Еднаш веќе ја начнавме темата за буџетот... тој буџет е огромен, за да ги оддржува 800 (или 600 беа) бази на САД колку што ги има ширум светот. Доколку на потребната сума се додаде сумата што ја оптеретуваат класичните тендераши попут KBR ... Остатокот кој служи за напредок е сосема симболичен... Русија од друга страна извади сериозни пронајдоци во последните 2-3 години....
What the massive US military budget pays for
Russian military spending drops for first time in 20 years
Еве колкави се буџетите и по ставки распределено, значи РФ има околу 60 а САД преку 800 милијарди долари „одбрамбен“ буџет. Толкувањето на ставките делува манипулативно, и под услов да си во право дека ставката развој и истражување е симболична, огормна е разликата во соимболична вредност од 800 и 60 милијарди.
РФ има квантен скок во поглед на вооружените сили, меѓутоа кога ќе го споредиш тоа со САД и не е баш така импресивно.
Just stating the facts.
Многумина носачите на авиони на САД и нивната мобилност, ја сметаат како предност во однос на континенталната поставеност на Русија...
Точно е дека во тој поглед, повеќе мобилни се САД, но тоа е поради причина да ја покријат својата мана, тоест геостратешката поставеност. Русија Граничи со Јапан, Кина, Среден исток, Блиски исток и Европа истовремено.. Нема потреба од јуришни единици, далеку од својата територија. Во нуклеарно вооружување не само што не се рамноправни со САД, туку во моментов далеку предничат, а конвенционалното вооружување нели во нешто се подобро во нешто се полоши... Кога ќе земеш целосно, влучително и геостратешката поставеност, како и воената доктрина... Русија во моментов е во предност... Затоа што САД има потешкотии да ја задржи својата доктрина, која ја кошта цело богатство, додека Русија како што гледаме зема засил без проблеми, но морам да кажам на ограничен простор.
Фон Клаусевиц вели дека се зависи од ситуацијата, она што во одредена ситуација ти дава предност, во различна ситуација е слабост, да точно РФ има поповолна геостратешка положба од САД во поглед на трговска размена, меѓутоа дали истата е поволна гледано од воен аспект?
Имаш искуства низ историјата, британците ја изгубија Северна Америка поради положбата пред се и тука завршува се.
Русија беше во неколку наврати предмет на копнена инвазија. А во моментот само САД ја користи својата природна дефанизвна гео положба а другото го компензира, РФ ни оддалеку својата во поглед на трговската размена.
Носачите на авиони немаат врска со мобилност туку проекција, и тука САД ја компензираат својата гео положба како шо веќе напишав, од друга страна во поглед на нуклеарното вооружување РФ само се обидува во јавноста да ја подобри својата репутација со бомбастични презентации кога е очигледно дека на конвенционален план не може сеуште да се чаламат како СССР. И да, истото го имам веќе напишано дека се работи за различни доктрини пред се базирани на геостратешката положба.
Кога сме веќе кај Балканот, дури и ВБ се доста подалеку од Балканот одколку Русија. Како што кажав, С400 во Македонија ги неутрализира сите околни НАТО членки и ги прави нефункнцонални, буквално во едно воено сценарио, еден авион нема да може да полета.... Оттаму и хистеријата за брз влез во НАТО на Македонија.
Не дека планираат војна да водат... Ама тоа се тие геостратешки игри... И таа вредност која ја има оваа територија за Русија...
Види сеа, јас сфаќам дека С400 моментално е најпотентиот ПВО систем кој е во оперативна употреба, ама еве да го поставиш во МКД (иако нема од каде да го донесеш пред се утре поклон да ни го дадат

) кое фајде кога ќе биде сардисан со различни ПВО системи од западно производство стационирано во соседни земји НАТО членки

Нема многу врска ова со реалноста, веќе видено сцеанарио на Балканот,
Novi ruski pritisak na Hrvatsku: Isporučili smo vam S-300, gdje su nestale rakete?
Никогаш не стана оперативен хрватскиот и добар дел беше испорачан од/преку Белорусија, само ете немаше таква драма како шо мислиш дека ќе има. Да има влијание ПВО сситемот ама не толкаво и така како шо мислиш.
Хммм, ти дали некад си прочитал историја?? Па доколку Русија го превземе приматот, немој да мислиш дека Албанците нема да им притрчаат во скут на Русите... Нема да им биде првпат... они ги мењаат сојузниците како чорапи... Немој да си наивен...
Истото сум го напишал, кое фајде има руското разузнавање од нас во моментот, а кое би го имало доколку се дограби до албанското криминално подземје, едноставно се работи за интереси, нема повеќе такви дијаметрално спротивни разлики како за време на Студената војна. Имам прилично интересни извадоци читано до операциите на SIS & CIA во Албанија веднаш после ВСВ, сега не ги повторија истите грешки како тогаш, тоа е факт и ние сега ги сносиме последиците.
Повикот за неутралност е само купување на време и на тоа што може да се спаси и е поврзано со немоќта да се делува во моментов... Тука победи САД... Русија сеуште неможе да припари на Балканот, иако пробаа, иако навидум Србија е седната во скут... Но сепак да бидеме реално Русија е далеку од влијание на Балканот...И да Крим не е рефлексија на Косово... Косово е само изговор на Путин, но ниту е причина, ниту пак е одмазда... Крим е превентивно сценарио за задржување на Руската воена база. Тоа сценарио не е апансас, тоа е очигледно зборено планирано како можно решение при сценарио слично на Мајдан... Па можно е да е ставено на маса дури од времето на Елцин.
Е сега се сложуваме дека не може да проектира моќ во моментов Русија, но тоа не значи дека ќе се откаже од тоа... Ќе гледаме уште многу игри околу нас... Поготово што не верувам дека ќе се ратификува договорот за името во Грчкиот парламент.. Ништо чудно да има сериозни политички потреси... Така да ќе има уште време за Русија....
