Адвокатот има право согласно Адвокатската тарифа да ги пријави сите трошоци во трошковникот кои вкупни трошоци можат да бидат повисоки од вкупно минимално пропишаните трошоци во адвокатската тарифа, но, заради тоа да не се јави неправична ситуација доколку странката што изгубила да плати на спротивната странка адвокатски трошоци кои ќе бидат високи и дополнително ќе се оптовари странката која изгубила за нешто кое објективно не зависи од нејзе, во судската пракса е предвидено секогаш да се досудува минималниот износ од АТ, а над тој износ е оставено на волја на самата странка која го ангажирала адвокатот со меѓусебен договор колку ќе биде реалното плаќање тоест според минимално пропишаниот износ кој е задолжителен согласно АТ или износот кој ќе го предложи адвокатот како понуда до странката.