Прво да разјасниме зошто македонците се кажувале како бугари.
Прегледај го приврзокот 192229
Во тоа време не постоела македонска црква него се декларирале според која црква припаѓале.
Бугари во Македонија постоеле уште пред укинување на Охридска Архиепископија, за која нели тврдиме дека не била бугарска.
Релевантна теза, познато ми е, но не значи дека е точна. Еве извадоци од спомените на некои од основачите на ВМРО.
Христо Тататрчев:
"Бугарското население, како тоа од градот така и она што доаѓаше однадвор, оставаше тежок впечаток со својата простотија и со својот измачен изглед на страдалник. Неговиот живот беше многу беден, без неопходните минимални услови да се одржува народното здравје. Од друга страна контрастот меѓу положбата на Бугаринот и положбата на Турците, Грците и Евреите, уште повеќе го засилуваше моето негодување од таквата положба на нештата. Тоа ме натера да посакам да излезам да направам обиколка низ земјата, за да ја проучам понепосредно вистинската состојба на нашиот народ во Македонија."
"На второто среќавање јас му реков дека моето решение да дојдам во Македонија, кога нема уште ниеден лекар Бугарин, зборува достатно за моите идеи. Груев пак сe така насмевнат, но очевидно задоволен од мене се збогува откако ми ја стегна раката, и ме запраша кога пак да се видиме. Не помина многу време, и Груев наново ме посети и овој пат веќе поотворено заприкажавме за дејноста, што ни претстои како на Бугари, за да се подобри политичката состојба на нашиот народ. "
"Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи."
Дамјан Груев
" Отворивме празнично училиште, во кое се оддржуваа предавања со чисто револуционерна тенденција, како на пр.: „обединувањето на Италија“, „американското востание“, биографии на револуционери како Гарибалди, Мацини и слично, „обединувањето на двете Бугарии“, и др. Имаше голем прилив на слушатели. Следната година поставувавме на штипската сцена театарски претстави: „Иванко“, и слични револуционерни пиеси. Во сето тоа земавме учество јас, Делчев, Дели Иванов, Ѓурков (учител); држевме предавања."
"На прашањето на г. Кирилов, дописник на „Новое времја“ – зошто до востанието не се забележувало дека антагонизмот помеѓу Грцте, Србите и Бугарите во Македонија е толку изострен и како да се објасни тој факт? - Груев одговорил:
Во време на востанието Србите имаа инструкција од Белград кон востаниците да имаат добронамерен неутралитет. Ние со тоа бевме задоволни. Но по востанието положбата се промени. Ефектот што го постигна Востанието, потоа сеништето на блиската македонска автономија ги исплаши Србите од Кралството; тие сакаа тоа да се случи колку што е можно подоцна, и во исто време побрзаа со својата пропаганда, во многу проширувајќи го нејзиниот реон, и тоа со поприлично неморални и предизвикувачки средства. На пример, помош во брашно се даваше само на оние настрадани од времето на Востанието што се согласуваа да се прогласат за Срби и патријаршисти. Урнување на status-quo од Србите предизвика негодување кај Бугарите, до толку што по Востанието националистичките интереси повторно станаа доминантни во умот на населението. Бугарите енергично реагираа против српската пропаганда.
Многу селани србомани, кога ќе чуеја за доближувањето на бугарската чета, од страв (често без причини) и од чувството на самозапазување ја известуваа турската власт за четата: потоа од страна на месните органи на Организацијата доаѓа до одмазда. Последниве откако видоа дека српската националистичка пропаганда води кон меѓусебно непријателство и раскол во народот, му го одвлекува вниманието од политичките цели на Организацијата, предизвикува предавство и репресалии од страна на Турците - под влијание на месното општествено мислење (мнозинството се Бугари) се насочија против српската пропаганда.
На многу места нашите прости војводи и месни дејци на Организацијата навистина ги застрашуваат Србите и србоманите, со тоа што ги принудуваат да се откажат од својата , национална пропаганда. Тоа е придружено со доста убиства: многу вистинските доставувачи и шпиони често и од двете страни гинат сосема невини луѓе. Како што гледатем јас не ги оправдувам нашите, а само ја објаснувам генезата за појавувањето и развојот на меѓусебното непријателство помеѓу Србите и Бугарите, што создаде опасна атмосфера за меѓусебна недоверба и лошо однесување, состојба на меѓусебна омраза и искоренување. Ви зборувам сосема искрено, поводот за создавањето на ваквата ужасна атмосфера го дадоа Србите; Бугарите во Македонија се однесуваат полојално отколку Грците и Србите, тоа можеби затоа што нашите таму се мнозинство и ние под своите нозе чувствуваме солидна морална почва. Бугарската девиза - политичка слобода - делува многу привлечно кај народот.
"
Ѓорче Петров
"Во 1895 г. после востанието, беше веќе нареден начин за вноска на материјали дури од Бугарија: преку граница се носеше материјал од селани (нелегални) до Кочани, Виница, Штип (бомби, револвери, пушки — Туфекчиевска работа). Во тоа време Делчев беше во Штип. Во Битола присгигнаа 8 бомби од штипскиот комитет — од Кочани. Втора пратка стигна 4 бомби. Кирајџијата Доне, организационен човек, при влегувањето во Битолл го фатија. Бомбите беа ставени во вреќи со ориз. Колџиите со шишови мешаат за тутун; шишот удри во железото и се заповедува бргу да се растоварат вреќите. Доне коптиса да бега, го фатија. Се обиде со поткупување, не успеа: го однесоа како голем злочинец. Нас не фати страв — прв пат начекување со власта. Валијата Абдул Ќазим паша ги наредил бомбите на маса и ги вика конзулите да им ги покажува, што праат бугарите."
"Прв пат таму решаваат окружниот комитет во името на организацијата да им стави во долг на битолските војводи да ги превртат гркоманските села во бугарски како отпор на пројавените тенденции на грчките владици и конзули да ја исползуваат катастрофата во полза на грчката пропаганда. Мотивот на окружното беше да се превземе контра-дејствие за да се божем парализира, всушност тоа беше веќе упадок на револуционерната дејност и наклоност, бесознателна може би, кај Дамета да биде пријатен на официелниот бугарски свет Едно од писмата во овај смисол попадна во рацете на властите, стана достојание на конзулите и општо познато, та служеше како силно оружје во рацете на Грците против „лицемерството“ на организацијата. Почнаа Грците уште посистематични противудејства, а тоа го роди засилениот грчки четнички курс, послужи како оправдание на четничката пропаганда."
"Четата ја пречекуваат Андон Димов и Крум Зографов (тогаш раководители во Велес на Сарафовата партија, сега Андон Димов е тука) и по распоред пак оттука и во споразум со Скопје ја пречекуваат, за да ја преведат преку Вардар. Бидејќи преминувањето било мачно, Глигор се споразумува со миљазимот на мостот при Зелениково и миљазимот една вечер за 150 лири ги повлечува војниците. Ја претставил како српска чета, но пред селаните минавала за бугарска чета, толку повеќе, што Бобев бил со нив така да четата поминала на мостот, оттука преку Сталп над Нежилово пристигнала во месноста Азот во Велешко, а оттаму се префрлила во Порече во село Крапа, србоманско село."
"Тренков прочита и две писма од Глигора од Србија, во кои што Глигор му соопштува, дека намерава да помине со чета во Прилепско и тоа не како Србин, ами како Бугарин; пушки нашол во Србија и ги зеде. Тренков ги прочита овие писма за да докаже дека е тој во преписка со Глигора, но дека Глигор не е србоман. "
Ги имам читано спомените на македонските револуционери од ВМРО, Бугарин ама секогаш, секогаш се употребува во конотација за да се направи разграничување од Срби, Грци, Турци и Албанци, не тоа твоето толкување на англиски, каде демек Бугарите биле селани кои се занимавале со земјоделие, Власите со сточарство итн.
Ако веќе сакаш да поентираш на тој начин мора да се вратиш во Византија 9 ти - 10 ти век, практично од тој период жителите на овој регион се нарекуваат Бугари, кога Византија била поделена на теми, а денешна Македонија спаднала во тема Бугарија и жителите и биле нарекувани Бугари, додека денешна Бугарија се наркувала поинаку. Односно да одиш со тезата дека терминот Бугарин и Бугарија се создадени од Византија и имаат дерогативно значење наменето за словенските народи, како што и терминот Срби/Серви има такво значење. Со таа разлика што на грчки Словените биле нарекувани Вулгарои, додека на латински Сервус. Е, само очекувај вистински шитсторм ако влезеш у дебата со Бугарин или Србин на оваа тема.