Многу потези на кои не може да одговори директно на терен, се возвраќа на друг начин, онаму каде противникот е послаб, типични геостратешки игри, иако русите играат доста претпазливо, дефанзивно воглавно.
Ако МКД стане дел од НАТО сигурен сум дека ќе има некаква контра реакција, каде ќе видиме. Тоа шо никој не ги потенцира таквите потези не ги прави ништо поразлични.
Тоа шо ти сметаш дека има време за Русија и Блаканот е твое гледиште, меѓутоа јас не го делам, и воглавно непостоењето на автентична поврзаност со русите на Балканот (воглавно екс Југо) се должи токму на западното превентивно влијание за време на СФРЈ, шах е ова, главните водечки потези се планираат оддалеку.
Либералите кои инсистираат на промена на името како услов да не примат во своето друштво, што е уствари класичен фашизам... можат да се наречат либералофашисти.... Тоа е според впечатокот што го оставаат...
Пак да речам дека либералофашисти е оксиморон и дека секој пристоен политиколог може да пружи многу подбра палета на термини да се опише сево ова, тоа шо таквите се дефицитарни во партиските штабови, мегафони итн е друга приказна.
Јас чисто се сомневам дека овие се адутите на Путин во Македонија,,, Дури не би ме ни зачудило ако на списокот се најде некој кој најгласно збори против Русија,,,Специјалната војна ти е заебана работа...Не ретко неможеш крајот да го најдеш...Замисли,Заев Руски човек, кој треба да ја држи Македонија надвор од НАТО ??? Мислиш невозможно... Размисли повторно..
Специјалната војна е широк поим, тоа шо ти го опишуваш конкретно се вика субверзија. И да, во потполност се соглсаувам, само тоа важи и од спротивната страна, најистакнатите русофили кај нас плукаат по се шо е разумно и колку толку кредибилно во обид да го дистанцираат од нив, дали е тоа субверзија од лична корист и само си ги штитат своите позиции или има нешто повеќе тоа може никогаш нема да го дознаем, факт е дека е така. Во најдобар случај тоа се двојни играчи, свесно или несвесно. Тенденциозно гледано од геостратешки аспект или чисто од тесноапртиски, лични или други ситни интереси. Обете страни.
Ако гледаме така, тогаш каков впечаток треба да добиеме од западот за нивното однесување во колониите кои ги имаа до пред само 100тина години? Колонијализмоте современик на СССР...Така да овие муабети кои ги прават навивачите на западот ми се најинтересни показатели на нивната подложност на социјалниот инжинеринг.... Башка најголемиот паталец во СССР била Русија...
Многу екс земји членки на СССР а и Царска Русија имаат антагонизам кон русите, сеуште, типичен пример ти е Украине. Еден збор,
Holodomor.
Зголемувањето на буџетот значи зголемување на бројот на авиони, бродови, проектили, но во никој случај и технолошка супериорност.
За секој брод, авион, проектил спротивната страна има соодветен одговор.
Истот и јас го напишав, дека петнаесет пати повисок буџет не мора да значи целосна технолошка супериорност. Ама логиката вели дека во најмала рака тоа би значело повеќе средства во истражувања и развој.
Еве сега Џералд Форд, новиот носач на на авиони и истоимена нова класа, flagship, има see trials, шо е пандан од руска страна?
Сам по себе, како strike group carrier ќе биде уште потрагично.
Си разгледал околу борбените системи за комуникација, што има САД а што РФ?
Или еве во следниот пост се спомнува морнаричката авијација, споредба? Итн...
Супериорност не постои, но факт е дека САД се во предност во поедини сегменти.
Во принцип е колку пари толку музика. Во последните 40 години америчките ловци се секогаш класа или две над руските.
F-15ката има скор 112 - 0 во воздушни дуели со ловци од руско производство. Израел цел Блиски Исток го доминира со триесетина F-15ки.
Ф-22 Раптор е најмалку 20 години пред својата конкуренција.
Денес сеуште F-15, F-16, F-18 прават партали а камоли новите F-35 и F-22.
За време на Виетнамската војна F4 беше како воздухоплов нешто подобар од MiG21 но САД имаше нешто полоша пилотска обука, од друга страна во Арапско-Израелските судири, арапските воздухоловстава беа делумно технолошки но видно бројно надмоќни но имаа инфериорни екипажи во поглед на израелците.
САД се во предност но не постои така изразена технолошка супериорност. Од Студената војна па се до средината на 90те, и повторно од пред дваесетина години.Иако РФ не е ниту сенка на некогашен СССР.
Тие не ја прават морнарицата специјално за Русија. Носачите на авиони се направени за да може САД да проектира моќ на сите океани и континенти истовремено. Затоа се и глобална супер сила. Во исто време може да спроведуваат воени акции на неколку места на земјината топка без поголеми потешкотии.
Затоа Америчката морнарица како посебна гранка поседува повеќе авиони од Руската авијација. Америчката морнарица е втора по број на авиони во светот. Број еден е US Air Force.
Маринците кои пак се подгрупа на морнарицата се конвенционално помоќни од сите други армии со исклучок на Русија, Кина, Британија и Франција.
Америчката Морнарица е главниот елемент во проектирањето на американската воена моќ.
Морнаричка авијација и (по)морска пешадија. САД се ненадминати засега во овие два сегменти. Квантитативно собоено во воздушниот сегмент и делумно квалитативно, како морнаричка пешадија така и средства за амфибиски операции.
Исто како шо напиша токму тие се носители на проектирањето на моќ, сами по себе се способни за изведување на амфибиски операции.Без поддршка од друг род