Не е до толку проблемот во официјалниот назив на државата. Ние наводно преговараме за промена на име, а голем дел од граѓаните не сфаќаат дека името е само сегмент од преговорите. Се преговара за цел пакет решенија кој што вклучува: освен промена на официјалниот назив на државата, промени и во називот на официјалниот јазик и националноста. Утре во пасошот нема да пишува под графата националност Macedonian туку онаа додавка со коси црти: македонско\Граѓанин на Северна Македонија, што е апсурд и тотално понижување.
Но како по обичај, во наредниот период во медиумите ќе се вртат различни интерпретации на договорот. Во суштина никој точно нема да знае што се потпишува. Последиците ќе следат во наредните години, кога веќе ќе биде предоцна, како и за многу други работи во државава.