Друго нешто приметив на темава шо е многу интересно. Тука има некои(а социјални мрежи се преплавени од такви) шо инсистираат на недостиг на едукација и противењето на договорот од нас го изедначуваат со ќосевизам. Значи ние не сме образовани, информирани, не сме свесни за придобивките, сме нецивилизирани, закоравени...
Да видиме тоа...
Прво, кои се формално темелите на западното општество? Устав и закони. Какви Устав и закони? Такви шо гарантираат права, слободи, еднаквост, справедливост, индивиуално/колективно самоопределување. Кој е гарант на овие вредности? Западното општество, преку повелбите како шо се магна карта, повелбата за права и слободи на човекот....разните нивни дооформувања и допрецизирања во организации како ООН, ЕУ...Дали Уставот на РМ е во согласност со европските/западните начела и вредности? Дали со менување или укинување на меѓународно загарантирани права, се врши атак врз европските вредности? Дали ако е тоа така, ваков договор, наметнат од трета страна, а на штета на основни колективни права и слободи на народите да се самоопределат, е сам по себе неевропски и секој шо го поддржува воопшто не размислува у духот на истите тие западни вредности со кои шо се кити?
Шо е преседан? У англосаксонско право, тоа е извор на правото. Во континентално право(нашето), тоа е еднорог(многу ретки примери постојат и начелно е забранет, оти мора да се води органот по закон). Шо вика меѓународното право кога една држава се обврзува пред најголемата светска организација (ООН) дека нема да попречува друга држава во нејзини интеграции под референца, а прави преседан и попречува? Во конкретниов случај, таквиот преседан треба да е рушлив и секое попречување игнорирано од секој сојуз/пакт/организација кој се темели на основните постулати зададени од ООН, кој, пак, е во конкретниов случај врв на таа хиерархија. Кога има таков преседан, двапати, какви гаранции може да се понудат дека нема да има и третпат? Жими мајка? Сменивме знаме на жими мајка, а кој се изгорел од млекото...
Шо е диктаторство? Имаше тези тука дека Иванов диктаторски постапувал кога одбивал да му даде мандат на Заев, а на основан сомнеж дека постои опасност од уставна ревизија. Претседателот, како дел од извршната власт, е во исто време чувар на Уставот и законите, чии измени(особено за побитни прашања) мора да поминат преку него и да стои негов потпис...Од тоа право, нема зошто да не бара од мандатар, ако смета дека е потребно, гаранции дека ќе се грижи за уставниот поредок. Ама, кога премиер, спротивно од овластувањето за што смее, а за што не смее да преговара(државни симболи, назнаки, ознаки...), си зема на себе монархистички карактеристики и спротивно на сите одредби препишани за него, преговара, донесува, соопштува и потпишува меѓународно-обврзувачки договор, скоро без внатрешна консултација ниту со парламент, ниту со претседател, за потоа да истите ги обремени со новонастанати последици од негово неприфаќање, тоа делување има многу елементи на диктатура. Своеволно, противуставно делување, наметнување заклучоци без консензус, а следуваат закани и присила(кога ќе дојде време за референдум, од западни дипломати, амбасади...)
Има уште, ама ова се основните работи, за да не забегуваме во муабети за ќосиња и да не ја вртиме работава на другата страна. Хипстер најмногу мрази кога ќе му речеш дека он е уствари глупо ќосе.