот за името... не за џабе во овие моменти кога секој отпор е угушен...

Све у свему, во Македонија не постојат две партии, туку постојат реформирани комунисти, тоа што на времето ги викале леваци и деснаци... Кога станува збор за власт, постои внатрешна борба, но кога станува збор да дојде некоја нова идеја на нивно место, тогаш се сплотени како едно...Секој обид за трета опција или поинаков став завршува како човек партија во коалиција, партија со дискредитирани девалвирани личности, затвор па дури и ликвидација... Ако погледнеш во комунистичката историја на државава, ќе видиш дека уствари ништо не се променило....Дури и ДПМНЕ кога се оформи, Драган Богдановски кој цел живот се борел за независна Македонија беше маргинализиран (па на крајот дури и отруен) и беа ставени тукашни луѓе.

Па кога беше на власт СДСМ, ДПМНЕ критикуваше дека шуруваат со Албанците, па се бунеа за двојазичност на педагошки... па кога дојдоа на власт не само што им дадоа двојазичност на педагошки, туку им го легализираат тетовскиот универзитет и го отворија Штулов, а СДСМ критикуваше дека ДПМНЕ шурува со Албанците... Па дојде СДСМ на власт па беа критикувани дека коалицираат со терористи и го спроведуваат рамковниот.... па дојде ДПМНЕ на власт па беа критикуванидека и тие коалицираат со терористи и згора на тоа дадоа министер за одбрана терорист, па амнестија .... па сега дојде СДСМ на власт па се критикувани дека спроведуваат тиранска платформа.....

Не ме зезај... кај е крајот тука...Само критикуваат и после го продолжуваат делото... Ти тука гледаш две страни? Не!! Тука има само една страна, тоа се вазали на западни платеници потплатени од Албански Бугарски и Грчки лобисти, Кои не само што не пљачкаат, туку ја уништуваат државата, на ист начин како што ги уништија фабриките во приватизацијата...
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
За ова договорот со Грција се осеќам како да имам биполарно растројство, во еден момент си велам како е можно некој да потпише и да брани ваков штетен договор а во друг момент налетувам на рандом довчерашен ФИРОМјанин целиот пресреќен оти сега бил Граѓанин на Република Северна Македонија и зема да ме убедува оти в година ќе сме влезеле во ЕУ, оти Заев бил цар, оти договорот бил супер и оти сме морале да попуштиме...па после зема да фрла со дрва и камења по мене, па како тоа јас сум бил македонец, името морало да се мењава, идентитетот Димитров го одбранил, па 500 евра плата...па зема да урла и да вика, за малку и физички ќе се пресмета...

И тогаш ми текнува и настапува моето второ јас, шо к*р се замарам бе со вакви неписмени, ми иди едно revelation и си велам Далтоне "go with the flow" од овој народ Господ или било која небеска сила кренала одамна раце, ние сме изгледа тешка природна аномалија.

Како во средно, ми текнува на оној проектот на Грујо што беше "Компјутер за секое дете" или "Македонија - земја на информатичари". Тоа некаде беше пред десетина години и мене ме фати. Идам во тоа училиштето една година, влагам во училницата и глеам сето компјутери и едно ќумбе на сред училница (печка на дрва за греење) од времето кога и моите родители учеле во истото школо. Се останало исто само компјутерите нови.
Еден ден идам прва смена на училиште, влагам во тоа училницата а внатре смрди на стопена пластика. Тоа чичето служител, сабајлето го распламтил тоа ќумбето, го накалапил суви дрва, тоа мониторите што биле најблиску до ќумбето, пластиката почнала да му се топи...

Не знам дали некој уште се сеќава на овој проект, никој не знае сеуште точно колку пари ја кошташе државата, се шпекулираше со бројки измеѓу 5-60 милиони евра. Скоро десет години подоцна нема никакви истражувања од бенефитите на овој проект. Напротив, резултатот е да сме меѓу првите во Европа по функционална неписменост а требаше да бидеме "Земја на информатичари"

Слично на ова ќе заврши и договорот со Грција, не дека се поврзани некако, но единствено заедничко што ќе му биде е тоа што по десет години од сега бледо ќе се сеќаваме на истиот и ќе си останеме сеуште чмарот на Европа, функционално неписмени.
Се извинувам за оффтопикот.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Ех, препознатливо е лажењето за СДСМ, прошлиот пат кога дојдоа на власт ми текиња сеуште на онаа „Нема да коалицираме со терористи“ на Бане ... Доста време помина, но имав еден пријател кој викаше дека ќе дознаеш што ќе праат СДСМ по тоа што го зборат, за све лажат ... и до ден денеска, му држи вода оваа изјава..

Не дека другиве тоа ги прави цвеќиња, но ете требаше да дојде нова генерација гласачи, за да им заборават на лажгите на СДСМ... За ова што се дешаваше во овие 27 години, Македонија буквално може да послужи за студија по политички маркетинг ...


Генерално си во право, како и секогаш, меѓутоа прашањето е дали имаш добар point of view ... Ајде за договоров и за референдумов да проанализираме.... Нели грдото лице на Македонецот и ветувањата за брзиот влез во НАТО и ЕУ не кажуваше кон што ќе водат преговорите за името ... Или и ти си мислеше дека антиквизацијата е вистинската причина што сме надвор од ЕУ и НАТО?

И знаеш ли што е интересно во сето ова... не се криви СДСМ што донесоа до ова дереџе, туку се криви ДПМНЕ што не сака да спречи... Дали тоа не ни кажува дека од СДСМ тоа и се очекувало, а од ДПМНЕ се очекувало ова да го спречи?

Јас пак ќе кажам, некој тука се пали дека Мицковски е уценет со затворот на Грујо или на Мијалков и затоа демек ќе учествувал во ова предавство... Но јас ќе кажам, и двете партии заедно учествуваат во ова... ривалството е само театар... не за џабе се случи 27ми... кај што Грујо суптилно ги палеше луѓето за да на крај им сврти грб... Зошто? За да го исканализира последниот атом на незадоволство кај народот....

И едните и другите го измрцварија овој народ 27 години, од луѓе направија нелуѓе... Ја укинаа војската .... направија да се мрзи брат со брат... татко со син... Го направија народов аморфна маса, која може да се обликува како што сака... И оп се појавија тиранската платформа, договорот за добрососедство, договорот за името... не за џабе во овие моменти кога секој отпор е угушен...

Све у свему, во Македонија не постојат две партии, туку постојат реформирани комунисти, тоа што на времето ги викале леваци и деснаци... Кога станува збор за власт, постои внатрешна борба, но кога станува збор да дојде некоја нова идеја на нивно место, тогаш се сплотени како едно...Секој обид за трета опција или поинаков став завршува како човек партија во коалиција, партија со дискредитирани девалвирани личности, затвор па дури и ликвидација... Ако погледнеш во комунистичката историја на државава, ќе видиш дека уствари ништо не се променило....Дури и ДПМНЕ кога се оформи, Драган Богдановски кој цел живот се борел за независна Македонија беше маргинализиран (па на крајот дури и отруен) и беа ставени тукашни луѓе.

Па кога беше на власт СДСМ, ДПМНЕ критикуваше дека шуруваат со Албанците, па се бунеа за двојазичност на педагошки... па кога дојдоа на власт не само што им дадоа двојазичност на педагошки, туку им го легализираат тетовскиот универзитет и го отворија Штулов, а СДСМ критикуваше дека ДПМНЕ шурува со Албанците... Па дојде СДСМ на власт па беа критикувани дека коалицираат со терористи и го спроведуваат рамковниот.... па дојде ДПМНЕ на власт па беа критикуванидека и тие коалицираат со терористи и згора на тоа дадоа министер за одбрана терорист, па амнестија .... па сега дојде СДСМ на власт па се критикувани дека спроведуваат тиранска платформа.....

Не ме зезај... кај е крајот тука...Само критикуваат и после го продолжуваат делото... Ти тука гледаш две страни? Не!! Тука има само една страна, тоа се вазали на западни платеници потплатени од Албански Бугарски и Грчки лобисти, Кои не само што не пљачкаат, туку ја уништуваат државата, на ист начин како што ги уништија фабриките во приватизацијата...
Не би рекол дека ВМРО се помали или исти патриоти како СДСМ. ВМРО се попатриотски од СДСМ имаат бољи трек рекорд на критикување на СДСМ за непатриотски работи и помалку направено од СДСМ предавства.
На пример немаат работи од рангот на ФИРОМ, знаме, гласање за рамковен, први коалиција со терористи, тиранска, добрососедство со Татари, промена на име итн. Имаат и ВМРО гревови ама дефинитивно се попатриотски од СДСМ, ама само попатриотски а не во апсолутна вредност. Дури и СДСМ секогаш биле потивки во критикување на ВМРО за антипатриотски потези. Не дека е огромна разликата ама е јасна.
На пример и сега СДСМ е за договорот ВМРО е против значи има разлика...сега ако се хард кор би го бојкотирале референдумот ама не се.
Инаку има мали партии кој се похардкор патриоти од ВМРО така да имаш избор можеш за нив да гласаш.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.282
Поени од реакции
15.422
Ѓоко, ќе иде ли докторот у ќорка? Или ќе го кандидирате на следни избори против донтовово мнозинство?
сдс на следни избори ќе освои рекордно мал број пратеници. Нема логика ова шо го пишуваш...какво црно мнозинство
Iskreno za mene....sve do potpišuvanjeto za imeto čitav skoro sve na portalive....sega ništo ne me interesira

Ako opozozicijata izlezi na referendumot.....nikogas poveće ne izleguvam na izbori

A za Grujo iskreno ništo neznam što mu se slucuva. Da ne čitav ovde denes..pojma ke nemav i ne me interesira. Znam deka se vlečka po sudovi ...ama pojma nemam za koi dela. Od drug zavisi negovata sudbina, kako i sudbinata na Severna Makedonija
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom