Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Доста беше дрдорење, да се фатиме за вистинска работа, им порача Путин на Г7

Рускиот претседател Владимир Путин возврати на најновите критики упатени кон него од неуспешниот самит на Г7 во Канада, порачувајќи им на сојузниците од групата седум, дека треба да се вратат на соработката, наместо на креативното дрдорење, пренесе „Раша тудеј“. Путин ова го изјави од самитот на Шангајската организација за соработка во Кина.
 
Тоа се тие браќа руси, само уште не знаеме дали од бугарска или српска страна.
 
Па вообичаено се` со страната која се обидува да им се зближи, или која веќе им била блиска во минатото.

Не верувам дека ние Македонците спаѓаме во било која од тие две категории.
 
Стисни заби и соочи се со реалноста, напиши дека им сме обична монета за поткусурување. Шо мислиш, нашите интереси русите би ги ставиле како примарни пред српските, грчките или бугарските?

Ниту гледале ниту ќе гледаат сојузници во нас, уште помалку братски народ. Најдраматичен период од осамостојувањето во македонско-руските односи беше протерувањето на руски дипломат, а тоа беше проследено со само една бенигна реакција на резидентното ДКП, со една скоро безначајна прес конфернеција на нивниот амбасадор. Со шо покажаа дека сме им сојузници не ми е јасно.

Да се разбериме, македонците како народ никогаш немале вистински сојузници, тоа е факт. Вклучително и сега.
 
Се согласувам дека ние Македонците никогаш не сме имале вистински сојузници, исто како што и денес воопшто немаме ама баш никакви сојузници, но кога си во ваква позиција во каква што сме ние денес - држава без излез на море, без некакви стратешки ресурси или геостратешка позиција на Балканот - ние сме тие кои треба да го направат првиот потег во потрага по вистински сојузник на било која страна.

А со тотално непотребното и неоправданото протерување на руски дипломат, ние самите си пукавме во колено.

Точно е тоа дека Русија не е сојузник на Македонија, но не ни може да биде сојузник ако ја третираме како туѓинец, додека истовремено му се клањаме на западот, а за возврат добиваме само измет за голтање.
 
Ако сме континентална држава, без стратешки ресурси (на русите им треба пласман а не извор ама ајде) и скоро небитна геостратешка позиција на Балканот, згора на тоа во клинч со сите соседни земји(при што поддршката кон нас може да значи губиток од друга страна), во свет во кој преоввладуваат интересите ти како би пристапил кон креирање сојузник од Руската Федерација?

Ете пред да се протера рускиот дипломат шо исто сметам дека беше фијаско, каде погрешивме претходно шо ич од qr не не удрија браќата руси?

Ако мислиш дека средбата Лавров-Коѕијас беше обична коинциденција ич да не правиме муабет понатаму.
 
Не би се сложил тука, во денешна констелација, Македонија има геостратешко изворедно значајна позиција. Поготово за Русија. Тоа што не гураат во НАТО на сила е доказ за тоа...
 
Ова стоеше до пред влезот на Црна Гора во НАТО. После тој маневар сосема е поинаков геополитичкиот контекст на Балканот. Нажалост а за воља на вистината.
 
Зошто е толку битен влезот на Црна Гора во НАТО, и влезот на РМ во НАТО? Сериозно прашувам без сарказам, пошто гледам ги пратиш без навивање работиве.
 
Не е така баш... Влезот на Црна Гора и Македонија не е важен сам по себе за НАТО, колку што е важно тие територии да не влезат под Руско влијание. Територијата на Македонија со целосна Руска борбена единица стратешки би ги неутрализирала сите околни НАТО членки и би ги направила неупотребливи за САД со оглед на територијалната одалеченост или блискост до Русија, како сакаш..
 
Руска база викаш :)

И Сирија имаше руска база т.е. сеуште ја има...
 
Либија немаше Руска база... и сеуште ја нема :)

Само ги кажував геостратешките вредности кои се во моментов...
 
