Имаш поголеми перспективи и можности, нема веќе да бидеме изолирана држава. Една Бугарија види колку понапред отиде откако влезе во ЕУ а каде беа порано во споредба со нас..
Сигурен си во ова? Како поморска земја, со економски потенцијал многу поголем од нас, без внатрешни проблеми и без надворешни закани, со поголема сигурност за инвестиции, земја која е во НАТО веќе 14 години и во ЕУ веќе 11 години, Бугарија е земја со просечна плата од 60 евра поголема од нашата овде. Да не зборуваме за миграцискиот шок што им се случи овој период каде практично младината со европскиот пасош си ја побара среќата надвор од Бугарија.
Да разграничиме малку некои работи. За жал, изминатите проширувања во ЕУ беа од политчки карактер, а не од тоа колку се реално спремни со имплементација на реформи и подготовка на економија која би ја издржала транзицијата од интегрирањето. И затоа им се случија шокови како и во економија, така и во други полиња. И Македонија еден ден кога би влегла во ЕУ поготово ако помини договоров годинава ќе биде од политички карактер, а не од тоа што сме имплементирале реформи овде. И шокот ќе дојде пред се по економски пат, кога со сигурност висок процент од невработените (а и од вработените) ќе имаат слободен пат да си заминат од државата, а со тоа ќе се влијае врз други агрегати во домашната економија, пред се по каналот на потрошувачка, па така да не си правиме филмови дека на краток рок овде ќе се случи благосостојба која ја нема никаде и за кратко време ќе имаме животен стандард кој ќе ни дозволи се. По статистика на новите земји членки, како и нашата географска поставеност од аспект на регион и блиски трговски партнери, влезот во ЕУ нема да донесе којзнае какви резултати на краток рок ако влеземе поради политчка одлука (каква и што ќе биде), а тоа да не биде од исполнување на критиериуми за да нашата економија ни дозволи квалитетна транзиција во интегрирањето и резултатите да ги имаме на ракав.
За жал, приказната по медиумите и обидот за создавање некоја еуфорија кај некои веќе почнува да раѓа со плодови. Сите забораваат дека ние правиме капитулација со договоров, но им се продава тезата дека со ЕУ и НАТО ние веќе ќе имаме резултати и животен стандард х5 од ова што е сега. А реалноста ќе биде друга, но тогаш ќе биде касно.