И после неколку месеци, се случува ова.
Ќе го убијат, или барем ќе пробаат да го убијат, тоа не е спорно. Веќе неколку пати го претепаа само затоа што збореше за Исламот и за Мухамед. Но тоа и го пишува во Куранот, кодексот на секој вистински муслиман, да се прават стапици од секаков вид за неверниците и да се мачат додека не се преобратат. А од друга страна како научен факт е прикажано сонцето кое заоѓа во вир со вода!
Ако не се лажам ова е негова сторија, објавена пред 10тина години. Денес се судат сите тие педофили кои силувале мали девојчиња или пак учествувале со подготовката за нивно праќање на црниот пазар. Нешто што либерализмот денес многу го посакува, а тоа е секој да си ја раскаже својата приказна. И јас сум за тоа, само не мора одма да и се верува на истата, ако не е поткрепена со докази или сведоци, како што беа дел од Холивудските кои на крајот дел испаднаа како невистинити. Тука има стотина сведоци кои потврдуваат иста приказна.
Апсењето на новинар во вршењето на неговата работа е невиден преседан. Јас искрено се надевам дека и меѓународната заедница ќе се дигне, како што се дигна кај нас, и ќе дојде до негово ослободување. Ако се водиме по истата логика, не треба да има новинари пред рочиштата на Груевски, затоа што ќе сметаат во вршењето на работата а судот, нешто слично што беше и во ДИК. Само тука не може да станува збор за попречување затоа што е сам, ниту галами, ниту скандира, ниту вика. Едноставно немаа причина зошто да го затворат на 11 месеци во истиот ден, без процедура (значи веќе испланиран чин). Гледам активно се вклучија и UKIР, единствената политичка партија во вистинската смисла на зборот во Британија, за негово ослободување.