Најголем донатор ти е Рокфелер и остали богаташи, а богами тие знаат како да одберат луѓе кои носат напредок.
А за Џеј пи сум ти кажал еднаш, да не бил тој, САД немаше да се развијат во бр.1 . Ама оправдано ти е, читаш одредена литература и така носиш заклучоци.
Така е, лесно откако ќе воспоставиш монопол на одредена гранка и го цедиш целото опшество, редно е и помпезно да вратиш нешто, далеку од тоа шо си зел ама сепак

ете кај нас и Чифлиганец е голем донатор.
Не знам на кој му продаваш пуфки за капитализам и претприемништво кога кај нас полека се се сведува на тендери, фиктивен повраток на ДДВ, по некоја осигурителна измама итн, реткост е автентичното претприемништво.
Знаеш нешто за Обамакер или само социјалната приказна што ти ја продаваша Обама и хилари, кои ја задолжија Америка колку сите претходно претседатели заедно а резултат 0 .... А Канада ќе видиме до каде ќе дотурка, штом се палат на циркузант со шарени чорапи, ќе биде смешки.
Глеаш колку стереотипно размислуваш, просто дури, шо врска имаат чорапите со неговиот интелектуален потенцијал?

Демек не е лидериште ако не се слика гол до појас со репетирката на рамо дури јава коњ?
И тој самиот изјави дека се креира имиџ каков шо пали кај неговите, дека сето тоа е ПР и тоа кај Оливер Стоун во интервју ја даде изјавата.
За Обама кер најдобар показател ти е тоа шо Џон Мекејн не застана против, енде. Едноставно кажа дека САД мора да ја имаат таа социјална компоненета и дури не се најде подобро решение останува
Германска се рачуна или мора Америчка да е .... А ти користиш некое добро откриено од државен административец

...
Чудно, се крстиш во Рокфелер и Џеј Пи Морган а работиш со Немачка, пошто во САД и Германија државата ја има истата социјална компонента, ако не исти ептен се слични
Инаку и пред некој ден те читав како банализираш околу администрацијата и сл исто како сега, за да поентираш ама не ти оди, пред се не е целта на администрацијата да иновира, не е тоа производствена гранка, глеаш по пишуваш... науката е таа која нуди решенија, без разлика дали технички или правни, ги има само кај нас не сакаат да се имплементираат сите засегнати политички ентитети, има конснезус околу тоа ако не глеаш.
Ми побара решение ти напишав предлог, начинот на вработување во јавен сектор да се регулира, не само шо ќе се подобри услугата и генерално функционалноста на државниот апарат туку паралелно со ова ќе се сузбие до одредена мера партиското вработување, помала ќе биде мотивацијата да се биде партиски војник итн...
Ти имаш нешто паметно да напишиш освен условно речено, Бог и да ставаш попови со кандила, м? Дедо Попе?
Капитализмот е жив и здрав, и ќе си остане...само го фарбаат во различна боја, чисто козметички измени има во САД, ЕУ и МК.
Не си во тек, кејнесијанизам vs либертаријанство.