Причините се разни, резултатот на крај секогаш е ист. Кризата од 2008 беше предизвикана од пукањето на "балоните" кои се јавија во секторот недвижнини. Грчката економска криза се јави како резултат на прекумерното задолжување. Енергетската криза од '80тите беше резултат на високата цена на нафтата на светските пазари...
Заедничко за сите е крајниот резултат, намалена економска активност која води кон долги интервали на рецесија, низок БДП, зголемена невработеност...
Грчката економска криза во најголема мера ја почувствуваа домаќинствата. Мерките за штедење паднаа во најголем дел на нивни грб. Странските банки беа тие кои ги жнееа придобивките од ваквата ситуација преку кредитите кои ги му ги даваа на Грците, знаејќи дека нивната економија не е во можност навреме да го враќа долгот. Долгот е главниот мотив за постоење на банките. Капиталот кој што се црпи од даночните обврзници се префрла на странски банки.
Истото беше и со Светската економска криза од 2008. За да не пропаднат големите банки во САД државата директно интервенираше со пари од даночните обврзници за да ги спаси, со цел да избегне поголема економска хаварија. Со други зборови даночните обврзници ги спасија тие што ја предизвикаа кризата, банките.
Од последните економски кризи најбогатите успеаа да излезат уште побогати а сиромашните го допреа дното. Многу мали и средни претпријатија во услови на криза пропаднаа или беа акумулирани од големите корпорации по багателни цени. Исто се случи и со цената на недвижностите во време на кризата, нивната цена падна, сопствениците на капитал ги купија за цени пониски од реалната, за по завршувањето на кризата цената на недвижностите да се врати на почетното ниво, дури и да стане повисока со растот на економијата. Што значи богатите станаа уште побогати.
Па политичарите се виновни, заедно со сопствениците на капиталот. Системот му овозможил да ги изиграат законите и тие тоа го прифатиле со обете раце. Несовршеноста на човековата природа го прави капитализмот извитоперена идеологија. Ако се оди по вистинските економски принципи, цената ја одредуваат понудата и побарувачката, конкуренцијата е двигател на напредокот и.т.н. дури тогаш зборуваме за вистински капитализам, со минимална улога на политиката во него.
Ова што сега се случува е тотална спротивност. Власта и големите корпорации со здружени сили ја уништуваат конкуренцијата, она што треба да биде главен двигател на секоја економија. На тој начин се демотивира поединецот да вложува, изостанува иновативноста и знаењето и тие заедно со капиталот мигрираат кон центрите каде што има поголеми изгледи за успех и напредок.
Капитал можеби има на претек, но постои проблем со достапноста на истиот, затоа што е акумулиран во рацете на неколкумина.
Парите од банките се скапа опција и тешко достапна за многумина. Условите за водење бизнис се уште поголем проблем баш заради проблеите од погоре: конфликт на интереси, корупција, селективно спроведување на законите...се само дел од работите кои што ја уништуваат вољата за инвестирање.
Тој дечкото кај бурекот да не си ти?
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Знам на што алудираш. Социјалниот аспект на државата; пренатрупаната јавна администрација, субвенционирањето со државни пари, трошење пари на непродуктивни проекти...