Пред околу 3-4 години правев математика за изградба на куќа од 120-150 квадрати и ми испадна дека метар квадратен со најквалитетни материјали би чинел околу 225 евра. Ова може да го верифицира било кој што градел куќа, а може да видите огласи за изградба на карабина за 80 евра по квадрат, па на таа цена додавајте за дополнително опремување. Инвеститори градат згради со 5-10-20х поголема квадратура и следствено можат да добијат уште пониска цена, а ниту еден нема да стави првокласни материјали, па би рекол дека нивната цена е околу 175 евра по квадрат.
На ова треба да се додаде трошокот за земјиштето. Скоро сите градат огромни зградурии на минимални плацеви и не предвидуваат никакви урбани содржини, па кога цената ќе се распредели, се добива дека земјиштето ги чини максимум 50 евра по квадрат. Комуналиите во најатрактивните општини Центар, Карпош и Аеродром се 120 евра, а градоначалниците можат во одредени случаи делумно да ослободуваат, па и тука се отвара огромен простор за корупција.
Кога сите трошоци ќе се соберат, се добива дека инвеститорот никако не може да плати повеќе од 350 евра за изграден метар квадратен стан, а го продава за околу 1.000!
Јасно ми е дека сите вклучени у овој бизнис имаат некаков интерес: инвеститорот ќе направи профит, општината ќе наплати комуналии, функционерите ќе земат мито, фабриките и стовариштата ќе продадат материјали, работниците ќе добијат плати, ама оној крајниот идиот што ќе го купи трикратно преценетото гомно од стан - е тој да ми се објасни што интерес има од тоа!