Види вака, мои колеги отидоа по западот и се вработија со македонски пасоши. Иако за разлика од европски пасош е малце подолга процедурата, сепак не е невозможно да се вработиш таму. Е сеа ако си некој лингур што сака социјално да зема без да работи тоа е веќе друго.
Иначе сеа вака ќе ти кажам. Не ми беше поентата дека европските фондови се лоши. Поентата ми беше дека некој ќе продолжи тука да мести тендери со помош на тие фондови, за од кои ти нема да видиш ништо, или ќе ги видиш трошките. И баш тоа е проблемот, место ние да правиме продуктивни работи со цел самите колку што е можно да се финансираме, без помош од ЕУ, ние мислиме дека ЕУ ќе ни дава пари, а ние ќе трошиме исто како Грчка што прави цело време. Зар стварно мислиш дека нема утре да те тераат нешто ти да направиш за нив? На пример, да преселиш пола мигранти од Германија тука, или да ти даде рок да вратиш одредени средства што си ги позајмил?
Ние овде друже треба повеќе да се посветиме на тоа како да се тргнеме од рацете на олигарсите, корумпираните. Да се уапсат сите што претходно местеле тендери, фалсификувале потписи, направиле злоупотреби на службената должност. За тоа нема тебе ЕУ да ти помогне,нема ЕУ да ги апси таквите како Груевски и Заев треба сам да го направиш тоа