Не сакам да се напише воопшто за него, камоли да се пишува како најпознат албанец во Македонија.
Не знам дали имаше воопшто потреба, не би требало да има, ама гледајќи ви го расположението за рамковскиот договор тешко дека со дебати вие ќе го прифативте, реално никогаш ништо со договор не би прифатиле, освен ако не сте на тесно, како сега СДСМ.
А и сосема сомнително е кој ја почнал 2001, смрди насекаде како случајот Куманово, само што тогаш немаше интернет и можеа лажни вести да да ваат само телевизииве.
Исламот после балканските војни стана најаката алатка против албанците, до денеска е, мораше да им се покаже да западот дека албанците не се европски народ. Беше најсилниот адут и за масовниот екзодус на албанците накај Турција, демек за замена на население како што правеше Грција. Денеска нема албанец кој нема роднини во Турција, и моето семејство за малку ќе беше едно од тие семејства.
Албанците оставни само на себе, без никаква ориентација, останало само оџата, кој можел да биде под сечија контрола, да, смешно ќе ти изгледа под која. Доволен показател е тоа што ниту еден оџа не е затворан, а учители и професори има безброј, џамија си можел да градиш каде сакаш и кога сакаш.
Во вакви услови толку можеле, Албанија затворена, без никаква подршка од надвор, доволно е тоа што не сме на исто рамниште со ромите, во некои работи сме биле, вера и број на население, ама не држеше диаспората.
Овие права што денеска ги имаме се благодарение на политиките на големите сили, ниту албанците го заслужуваат кредитот, ниту некој си Али Ахмети. Па ниту вие немате лице да се фалите во било кој некаков контекст дека сте либерални и затоа малцинствата имаат повеќе права од некоја Летонија.
Јас лично се лутам затоа што никогаш немало ниту обид за асимилирање, никогаш немаше никаква пропаганда да се покажува дали имаме нешто заедничко, многу добро се сеќавам што учевме историја. Никогаш не се работеше кон тоа исламот да се извади од населението, туку секогаш се работеше луѓето кои практикуваат ислам да се избркат.
Јасно е дека се е до верата.