Се согласувам дека ние Македонците никогаш не сме имале вистински сојузници, исто како што и денес воопшто немаме ама баш никакви сојузници, но кога си во ваква позиција во каква што сме ние денес - држава без излез на море, без некакви стратешки ресурси или геостратешка позиција на Балканот - ние сме тие кои треба да го направат првиот потег во потрага по вистински сојузник на било која страна.

А со тотално непотребното и неоправданото протерување на руски дипломат, ние самите си пукавме во колено.

Точно е тоа дека Русија не е сојузник на Македонија, но не ни може да биде сојузник ако ја третираме како туѓинец, додека истовремено му се клањаме на западот, а за возврат добиваме само измет за голтање.

Па прво нешто што ми текнува е да престанеме да се крстиме во западот и во западњачките храмови Брисел и Вашингтон. Не ќе биде лошо по некој македонски министер или премиер почесто да патува до Москва, наместо до Брисел или не знам каде во западна и централна Европа.

Друго што ми текнува е да и` овозможиме на Русија поволности за влез на македонскиот енергетски пазар, како на пример да и` дадеме приоритет при изградбата на регионалните и локалните гасоводи низ македонските градови, можеби да им ја дадеме ТЕЦ Неготино под концесија, па нека ја модернизираат за да работи на гас.

Да им купевме по некој тенк или борбен авион исто така не ќе беше лошо, наместо да чекаме еднаш годишно да ни дојдат гости од Националната Гарда на Вермонт за да ни фрлат по некоја коска во облик на застарено оружје и слично.

А да, и не би било лошо да им предложиме на Русите започнување на преговори за склучување на договор за слободна трговија, со цел подобрување на меѓусебната трговија и економската соработка помеѓу Македонија и Русија.

Вистината е дека ние Македонците од 8 септември 1991 па се` до денешен ден немаме направено ама баш ништо со цел да се приближиме и спријателиме со Русија.

Затоа воопшто не треба да не` изненади пасивноста на Русија во однос на Македонија, а уште помалку треба да не` изненадат односите на Русија со Гејлада, особено кога ќе земеме во предвид колку средби оствариле рускиот претседател, премиер или било кој министер од федералната влада на Русија, со гејскиот претседател, премиер или било кој министер од владата на Гејлада.

Сигурно го имаш слушнато вицот за сиромашниот кој го молел Бога за да му се падне премија на лото, а Бог му рекол "е па уплати ливче, синко".

Ако чекаме премија на лото од Русија без да уплатиме ливче, премијата ќе ја дочекаме на Свети Никад.
 
Го имам, само тебе не ти го имаат кажано цел, исто како за многу работи кај нас шо се пласираат полувистиното.

Сиромашниот му рекол на Бог ќе уплатам, ама откако ти Севишен ќе ми ги кажеш бројките. Без нив џабе.

Истото важи и тука, нека ни ги кажат бројките, да видиме која и каква е таа алтернатива па да правиме муабет, пошто од другата страна горе долу се знае.

Па прво нешто што ми текнува е да престанеме да се крстиме во западот и во западњачките храмови Брисел и Вашингтон. Не ќе биде лошо по некој македонски министер или премиер почесто да патува до Москва, наместо до Брисел или не знам каде во западна и централна Европа.

Друго што ми текнува е да и` овозможиме на Русија поволности за влез на македонскиот енергетски пазар, како на пример да и` дадеме приоритет при изградбата на регионалните и локалните гасоводи низ македонските градови, можеби да им ја дадеме ТЕЦ Неготино под концесија, па нека ја модернизираат за да работи на гас.

Да им купевме по некој тенк или борбен авион исто така не ќе беше лошо, наместо да чекаме еднаш годишно да ни дојдат гости од Националната Гарда на Вермонт за да ни фрлат по некоја коска во облик на застарено оружје и слично.

А да, и не би било лошо да им предложиме на Русите започнување на преговори за склучување на договор за слободна трговија, со цел подобрување на меѓусебната трговија и економската соработка помеѓу Македонија и Русија.

Вистината е дека ние Македонците од 8 септември 1991 па се` до денешен ден немаме направено ама баш ништо со цел да се приближиме и спријателиме со Русија.

Затоа воопшто не треба да не` изненади пасивноста на Русија во однос на Македонија, а уште помалку треба да не` изненадат односите на Русија со Гејлада, особено кога ќе земеме во предвид колку средби оствариле рускиот претседател, премиер или било кој министер од федералната влада на Русија, со гејскиот претседател, премиер или било кој министер од владата на Гејлада.

Прво Русија не беше моќна да нарапви било што до пред десетина години, и да сакавме ние, а тој период беше максимално искористен од Запад за проширување на сфера на влијание.

Не знам од каде потребата да се оправдува нечија индиферентност, јас отворено кажувам дека Македонија НЕМА вистински сојузници, може влечам позитивни пракси од Запад, воглавно ете САД ама не сметам дека ни се искрени сојузници. На Западен Балкан ним им се албанците примарни и тоа е тоа, сакале ние или не.

Инаку тоа со Националнaта Гарда на Вермонт има некојa историја која ретко кој ја знае, барем не во пошироката јавност, истакнат опшествен чинител и политичар, Stoyan Chrsitowe македонец со потекло од Егејска Македонија и поранешен Сенатор од Вермонт е оној кој ги зачнува тие врски токму со таа единица колку шо знам јас и така некако традиционално се одржуваат.

За ова другото не знам кој ги спречи русите отворено да подадат рака, истороден јазик имаме а во поглемите градови освен Скопје немаат школи за руски јазик а да не правиме муабет за нешто повеќе, САД истураат огормни ресурси во МКД на разно разни начини, имаат дузина програми за различни возрасти шо нудат перспективи, било тоа преку едукација или старт ап итн...и сето тоа се прави систематски. Досега русите не покажаа воља да им бидат соперници со ништо освен празни муабети.
Тешко дека со закоравен конзерватизам ќе се наметнат кај прогресивната младина, колку и да има симпатии према нив, ама тие си знаат најдобро.

Тој гас колку шо знам не ни го даваат ниту по повластени цени а камоли бесплатно. За друго не ни размислувам.

Така да не глеам нешто голема вина само кај нас.

Зошто е толку битен влезот на Црна Гора во НАТО, и влезот на РМ во НАТО? Сериозно прашувам без сарказам, пошто гледам ги пратиш без навивање работиве.

Стрижена бричена се овие муабети од мене, инаку не навивам чисто поради тоа шо мислам дека нема за кого, секаде сме монета за поткусурвање.

Црна Гора и МКД се мултиентички земји, доминантно малцинство се албанците кои се монолитни како народ кон сојузништвото пред се кон САД, поради ова во 2016 беше одбиена понудата од Русија кон НАТО за Балканска четворка на Србија, Црна Гора, МКД и БиХ како воено неутрални земји.

Црна Гора беше приоритет поради излезот на море, овој план за Балкански Б4 е неодржлив без таа балокрација во континентални земји опкружени со НАТО членки...по ова следи изолација на рускиот бастион на Балканот-Србија.
Етно-религиски се чисти а тука е и НАТО агресијата, така да без изолација или било која друга форма на посериозен притисок може никогаш да не станат членка...and we wouldnt like that :angel:

Не е така баш... Влезот на Црна Гора и Македонија не е важен сам по себе за НАТО, колку што е важно тие територии да не влезат под Руско влијание. Територијата на Македонија со целосна Руска борбена единица стратешки би ги неутрализирала сите околни НАТО членки и би ги направила неупотребливи за САД со оглед на територијалната одалеченост или блискост до Русија, како сакаш..

Нешто слично напишав погоре, да дополнам, ете условно точно е тоа дека сакаат да алоцираат борбени ефективи на Балканот, за тие да претставуваат баланс треба да бидат масивни формации, а како тие би одржувале линии на комуникација со РФ и воопшто од позиција на континентални земји во развој, опкружени со НАТО членки, а немаат ресурси за да обезбедат логистика...

Инаку само продолжив во правец во кој ја начна дискусијата, а не се согласувам дека русите би направиле таков чекор од еден куп причини, ако тоа им беше целта досега ќе го стореа во Србија и Црна Гора, место тоа бараа воена неутралност како оптимално решение.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom