Ако не е тој со џипот, тие шнајдерките (без навреда) 0 НУЛА денари дома ќе носат. Јбг тоа е реалноста, никој не кажа дека животот е фер.
Единствената корисност од членството во ЕУ е заради овој став од погоре. Впрочем, заради оваа реченица, напишана од респектираниот член, ние ќе го изгубиме и името, идентитетот, достоинството...заради оваа реченица младите се иселуваат во странство, се пишуваат бугари...
Во оваа реченица се сублимирани сите проблеми на оваа држава, изворот на сите фрустрации на еден млад човек.
Ако дојдеме до референдум за името, кај секој оној кој ќе излезе да заокружи ЗА или ПРОТИВ потсвесно ќе се врти реченицата од погоре, ќе биде пресудно прашањето дали да прифати дека животот не е фер, да се помири со судбината и да ги потисне своите амбиции и надежи длабоко во себе, да ја прифати (како што вели Бафра) реалноста да работи кај тој со џипот, дека треба да му биде благодарен кога му вели "јас те ранам" или...да се фаќа за сламки, во надеж дека промената на името ќе му овозможи еден ден европски пасош и шанса да се оствари некаде подалеку од оваа држава.
Како и да е, едно е сигурно, ни едниот ни другиот избор нема да биде поволен за државата. Уствари во буквален превод ова значи дека гадно сме наебале штом сме се довеле до ваква ситуација, да стоиме исправени пред ваков "избор"
Да возеше тој со џипот некое количе до кај 5-6000 евра, профитот да го реинвестираше повторно во компанијата: во нови погони, нов асортиман...да вложуваше во подобри услови за работа, плати, бонуси како поттик за работикот место закани и уцени за бркање од работа, мобинг...
Да го одбереше овој начин на водење на бизнис, оној вистинскиот, по вистинските начела и принципи кои што водат до окрупнување на капиталот а не полесниот пат, преку упикување во шупакот на политичарите, финансирање на нивните кампањи во замена за разни повластици, како на пример: кршење на работничките права, неовластено ослободување од даноци, селективност во спроведување на законите, уништување на конкурентите...Ама нееее...каков е тој "бизнисмен" ако после првата година не купи џип. Ако тоа му касни со плати и придонеси на вработените, џипот е поважен.
Да беше се по закон можда и работникот еден ден ќе возеше џип како газдата. Ако не повеќе, барем тие 500 евра плата на Заев до сега ќе беа реалност. Можеби и немаше да дојдеме до ситуација и да мењаваме имиња...
Јебига, бар не се 0 денари, 200 евра се. Ќути, може и бетер од ова. Господ да го поживее тој со џипот, кој ни е крив оти не сме се родиле сите со талент за крадењ...пардон, со талент за водење бизнис. Животот стварно не е фер.