- Член од
- 14 октомври 2007
- Мислења
- 2.673
- Поени од реакции
- 2.725
Друже јас разбирам очекувања, разочарање и све, ама ти бладаш, претеруваш и ова твоево е класично безвеза размислување. Не знам зошто и како можеш да помислиш дека штета правена 6-7 години може да се оправи со еден трансфер маркет од 200 милиони во денешниве услови на пазарот, после радикални промени во тимот, мењање од CEO до чистачка, 12 нови играчи и страшен притисок на јавноста кон новите газди и менаџмент.Може да се криви така убаво. Лупаат 200мил во едно лето притоа не обезбедија ЛШ. Да обезбедеа Лш немаше проблем со ффп да има. Гледаа Монтела е тиња спијат касно го бркаат, го назначуваат Гатузо и прерано му продолжуваат договор сеа и со него на клупа заглавени. Кој е крив за тоа? Галијани и Берлускони? Се коцкаа изгубија треба да летаат и они. Друга работа ај за секунда размисли каков и чив трансфер браниш. Кажи ми искрено мислиш дека Стринич на било каков начин ќе помогне да се крене нивото на клубот? Океј ти беа порано трансфери од тип на Констант и Закардо па сеа океј ти е потегот? Исти курац е стринич ко овие двајца. Они првиот тим не им е среден ама битно за резерви се фаќаат. Одлично. И не те сфаќам што после прошло лето е смешно? На хартија освен Калинич другите беа океј трансфери ама џабе беа океј кога Монтела усра се со 3 5 2 , а другиве двајца со негово чување на клупа. Си ја усраа цела добра работа што направија. Да фрлиш 65 и кусур милиони на шпицови и двајцата заедно да не можат 10 гола да постигнат па треба сами отказ да си дадат.
Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Прво една препорака имам. Инсталирај си менаџер 2018, земи го Милан со ростерот од минатото лето, напраи си буџет од 200 милиони, смени 12 играчи и терај, пробај. Да видиш дека ни таму не оди као што мислиш, а камо ли во реалноста.
Второ, една паралела ќе ти напраам, чисто за илустрација. Сезона 2010. Јувентус завршува на седмо место во Серие А. Најлоша сезона после Калчополи. Ањели станува преседник, го носи Марота од Сампдорија, овој со себе го влече и Паратичи. Во првото меркато, Марота носи 14 нови играчи, а продава 11. Меѓу тие кои ги носи се: идиотот Красиќ, Кваљарела, братот Матри и мртвиот Аквилани. Ги продава Диего, Трезеге и други. Тренер е Лујџи Дел Нери. Во следната сезона, Јувентус испаѓа од групи во УЕФА лига и пак завршува седми во Серие А. Не обезбедува пласман во Европа за следната сезона. Го отпуштаат Дел Нери и тоа не во тек на сезона, туку на крај!
Тоа лето, во своето второ меркато, Марота носи 8 нови играчи меѓу кои Пирло, Пациенца, Вучиниќ, Лихштајнер, Видал и Џакерини. Го назначува Конте за тренер и покрај огромниот скептицизам од сите околу. На зима го земаат 30 годишниот Барзаљи за 300 илјади евра. Во таа тековна сезона Јувентус игра само во Серие А и освојува Скудето. Понатаму не мора да продолжувам, верувам дека знаеш. Не се застанати.
Фала богу, ова не значи дека Милан го има или ќе го има истиот пат, ама фино е да го имаш на памет како паралела додека имаш хистерични напади од лето во лето. Да не зборам какви ликови продефилираа тогаш во екипа ко Јувентус, као рецимо братот Естигарибиа, Елеро Елиах или како и да се викаше, Мота, Молинаро, Пасквато, ехеее... Буквално Марота и Паратичи дигаа клуб од мртвите. Нешто слично на ова што го праат Фасоне и Мирабели.
Полека малце, тоа што го почнаа Фасоне и Мирабели ќе се оценува најмалку после 2 сезони, би било многу несериозно и недолично за тим како Милан, да мења менаџмент и директори секое лето, не се праи тоа така во реалноста.
Нормално е сите да имаме плафон очекувања после толку јако минато лето, нестрпливи сме, уморни више од тоа Милан да се мачи, ама барем на спортска основа, мене ми се чини дека првпат после долго време се глеа светло на крајот на тунелот, знаат што прават, знаат што сакаат и што им треба. После долго време Милан има основа над која може да надоградува, има перспектива.
Е сеа, за оние финансиски работи, онаа основа со сопствеништвото и тие ствари за кои повеќе се пишува, тоа е друг муабет, ама ни тоа не ме секира многу. Целата сумња е насочена кон Јонхонг Ли, кон неговиот капацитет, не кон Милан. Ли има долг кон Елиот, не Милан. Најлошо што може да се деси е Ли да не може да го врати долгот и Елиот да го земе тимот со цел капацитет. Во таа ситуација, на Елиот му одговара да не држи конкурентни за да може да го продае Милан за појше пари на најдобриот понудувач. Ништо страшно за Милан, страшно само за Јонхонг Ли. Ова можда лаички, ама нема поента да се занимаваме со таа работа, многу малку знаеме и разбираме околу тоа.
Во овој спортскиов сегмент за кој може да праиме муабет, бар според мене, делуваме сосема коректно и перспективно. Барем од моментална перспектива, гледано и анализирано од овој агол, на 29 мај 2018. За работите кои ќе се дешаваат понатаму, ќе размислувам, анализирам и оценувам понатаму. Нема поента ни потреба да се хистерише отсега.
Последно уредено: