Мене лично ми е срам од тезата дека „без членство во некој сојуз, аутоматски немаме иднина, аутоматски немаме гаранција за суверенитет и територијална целобитност“. Ние немаме иднина од самите себе. Кратко и јасно.
Глупости е колумнава.
Никакво членство у никаков сојуз не менува менталитет на народ, не го праи попаметен.
Дури и масовно да се организираат операции за трансплантација на мозок - пак овој народ до пред 2-3 години се крстеше во Аминта, во хунзи, во мијалков, во ќосето и уште гласа за амди бајрам, шеќеринска...памет така преку ноќ не доаѓа баш лесно.
Бугарија со членство во унијата не го има решено својот демографски проблем, напротив и го зголеми со исселувањето и можноста за работа во други земји од ЕУ.
Се работи за тотално непознавање како функционираат работите во геополитиката и политиката воопшто.
Следам ХРТ. Во Хрватска има повеќе свест за ова, ама и таму имаат проблем со население кое е религиозно, националисти, мрзачи на Балканот што попрво би чистеле гомна во Европа, отколку да бидат господа на Балкан.
Перверзијата е до таму отидена, да изговорите на неспособните политичари некому се станати идеологија и начин на живот. Јас сум прв за влез во ЕУ, ама да имаме такви резултати, па да дојде ЕУ и да ни рече „браво бе, ај со нас!“, а не „ај со нас за да преживеете!“. Разликата е огромна....суштинска.
Ќе дојде таа „иднина“ и ќе ја дискутираме.