За почеток единство околу ставот за името, а не како Тројан Заев, или оној пред него, каде тргуваа со нашите национални интереси. Потоа играње на картата “принципиелна опозиција“, каде при недостаток од вистинска опозиција можат да свртат дел од народот на нивна страна. Против влез во ЕУ и НАТО, нешто за што ДПМНЕ цврсто беше против, ама цврсто беше и за. Нивните (на ДПМНЕ) политички ставови кои се засноваа на седење на 2 столици, доведоа до апсолутно напуштање на дотогаш лојалната Германија, која им заби нож во грб и ја загубија меѓународната поддршка, што доведе до дестабилизација во политичкиот врв на таа партија.
Борбата за социјална правда, не е новина, но редно е да имаме партија која ќе биде либерална, како што тежнее во нејзината потичка идеологија. Дали е добро или не, за тоа треба накнадно да се дискутира, но има позитивни ефекти кои досега никој не ги искористил затоа што од истите нема да има некакви користи. ДПМНЕ се обиде нешто слично со земјоделците, ги придоби за момент, но поради лошите економски политики, субвенциите премногу касно им ги пушташе и дел од нив и ги изгуби.
Убаво е што се појавија на Првомајскиот протест. Сега дел од барањата на синдикалците се издржани, одредени не се, но опозицијата е тука за притисок и да докаде дека постои за народот, а не да се лади во партиските штабови и да ечи партиско-националистичка реторика од нивните фб профили, додека оние кои сакаат навистина нешто да променат, се влечат низ улиците маргинализирани на секој агол во нашето оптштество. Тоа беше дел од успешната политика на Никола, која традиционално продолжува и денес.