Да се надворзам на муабетот на
@Bafra и
@jamajka околу капитализмот и приватниот сектор (странски инвестиции ). Годиниве имав прилика да видам (и работам ) на одредени проекти што имаа директна поврзаност со тие инвеститори. Моето искуство и мислење е вакво :
Инвеститорите факт е дека инвестирале во Македонија поради тоа што добиле даночни и други олеснувања но и поради тоа што работната сила не е мн платена .Ова не е мн платена е релевантно бидејки знам луѓе што добиваат солидна-добра плата 700 еу во тие фирми .Не се многу таквите но се ценети бидеки имаат големо образование и искуство стекнато претходно (за помали плати ) .
Како инвеститори повеќето имаат проблем да најдат колку толку стручен или образован кадар.Времето што се губи за некој да се научи да работи и да стекне раб навика по европски терк Македонецот не го цени, едноставно се им е тешко .
Македонија помина низ доста лош период низ годните што политички што од други фактори . Многу сме уназадени и сеуште некои сакаат (или функционираат) како во ех ју што било .Овие фирми сега се по нов терк скроени и со нови правила, мора да ги научиме и почитуваме, да стекнеме искуство па тоа ке се одрази и во плата .
Муабетот на
@Bafra да не беа инвеститорите немаа да зимаат ни такви плати донекаде држи вода . Но нетреба да застануваме тука. Мораме да бидеме по сполотени и да ги активираме убаво синдикалните здуженија .Јас сум сигурен малце да се притиснат фирмиве со поголем капитал дека нема да биде никаков проблем да покачат плата . И она со мин платата што еднаш го имав пишано, мора да се тргне од условите на работодавците .Најлесное пиши бараш работа плата 12500 и чекај некој да дојде и да се матка колку да се каже дека е на работа и (демек) да им тече стажот и здравствено осигурување.
Потребни ни се насочувања на одредена група граѓани , вршење обуки и семинари финансирани од газдите и нашива (нашиве) влади . Конкретно пример за хај теч, неможат да најдат работници за цнц машини бидејки нема соодветно образование или курс за тоа , а пак самата фирма сака готов продукт со знаење .Каде би се стекнало тоа знаење и искуство ?
Пр 2 Фабрика за хидрулични црева Витилио , работниците одат на работа со тренерки , се однесуваат како на селски панаѓур, немаат НОРМАЛНИ услови за раб (температурна) .Нит вентилација , нит топлење како што треба .
Ако синдикатите функционират како што треба , направат штрајк сите работници 2 дена газдите има да молат да ги средат тие работи . А не ко п.чки бегаат и се кодошат за 1000 ден + бонус .