А што е со Пајонците, Македонците, Готите, Илирите, Тракците, Бугарите, Римјаните, Византиците, Турците, Викинзите итн од Македонија? Смешно е Македонците да се само чисти Словени.Баш напротив нема никој што да се срами со словенството. Гордост е да си словен. При опсадата на Виена да не беше Полска ќе го јадеше австро унгарија. Францускиот крал им рече далеку сме ние снаоѓајтесе. Второ да не заборавиме дека имаше три големи пакта Нато, Варшавски и на неврзаните, на два од овие три пакта лидери беа словени. Само во неврзаните членуваа 130 земји замислете која сила е таа дури ти дава и право да пушиш пура во овалната соба. Словените го држат најголемиот дел. од планетава. Еден проблем има што сме многу горделиви и секој сака да е лидер а тоа допринесува да не играат странциве. Штом еден не е лидер ништо не биднува. Европа после втора светска војна процути под америчко лидерство не смееја да зуцнат швабите и французите.
Знам јас што му е целата на Грците, кажувај му го тоа на друг.не е баш така.. има разни теории, не е една.. а пред се не е античка Македонија само Александар, таа е од пред тоа а и по тоа... дури и римските колонии биле Мацедониа Прима и Мацедониа секонда... самите грци ни нудеа да ни признаат античко потекло ама да се викаме пајони... целта е укинување на македонскиот идентитет, не само кај нас туку и кај нив... па кога еден од грчката опозиција потегна дека има луѓе во грчка Македонија кој сакаат да се изјаснат како македонци, владата на Ципрас се побуни... тие ги сметаат и староседелците од грчка Македонија словенизирани грци а не словенизирани
( антички)македонци, Грција се плаши од потенцијален иредентизам кај нив, ние сме гола вода...
Значи за тебе моменталниов договор е добар оти ќе се скрати учењето историја?Ова како го кажуваш историја фокуси, понова постара, историја е историја по дефиниција историја почува со првото писмо...а луѓе пишувале во земјава од окулу 10 век п.н.е. Али нема везе може да се скрати историја и онака нема многу корист од неа освен да се караш со комшиите. Никој не станал или се опаметил од историја...за мене лично безполесна наука во секојдневниот живот и не носи пари. Како и да е може од 2 август 1944 да почнува и да завршува со Заев Македонската историја...полесно за децата еден предмет помалку.
Има Грчки национализам т.е. Грчка етноидеологија...која е глупости во боја. Се поради тоа...во пракса ова е речиси најдоброто што може да се добие во овој момент. Ако несакаш во ЕУ и НАТО сега...може да се обидеш со некоја нова Грчка влада а може и Бугарска. Тоа е тоа...ако ти пречи договорот гласај НЕ или бојкотирај референдум ама не спомнувај ЕУ и НАТО веќе. Тоа е легитимен став!Знам јас што му е целата на Грците, кажувај му го тоа на друг.
Грците ако ни нуделе да ни признаат античко потекло ни нуделе на денешната територија, т.е племињата кои што живееле на ова подрачје во тој период. За егејскиот дел тоа нема шанси. Тие не признаваат македонско малцинство во тој дел, тие тој дел го сметаат како дел од грчката територија кој што бил ослободен за време на балканските војни. Што значи дека се што се случувало на тоа подрачје низ историјата го сметаат за грчко.
За време на балканските војни Македонија да била автономна држава кој била поделена меѓу соседите сега ќе беше друга приказна. Меѓутоа во тоа време Македонија се водела како географски регион, македонска нација се уште не била призната и од тука нашите соседи ги влечат нивните аргументи против нас. За тоа се крена целата таа фама околу предлогот Илинденска Македонија, оти признавањто на Илинден од грчка страна значи и индиректно признавање на македонска борба за самостојност и држава.
Моменталниот договор ги негира сите овие работи, негира постоење на македонска нација. Историјата со договорот ќе ни започнува од 45-та па наваму.
Значи за тебе моменталниов договор е добар оти ќе се скрати учењето историја?
Сериозно, не е само историјата, не ти пречи кога Грците ти се мешаат во внатрешните работи, ти менуваат устав, те принудуваат од утре да се нарекуваш северно македонец, да се потпишуваш како таков кога потполнуваш некаков документ во некоја државна служба и во делот националност пишуваш: граѓанин на Република Северна Македонија, место просто како до сега, македонец, не ти смета тоа, не ти е понижувачки?
Еве јас сум дипломиран економист ама тоа не ми дава за право да гледам на работите само низ призмата на парите и личната корист. Прво треба да сум човек со достоинство и образ па за потоа да бидам се останато. Без тоа, барем за мене се е џабе.
Има повеќе македонски јазици...дали по име, дали по потекло, дали по географија.а од кога се првите пишани документи на македонски јазик?
Можиш ти за себе да кажиш дали имаш или немаш појма кој си и шо си![DOUBLEPOST=1529081581][/DOUBLEPOST]македонците немаат појма кои се што се, така да не треба многу со историја да се замараат, туку да гледат нешто добро за во иднина да направат
А шо е со Норманите ,Бритите,Јутите и Саксонците?Смешно е да се кажи дека Англичаните се чисти Англичани така?Поентава ми е да не се замараме дали сме антички или словенски Македонци,тоа води само кон разединување и ништо повеќе!А што е со Пајонците, Македонците, Готите, Илирите, Тракците, Бугарите, Римјаните, Византиците, Турците, Викинзите итн од Македонија? Смешно е Македонците да се само чисти Словени.
Тоа си е твој легитимен став. Проблемот е во тие други точки, од преговори за име дојдовме во ситуација да преговараме буквално за се. Грците да ни скоцкаат понижувачки договор од 20 страни, како што рече некој предходно, Јапонија во втора светска војна не потпиша таква понижувачка капитулација каква што ние ќе потпишеме утре.Има Грчки национализам т.е. Грчка етноидеологија...која е глупости во боја. Се поради тоа...во пракса ова е речиси најдоброто што може да се добие во овој момент. Ако несакаш во ЕУ и НАТО сега...може да се обидеш со некоја нова Грчка влада а може и Бугарска. Тоа е тоа...ако ти пречи договорот гласај НЕ или бојкотирај референдум ама не спомнувај ЕУ и НАТО веќе. Тоа е легитимен став!
Мене лично не сум задоволен од договорот ама не сум ни многу против во основа сум неопределен. Не ми пречи име на држава повеќе не ми се свиѓаат некои други точки. Не сум одлучи за што и дали би гласал на референдум.
Не се замарам јас, туку нема чисти народи така да е глупо да се сметаш за чист Словен или Антички. Мене ми е глупо тоа што го прави сегашната власт не дозволува плурититет на идентитети. Не дека ако некој се смета за Словен или Антички или што ти ја знам, Пајонски дека е различен. За мене сите се исти и глупо е да се караш и да девалвираш нешто што е нелогично да се девалвира и забранува, инаку не би бил различен од комшиските националисти.Можиш ти за себе да кажиш дали имаш или немаш појма кој си и шо си![DOUBLEPOST=1529081581][/DOUBLEPOST]
А шо е со Норманите ,Бритите,Јутите и Саксонците?Смешно е да се кажи дека Англичаните се чисти Англичани така?Поентава ми е да не се замараме дали сме антички или словенски Македонци,тоа води само кон разединување и ништо повеќе!
Јас сметам со оглед дека е СИРИЗА на власт ова е релативно добар договор и е релативно добра шанса да се влезе во ЕУНАТО, ако се сака. Иделано не би требало воопшто да има договор туку МК веќе да е во ЕУНАТО ама реалноста е различна. Ако ова не се фати може ќе мора ЕУНАТО да е одложен за уште некоја година ако не и деценија, а веќе е одложен доста. Иако мислам дека дебатата треба да се фокусира дали воопшто ЕУНАТО или само НАТО ама за жал тоа не се случува во МК за што е крива и Меѓународната заедница и Албанците и Македонците па и други.Тоа си е твој легитимен став. Проблемот е во тие други точки, од преговори за име дојдовме во ситуација да преговараме буквално за се. Грците да ни скоцкаат понижувачки договор од 20 страни, како што рече некој предходно, Јапонија во втора светска војна не потпиша таква понижувачка капитулација каква што ние ќе потпишеме утре.
И што имаат врска на пример моите проевропски ставови со моето несогласување према ваквиот договор? Што има демократски и европски во договоров за јас ако не се согласувам со него да ми биде забрането спомнување на ЕУ и НАТО?
И во пракса ова е најлошото што можеше да се испреговара. Ако евентуално помине овој договор и стапи на сила, сите оние кои што споделуваат слични ставови како твојот ќе им стане јасно за што зборувам во многу блиска иднина.
Ништо, или нека палат и цел Балкан у курац да оди. Ние избор немаме, освен ако овој договор за некого претставува избор.Ич не ми е јасно која е таа потреба во моментов да му пцуеме живо и диво на Албанците, барем тие не ни се криви за името.
Уште не е потпишан договорот, а ние се искравме со Албанците.
Ами како ќе биде ако не помини референдумот на есен, кога ќе треба да бираме нови перспективи во замена за ЕУ и НАТО