Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2009
Мислења
20.704
Поени од реакции
16.919
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.376
Поени од реакции
8.966
АМЕРИКАНЦИТЕ ЦЕЛОСНО ГО ПОДДРЖУВААТ ПЛАНОТ СО ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА, ПИШУВА ГРЧКИ „КАТИМЕРИНИ“

Грчкиот весник „Катимерини“ ги анализира можните потези на тамошните политичари по однос на предлогот „Република Илинденска Македонија“ и наведува дека Американците целосно го поддржуваат планот што е на маса. Ова доаѓа по вчерашниот телефонски разговор меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и американскиот потпретседател Мајк Пенс за преговорите со македонскиот премиер Зоран Заев.

Според „Катимерини“, основно сценарио за решение на спорот за името е „Република Илинденска Македонија“ без превод. За владата на Ципрас, ваквото име е основа за дискусија која што може да доведе до одржливо решение. Лидерот на опозициската Нова Демократија Кирјакос Мицотакис кажа дека не поддржува „Илинденска Македонија“ со англиски превод и во анализата се вели дека не се знае како ќе реагира ако предлогот дојде на гласање во парламентот. За Панос Каменос, министер за одбрана и коалициски партнер на Ципрас, се смета дека ќе се држи на дистанца, но нема да ја загрози коалицијата.

Според „Катимерини“, многу е важно како ќе реагира министерот за надворешни работи Никос Коѕијас. Тој повторно ќе се сретне со македонскиот колега Никола Димитров во четврток и петок во Њујорк, а ќе се врати во Атина по 10-дневна серија интензивни контакти во САД, Брисел, Берлин и Париз.

Ако планот биде усвоен во двата парламента, Македонија ќе добие покана за НАТО на самитот во јули и ќе почне претпристапни преговори со ЕУ, се предвидува во анализата на грчкиот весник.
 
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
хахаха абе овие скрос биле ојдени, значи ситуацијава била полоша него што изгледа на прв поглед, Република Илинденска Македонија без превод, кога мислиш си го достигнал дното а гледаш дното нема крај.
 
S

Supercalifragilistic

Гостин
хахаха абе овие скрос биле ојдени, значи ситуацијава била полоша него што изгледа на прв поглед, Република Илинденска Македонија без превод, кога мислиш си го достигнал дното а гледаш дното нема крај.
Јас да сум на местото на Грција црвени линии би ми биле:

Центалнобалканска република Албанобугаристан, напишано со ерменско писмо, фонт 5px, без превод, име на народ: Бугари, јазик Бугарски (Централнобалканска литературна норма).

И пак ќе го примат без вазелин копуциве што преговараат.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Јас да сум на местото на Грција црвени линии би ми биле:

Центалнобалканска република Албанобугаристан, напишано со ерменско писмо, фонт 5px, без превод, име на народ: Бугари, јазик Бугарски (Централнобалканска литературна норма).

И пак ќе го примат без вазелин копуциве што преговараат.
Tuka nema nikakvo pregovaranje, samo guzenje i bukake vo site pozi.
 
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
значи дното нема крај, за Илинден да не биде прифатлив за јужниве гупци ние пак сме биле криви, сме пишеле погрешна историја, според гнојов Ѕвездан Георгиевски :

Без оглед на неразумните и неразбирливите уцени на грчката страна во однос на македонското име, ако сакаме да бидеме искрени, името на Илинден во македонско-грчките односи се искомпромитира уште во 90-тите години на минатиот век, кога по основните училишта во земјава на ѕидовите висеа официјално печатени географски карти на Македонија заедно со трите крака на Халкидики и, се разбира, сосе Солун и кога партијата што сега ја предводи Мицковски најавуваше конгрес – токму во Солун!
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.409
Поени од реакции
30.859
Ne, ne se naciite uluzija isto kako so ne mozes da reces deka edna glutnica volci so oformena teritorija koja ja branat do smrt e iluzija.
Covekot e teritorijalno zivotno, toa e obicna priroda.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.091
Поени од реакции
12.654
Радосна вест за сиромашните: бидејќи 60% од сиромашните домаќинства немаат автомобили, воопшто не треба да се загрижуваат поради зголемените цени на акцизите, а со тоа и на нафтените деривати.

Каква е логиката на плавите жолтици, изгледа уште малку и тракторите ќе им станат непотребни, бидејќи трошат нафта, а на волот доволни му се сеното и водата.

Ако сиромашните немаат леб, нека јадат колачиња.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/pratenichkata-na-sdsm-koja-zema-11-736-evra-za-patni-troshotsi-veli-deka-zgolemuvaneto-na-aktsizata-ne-vlijae-na-siromashnite-oti-nemaat-avtomobili/

ПРАТЕНИЧКАТА НА СДСМ КОЈА ЗЕМА 11.736 ЕВРА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ВЕЛИ ДЕКА ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА АКЦИЗАТА НЕ ВЛИЈАЕ НА СИРОМАШНИТЕ ОТИ НЕМААТ АВТОМОБИЛИ

19 мај 2018


Мира Стојчевска од СДСМ е рекордерка меѓу пратеничките од овој состав на Собранието по наплатената сума за патни трошоци. (Фото: принтскрин/Собраниски канал)

Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет кажа дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните, бидејќи не поседуваат автомобили.

Комисијата вчера расправаше за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се укине покачувањето на акцизата на дизелот од три денари, кое стапи на сила на 1 јануари. Мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет го одби предлогот на опозицијата, а образложението за неприфаќање на предлогот го даде Стојчевска, која минатата година зеде 11.736 евра за патни трошоци.

„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил“, кажа пратеничката на СДСМ од Делчево.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.091
Поени од реакции
12.654
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/едно-име-за-севкупна-употреба-едно-евр/

Едно име за севкупна употреба, едно евро за Вицето

Од Александар Русјаков - 13:15 19.05.2018



Продолжуваме каде што застанавме минатата недела. Среде безумното лудило на самоодрекувањето. Има ли народ на планетава што се одрекол од себе, од сопствениот идентитет за каква и да е причина? Нема таков. Историјата не сведочи за таква безумност. Ние ќе бидеме првите. Ќе се откажеме од себе за да влеземе во воена алијанса. Каква идиотштина. Намерно велам само воена алијанса. Европската Унија веќе неколку пати ни кажува дека нема намера да нè прифати. Не во скоро време, најмалку за десет години отсега, така ни велат, а може и повеќе. Ама ние ќе сме си ги менувале името и идентитетот македонски, демек, да бидеме подготвени кога еден ден ЕУ ќе се смилува. Здрави ли сме ние? Не сме.

Уф, Амди Бајрам прејде кај владејачкото мнозинство. За синдромот Амди виновен е Груевски. И покрај фактот што имаше огромна доверба од македонскиот народ, тој одлучи да се опкружи со сè и сешто. Која мајка изгубила политичар, ете ти го во коалицијата на Груевски. Малку му беше довербата, мораше да заграби што повеќе моќ. И сега сите ја сменија страната. Безрбетник нема морал, него го влече само потребата да ѝ служи на моќта, колку и таа да е изопачена. Да не ги насобра околу себе, да не ги хранеше со трошките на моќта, за десет години ќе исчезнеа од политичката сцена и сега немаше да имаме ликови како Амди Бајрам, Павле Трајанов, Лиле Поповска, чии гласови ќе бидат искористени за создавање двотретинско мнозинство, кое ќе доведе до укинување на Македонија и македонскиот идентитет. Затоа Амди Бајрам смени дрес.

А ова гадно ја вознемири шарената интелектуална бижутерија. Ќе имаше логика нивново ако гневот им беше разумен. Затоа што не се гневни поради фактот дека Амди Бајрам стана дел од власта како потребен глас за ликвидирање на македонското постоење, туку затоа што „кока-колава“ им покажал среден прст додека тие протестирале. Себични, суетни и арогантни какви што се, не им е гајле дека Македонија е пред идентитетски геноцид каков што немало во историјата, туку затоа што е повредено нивното его. Сто пати сум напишал, интелектуалната бижутерија водена од лична корист ја интересира само сопствената удобност, нема никаква свест за ближниот свој, за заедницата, за државата, па затоа и не може да види подалеку од својот нос. Така беше за време на политичката криза, така е и сега. Од дрвото не ја гледаат шумата. Тогаш дрвото беше Груевски. Лесно манипулативни и подводливи на трендови, пропагандата на изопачената моќ ги наполни со заслепувачка омраза и никако не можеа да ја видат големата слика. Не можеш да рушиш нешто, а да не знаеш што ќе изградиш ново. Не можеш да го рушиш Груевски, а да не ти е јасно дека на негово место ќе се истопори Заев. Муабетот, јас немав намера да го донесам Заев, ами само да го срушам Груевски, е малоумен. Не можеш да убедуваш никого дека не си знаел што зборува и ветува Заев во предизборието, дека ти е виновен Павле Богоевски затоа што тврдел оти нема тиранска платформа и двојазичност, дека не ти било јасно каков капацитет има оној што тврди дека Бог го црпнал од нива.

Едноставно не ти држи вода правдањето дека си очекувал реформи, а не еден куп национални велепредавства, кога тој што помогнавте да биде октроиран на власт, јасно и гласно кажуваше дека со помош на странците сè ќе им удоволи на Албанците, Грците и на Бугарите, и тоа на наша штета. Да повторам, не рушиш без да знаеш што ќе подигнеш. А подигнавте Левијатан што ќе ја изеде Македонија. Не само што нема да видите реформи и напредок, туку напротив, од лошо полошо е. Не само што ќе бидеме идентитетски обезглавени и упокоени, туку нема ниту НАТО да донесе стабилност ниту ЕУ да донесе благосостојба. Затоа што ЕУ и НАТО не се лек за домашните болести. Само треба да се излезе од сопствената суета, која при очи слепи ве прави и да се погледне со отворен ум околу себе. Толку е едноставно.

Во меѓувреме Заев и Ципрас се сретнаа во Софија. Каква симболика. Средба со човекот пред чии нозе треба да ја отсечеш главата на сопствената татковина и народ да се откажеш од сопственото постоење, во државата на која пред скоро време си ѝ ја продал сопствената историја, култура и традиција. И што ни јави Заев по средбата? Дека они си нашле ново име за Македонија, кое на двајцата им е убаво и прифатливо. Нормално, кога сите знаеме дека вековната Македонија и сите наши предци што изгинале за нејзиното име и слобода се нивна лична сопственост. Посебно на Заев, зашто тој ем е црпнат од Господ лично, ем е донесен и организиран од „повисоките од надвор“, како што самиот вели. И сега, едно име за севкупна употреба, едно евро за Вицето.

А еве ви ја и мојата прогноза што ќе биде понатаму. Вие слободно прогласете ме за малоумен, речете дека тоа е само во мојата глава, како што беше со тиранската платформа. Еден мој пријател тврди дека на Грција не ѝ пречи толку македонското име, колку македонската држава, и јас се согласувам. Грчките, за разлика од нашите политичари, имаат цел и стратегија. Тие добро знаат дека октроираниве кај нас можеби идентитетски ќе нè ликвидираат за севкупно исчезнување, ама исто така, поучени од историјата, свесни се дека некоја идна генерација Македонци може да поништи сè што сегашниве уништиле, па да кренат нова Република Македонија. Крајна цел е укинување на македонската држава. Нештата вака ќе се одвиваат. Заев и неговите насилно ќе ги променат името, идентитетот, Уставот, и тоа ерга омнес. Ќе ги наместат следните предвремени избори, а без гласање, консензуално ќе донесат претседател по свој терк, кој ќе го потпише законот за двојазичност. Ќе следува федерализација, па референдум за отцепување на западниот дел од Македонија. Тука ќе влета Бугарија како „заштитник“, но и како држава на која веќе сме ѝ ги препишале нашата историја, култура и традиција. За три-пет години Македонија ќе биде поделена меѓу Албанија и Бугарија, а „македонците“ ќе најдат милион оправдувања кај посилните од нив и во „веќе било договорено“ муабетот за да се оправдаат. Но, на многумина „баш им е гајле за името“, па нема да имаат проблем да бидат Бугари или Албанци. Ваквиот развој на настаните веќе го посочија неколку британски аналитичари. НАТО нема да ја спречи поделбата, затоа што така се затвора проектот 1913, ЕУ со прст нема да мрдне затоа што и самата веќе се расцепкува.
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.667
Поени од реакции
88.546
Бреееј, цела Македонија го слушна и виде како се цинкари, и на крај го ослободуваат.
Како беше она "Правда за сите"... жими ашима.:kuracc:

Официјално имаме нов режим на власт. И по Грујо - Заев.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Јас да сум на местото на Грција црвени линии би ми биле:

Центалнобалканска република Албанобугаристан, напишано со ерменско писмо, фонт 5px, без превод, име на народ: Бугари, јазик Бугарски (Централнобалканска литературна норма).

И пак ќе го примат без вазелин копуциве што преговараат.
Ти не сакаш ли да влеземе во НАТО. И да тргнеме на пат кон ЕУ?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Бреееј, цела Македонија го слушна и виде како се цинкари, и на крај го ослободуваат.
Како беше она "Правда за сите"... жими ашима.:kuracc:

Официјално имаме нов режим на власт. И по Грујо - Заев.
ма дај... Сечено лепено...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom