Се уште постојат сведоштва во меморијата на постарата генерација македонци, голем дел и запишани и документирани, за злосторствата на грчките андартски чети на подрачјето на егејска и сегашна јужна Македонија. Претежно во јужните мариовски делови. Тоа се вистински приказни за геноцидот врз македонскиот народ и обидите за етничко чистење на тие подрачја.
Чисто колку за илустрација со кога преговараме и со кого садиме тикви е едно такво злостотство од многуте, кое се одиграло пред стотина години во едно мариовско село во близина на границата со денешна Република Грција.
Една група грчки четници во очи празникот Спасовден се симнала во мариовското село, кое патем го имало и за селска слава. Тоа со цел да ги заплашат за да не вршат обреди на македонски јазик, со македонски обичаи за празникот.
Го повикале најпрво селскиот кмет и му дале бајонет, или сам да си пресуди или со истиот еден по еден да ги убие своите соселани кои што биле собрани сред село. Кметот одбил, па му ја отсекле главата. Останатите селани, четириесетина на број, жени, мажи, деца и старци еден по еден ги убиле. Во меѓувреме запалиле оган и во него ги фрлиле телата на несреќниците.
Ова мислам оти е случка која се случила во мариовското село Кален. И не е единствена.
Ваквата пропаганда и обидите за масовни етнички чистења на подрачјето на географската област Македонија, на села населени со македонско население биле дел од тогашната "Мегали идеја" поддржана од грчките власти и грчката православна црква. Не ретко на чело на ваквите грчки андартски чети стоел и грчки свештеник. Дење држи богослужба во црква а ноќе со пушка в рака учествува во геноцид.
Еве ние денес, современите генерации во глобала поим немаме за овие работи. Грците добро знаат што прават. Тоа што не му успеа пред 100 години му успева денес, во време кога имаме сопствена држава не доведоа до ситуација да капитулираме. Да го негираме сопствениот идентитет, историја и култура...самоволно.