Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
а од кога се првите пишани документи на македонски јазик?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.734
Поени од реакции
5.007
Баш напротив нема никој што да се срами со словенството. Гордост е да си словен. При опсадата на Виена да не беше Полска ќе го јадеше австро унгарија. Францускиот крал им рече далеку сме ние снаоѓајтесе. Второ да не заборавиме дека имаше три големи пакта Нато, Варшавски и на неврзаните, на два од овие три пакта лидери беа словени. Само во неврзаните членуваа 130 земји замислете која сила е таа дури ти дава и право да пушиш пура во овалната соба. Словените го држат најголемиот дел. од планетава. Еден проблем има што сме многу горделиви и секој сака да е лидер а тоа допринесува да не играат странциве. Штом еден не е лидер ништо не биднува. Европа после втора светска војна процути под америчко лидерство не смееја да зуцнат швабите и французите.
А што е со Пајонците, Македонците, Готите, Илирите, Тракците, Бугарите, Римјаните, Византиците, Турците, Викинзите итн од Македонија? Смешно е Македонците да се само чисти Словени.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
не е баш така.. има разни теории, не е една.. а пред се не е античка Македонија само Александар, таа е од пред тоа а и по тоа... дури и римските колонии биле Мацедониа Прима и Мацедониа секонда... самите грци ни нудеа да ни признаат античко потекло ама да се викаме пајони... целта е укинување на македонскиот идентитет, не само кај нас туку и кај нив... па кога еден од грчката опозиција потегна дека има луѓе во грчка Македонија кој сакаат да се изјаснат како македонци, владата на Ципрас се побуни... тие ги сметаат и староседелците од грчка Македонија словенизирани грци а не словенизирани
( антички)македонци, Грција се плаши од потенцијален иредентизам кај нив, ние сме гола вода...
Знам јас што му е целата на Грците, кажувај му го тоа на друг.
Грците ако ни нуделе да ни признаат античко потекло ни нуделе на денешната територија, т.е племињата кои што живееле на ова подрачје во тој период. За егејскиот дел тоа нема шанси. Тие не признаваат македонско малцинство во тој дел, тие тој дел го сметаат како дел од грчката територија кој што бил ослободен за време на балканските војни. Што значи дека се што се случувало на тоа подрачје низ историјата го сметаат за грчко.

За време на балканските војни Македонија да била автономна држава кој била поделена меѓу соседите сега ќе беше друга приказна. Меѓутоа во тоа време Македонија се водела како географски регион, македонска нација се уште не била призната и од тука нашите соседи ги влечат нивните аргументи против нас. За тоа се крена целата таа фама околу предлогот Илинденска Македонија, оти признавањто на Илинден од грчка страна значи и индиректно признавање на македонска борба за самостојност и држава.

Моменталниот договор ги негира сите овие работи, негира постоење на македонска нација. Историјата со договорот ќе ни започнува од 45-та па наваму.

Ова како го кажуваш историја фокуси, понова постара, историја е историја по дефиниција историја почува со првото писмо...а луѓе пишувале во земјава од окулу 10 век п.н.е. Али нема везе може да се скрати историја и онака нема многу корист од неа освен да се караш со комшиите. Никој не станал или се опаметил од историја...за мене лично безполесна наука во секојдневниот живот и не носи пари. Како и да е може од 2 август 1944 да почнува и да завршува со Заев Македонската историја...полесно за децата еден предмет помалку.
Значи за тебе моменталниов договор е добар оти ќе се скрати учењето историја?
Сериозно, не е само историјата, не ти пречи кога Грците ти се мешаат во внатрешните работи, ти менуваат устав, те принудуваат од утре да се нарекуваш северно македонец, да се потпишуваш како таков кога потполнуваш некаков документ во некоја државна служба и во делот националност пишуваш: граѓанин на Република Северна Македонија, место просто како до сега, македонец, не ти смета тоа, не ти е понижувачки?

Еве јас сум дипломиран економист ама тоа не ми дава за право да гледам на работите само низ призмата на парите и личната корист. Прво треба да сум човек со достоинство и образ па за потоа да бидам се останато. Без тоа, барем за мене се е џабе.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
македонците немаат појма кои се што се, така да не треба многу со историја да се замараат, туку да гледат нешто добро за во иднина да направат
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.734
Поени од реакции
5.007
Знам јас што му е целата на Грците, кажувај му го тоа на друг.
Грците ако ни нуделе да ни признаат античко потекло ни нуделе на денешната територија, т.е племињата кои што живееле на ова подрачје во тој период. За егејскиот дел тоа нема шанси. Тие не признаваат македонско малцинство во тој дел, тие тој дел го сметаат како дел од грчката територија кој што бил ослободен за време на балканските војни. Што значи дека се што се случувало на тоа подрачје низ историјата го сметаат за грчко.

За време на балканските војни Македонија да била автономна држава кој била поделена меѓу соседите сега ќе беше друга приказна. Меѓутоа во тоа време Македонија се водела како географски регион, македонска нација се уште не била призната и од тука нашите соседи ги влечат нивните аргументи против нас. За тоа се крена целата таа фама околу предлогот Илинденска Македонија, оти признавањто на Илинден од грчка страна значи и индиректно признавање на македонска борба за самостојност и држава.

Моменталниот договор ги негира сите овие работи, негира постоење на македонска нација. Историјата со договорот ќе ни започнува од 45-та па наваму.



Значи за тебе моменталниов договор е добар оти ќе се скрати учењето историја?
Сериозно, не е само историјата, не ти пречи кога Грците ти се мешаат во внатрешните работи, ти менуваат устав, те принудуваат од утре да се нарекуваш северно македонец, да се потпишуваш како таков кога потполнуваш некаков документ во некоја државна служба и во делот националност пишуваш: граѓанин на Република Северна Македонија, место просто како до сега, македонец, не ти смета тоа, не ти е понижувачки?

Еве јас сум дипломиран економист ама тоа не ми дава за право да гледам на работите само низ призмата на парите и личната корист. Прво треба да сум човек со достоинство и образ па за потоа да бидам се останато. Без тоа, барем за мене се е џабе.
Има Грчки национализам т.е. Грчка етноидеологија...која е глупости во боја. Се поради тоа...во пракса ова е речиси најдоброто што може да се добие во овој момент. Ако несакаш во ЕУ и НАТО сега...може да се обидеш со некоја нова Грчка влада а може и Бугарска. Тоа е тоа...ако ти пречи договорот гласај НЕ или бојкотирај референдум ама не спомнувај ЕУ и НАТО веќе. Тоа е легитимен став!
Мене лично не сум задоволен од договорот ама не сум ни многу против во основа сум неопределен. Не ми пречи име на држава повеќе не ми се свиѓаат некои други точки. Не сум одлучи за што и дали би гласал на референдум.[DOUBLEPOST=1529080903][/DOUBLEPOST]
а од кога се првите пишани документи на македонски јазик?
Има повеќе македонски јазици...дали по име, дали по потекло, дали по географија.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
македонците немаат појма кои се што се, така да не треба многу со историја да се замараат, туку да гледат нешто добро за во иднина да направат
Можиш ти за себе да кажиш дали имаш или немаш појма кој си и шо си![DOUBLEPOST=1529081581][/DOUBLEPOST]
А што е со Пајонците, Македонците, Готите, Илирите, Тракците, Бугарите, Римјаните, Византиците, Турците, Викинзите итн од Македонија? Смешно е Македонците да се само чисти Словени.
А шо е со Норманите ,Бритите,Јутите и Саксонците?Смешно е да се кажи дека Англичаните се чисти Англичани така?Поентава ми е да не се замараме дали сме антички или словенски Македонци,тоа води само кон разединување и ништо повеќе!
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Има Грчки национализам т.е. Грчка етноидеологија...која е глупости во боја. Се поради тоа...во пракса ова е речиси најдоброто што може да се добие во овој момент. Ако несакаш во ЕУ и НАТО сега...може да се обидеш со некоја нова Грчка влада а може и Бугарска. Тоа е тоа...ако ти пречи договорот гласај НЕ или бојкотирај референдум ама не спомнувај ЕУ и НАТО веќе. Тоа е легитимен став!
Мене лично не сум задоволен од договорот ама не сум ни многу против во основа сум неопределен. Не ми пречи име на држава повеќе не ми се свиѓаат некои други точки. Не сум одлучи за што и дали би гласал на референдум.
Тоа си е твој легитимен став. Проблемот е во тие други точки, од преговори за име дојдовме во ситуација да преговараме буквално за се. Грците да ни скоцкаат понижувачки договор од 20 страни, како што рече некој предходно, Јапонија во втора светска војна не потпиша таква понижувачка капитулација каква што ние ќе потпишеме утре.
И што имаат врска на пример моите проевропски ставови со моето несогласување према ваквиот договор? Што има демократски и европски во договоров за јас ако не се согласувам со него да ми биде забрането спомнување на ЕУ и НАТО?
И во пракса ова е најлошото што можеше да се испреговара. Ако евентуално помине овој договор и стапи на сила, сите оние кои што споделуваат слични ставови како твојот ќе им стане јасно за што зборувам во многу блиска иднина.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.056
Поени од реакции
7.127
Некој ако размислува да основа партија, сега му е времето. Мислам дека и време е за трета опција, би имала реални шанси да ги порази двете анти-македонски партии кои го живеат периодот на најлош рејтинг и омраза од граѓаните.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.665
Поени од реакции
9.250
Од договор за промена на име, се сведе во договор на бришење на постоењето на идентитетот, култура и историја во пакет со промена на име. Секој нормален кој го чита договорот ќе дојде до таков закучок.

Е сега договорот како се продава на народот овде, а како во Грција. Во Грција е многу полесно меѓудругото.

Овде Заев ни продава дека успеал да го “зајакне“ идентитетот. Ја потценува интелегенцијата на сите, мислејќи дека се неписмени луѓето и не знаат да прочитаат и толкуваат еден договор кој е сосема јасен и многу директно ни се објаснува во какава капитулација влегуваме. Вика сега Грција не признала како македонци и ни го признала македонскиот јазик, а во договорот баш има специјален член (бр.7) во кој тотално не разграничува од тоа какво македонци сме ние. Со договоров, да , ние сме македонци, но измислени македонци кои по наша волја сме одлучлие така да се нарекуваме и немаме никаква врска со периодот од антиката. И што е најважно, се разликуваме и немаме никаква врска и поврзаност со македонците во северна Грција, во пределот на Егејска Македонија. Кого прават будали?! Па има и ден денес семејства кои биле протерани од тој регион (сите знаеме како), а сеуште се во контакт со нивните роднини кои останале во Егејска Македонија и сега ни продаваат пуканки дека родниниве си немаат врска едни со други. Ние сме измислени македонци, а тие се тие што потекнуваат од хеленскиот период.
Да не зборувам за севкупната употреба...Заев е нем тука, не знае што да каже, на сите прашања врти баш како што вика тој „како киша око Крагуевца“ за да не даде јасен одговор.
Во периодов кој следува, ќе ни се продава магла...ЕУ и НАТО. Со договоров ја потпишуваме демек иднината. Факт е дека со договорот ни се отвораат вратите кои ни биле затворени, но тоа не треба да биде по цена на нашето достоинство, потекло, по нашите корени и пред се по цена на крвта која ја дале во минатото нашите предци за да се изборат во светот да опстанеме како тоа што сме денес, македонци. Меѓудругото, нема ни гаранција дека ќе биде и 100% испочитуван пак од грците договорот, како што не беше испочитувана и спогодбата во која не требаше да не попречуваат во патот кон ЕУ и НАТО.

Во Грција е многу полесно за Ципрас да го продава договорот. Видливо е дека скоро 100% од нивните црвени линии и максималистички позиции ги оствариле. Впрочем, не ни имаат веќе на ракав нешто што повеќе би добиле во договор со нас...

Затоа, не гледам зошто некој се доведува до позиција да размислува воопшто дали е договорот добар или не и дали во референдум (доколку дојде) треба да размислува дали да гласа за или против. Договорот е штетен и доколку бевме нормална земја каде што во референдумот ќе имавме доверба сите, тогаш да, ќе излезевме и со глас против ќе го забетониравме овој штетен договор како ништовен, а со моменталниот амбиент довербата во референдумот е минимална и сосема се логични повиците за бојкот.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.734
Поени од реакции
5.007
Можиш ти за себе да кажиш дали имаш или немаш појма кој си и шо си![DOUBLEPOST=1529081581][/DOUBLEPOST]
А шо е со Норманите ,Бритите,Јутите и Саксонците?Смешно е да се кажи дека Англичаните се чисти Англичани така?Поентава ми е да не се замараме дали сме антички или словенски Македонци,тоа води само кон разединување и ништо повеќе!
Не се замарам јас, туку нема чисти народи така да е глупо да се сметаш за чист Словен или Антички. Мене ми е глупо тоа што го прави сегашната власт не дозволува плурититет на идентитети. Не дека ако некој се смета за Словен или Антички или што ти ја знам, Пајонски дека е различен. За мене сите се исти и глупо е да се караш и да девалвираш нешто што е нелогично да се девалвира и забранува, инаку не би бил различен од комшиските националисти.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.306
Поени од реакции
18.137
Ич не ми е јасно која е таа потреба во моментов да му пцуеме живо и диво на Албанците, барем тие не ни се криви за името.

Уште не е потпишан договорот, а ние се искравме со Албанците.

Ами како ќе биде ако не помини референдумот на есен, кога ќе треба да бираме нови перспективи во замена за ЕУ и НАТО :)
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
ЕУ и НАТО се лошите, дај ние во Путин и Ердоган да се врземе, тие се добрите момци.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.734
Поени од реакции
5.007
Тоа си е твој легитимен став. Проблемот е во тие други точки, од преговори за име дојдовме во ситуација да преговараме буквално за се. Грците да ни скоцкаат понижувачки договор од 20 страни, како што рече некој предходно, Јапонија во втора светска војна не потпиша таква понижувачка капитулација каква што ние ќе потпишеме утре.
И што имаат врска на пример моите проевропски ставови со моето несогласување према ваквиот договор? Што има демократски и европски во договоров за јас ако не се согласувам со него да ми биде забрането спомнување на ЕУ и НАТО?
И во пракса ова е најлошото што можеше да се испреговара. Ако евентуално помине овој договор и стапи на сила, сите оние кои што споделуваат слични ставови како твојот ќе им стане јасно за што зборувам во многу блиска иднина.
Јас сметам со оглед дека е СИРИЗА на власт ова е релативно добар договор и е релативно добра шанса да се влезе во ЕУНАТО, ако се сака. Иделано не би требало воопшто да има договор туку МК веќе да е во ЕУНАТО ама реалноста е различна. Ако ова не се фати може ќе мора ЕУНАТО да е одложен за уште некоја година ако не и деценија, а веќе е одложен доста. Иако мислам дека дебатата треба да се фокусира дали воопшто ЕУНАТО или само НАТО ама за жал тоа не се случува во МК за што е крива и Меѓународната заедница и Албанците и Македонците па и други.
Договорот може да се одложи и сега а особено ако тепа Неа Демократија или Злата Зора па и ПАСОК а тоа е можно а, од наша страна да тепа ВМРО, Заев-Ципрас се најдобра можност за влез во ЕУНАТО и ако не се искористи ќе се одложи можно и на подолго време.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.201
Поени од реакции
16.622
Ич не ми е јасно која е таа потреба во моментов да му пцуеме живо и диво на Албанците, барем тие не ни се криви за името.

Уште не е потпишан договорот, а ние се искравме со Албанците.

Ами како ќе биде ако не помини референдумот на есен, кога ќе треба да бираме нови перспективи во замена за ЕУ и НАТО :)
Ништо, или нека палат и цел Балкан у курац да оди. Ние избор немаме, освен ако овој договор за некого претставува избор.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.332
Поени од реакции
6.866
А што е муабетов што се врти по нет, "North of Macedonia"? Нели беше "of North Macedonia". Бар ја така прочитав.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom