Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.263
Поени од реакции
16.898
nie sme za so rusia!!!!!
Јас на пример лично, од емотивни побуди би немал ништо против и да се свртиме кон Истокот, ете кон Русија нека биде, но реалноста вели дека најмалку два фактори не се во прилог на евентуално такво вртење: Русија не изразува преголем интерес за нас, и второ - албанскиот фактор. Поразувачки е што е креирана атмосфера или - или, или ќе смениме име, или нема државата да постои. Јас не се согласувам со таква констатација. Зошто немаме алтернатива и зошто никој не работеше на алтернативни решенија, тоа е прашањето, иако тоа не е баш прагматично решение. [DOUBLEPOST=1526735325][/DOUBLEPOST]
Уште 2008 во Букурешт беше јасно дека нема НАТО и ЕУ за Македонија како таква, освен ако не се подели... а што се однесува до другиот избор.... му избркавме дипломат ако не се лажам....
За кој дипломат станува збор?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Гледам цело време спомнуваш антиквизација. Може барем да објасниш што е тоа, некоја дефиниција, дали е спомната у некоја книга? Скопје 2014 може да виде само криминализација.
И јас сум против некои од градбите што го претрупаа центарот, односно сите што не постоеле пред 63-та, мостовине,некои споменици и галиите, ама никогаш не би си ги навредувал луѓето кои направиле могу повеќе од било кој од нас за Македонија и заслужиле да добијат барем по еден споменик. Секако дека беа испрани многу пари, а за тоа нема никој да одговара, ама никогаш не би прифатил да бидат тргнати.
Не се само зградите антиквизација. Тоа е пообемен процес у кој се пресекоа корени со словените (а се плаче по Русија, која иронија), се измени историјата што ја учат децата во основно школо, се испоменуваа називи на институции, се снимаа документарци...цела иконографија. Реално, претходно кон Грција немало отворена р'чка, освен првото знаме, кое е само во различна боја од нивното за нивниот регион Македонија. Парите за "проектот" се друга работа...[DOUBLEPOST=1526736050][/DOUBLEPOST]
А шо мислиш грциве ќе го прифатат новиов предлог?Нема шанси,нивната цел е разнебитување и поделба на Македонија.Ко шо кажав и предходно,многу се плукаме мегу себе а не гледаме дека околината не ни е наклонета.Зарем грциве не се куртони шо во 21 век се замараат со вакви глупости?
Нивното ниво е многу ниско, мизерно за европска држава, а посебно за земја на која као се темели унијата, нели "римско право и грчка демократија", ама секогаш се во поповолна ситуација од нас после нашата независност. За плукањето и мене ми е криво, не знам што да кажам. Колку пати имам повторено дека злото е во коалицијата сдс-дпне-учк и дека прво шо треба да се постигне е нив да ги снема. Сдс е лажен наследник на комунистите, а дпне е во галактички размери далеку од историското ВМРО.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Не се само зградите антиквизација. Тоа е пообемен процес у кој се пресекоа корени со словените (а се плаче по Русија, која иронија), се измени историјата што ја учат децата во основно школо, се испоменуваа називи на институции, се снимаа документарци...цела иконографија. Реално, претходно кон Грција немало отворена р'чка, освен првото знаме, кое е само во различна боја од нивното за нивниот регион Македонија. Парите за "проектот" се друга работа...
За брзо време ќе има нова промена на историјата ама по бугарски терк,нова иконографија,нови учебници по историја во кои ќе пишува за нашата заедничка историја и оп,од антиквизација во бугаризација!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Целта е да се промени историјата и негира македонскиот народ. Ако сами кажеме дека сме нова држава без корени, создадена на Илинденското востание, ќе се појави прашањето кој народ го направил тоа востание. По разни меѓународни историчари и архиви, Илинденското востание го водат како востание на бугарите.
А кога сме имале држава во историјата пред Илинденското востание, или барем назнаки за државотворна свест?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.487
Поени од реакции
81.978
Јас на пример лично, од емотивни побуди би немал ништо против и да се свртиме кон Истокот, ете кон Русија нека биде, но реалноста вели дека најмалку два фактори не се во прилог на евентуално такво вртење: Русија не изразува преголем интерес за нас, и второ - албанскиот фактор. Поразувачки е што е креирана атмосфера или - или, или ќе смениме име, или нема државата да постои. Јас не се согласувам со таква констатација. Зошто немаме алтернатива и зошто никој не работеше на алтернативни решенија, тоа е прашањето, иако тоа не е баш прагматично решение.
Ја неам ништо против да се откачиме од дволичнава западна братија, ама тоа да биде издржано, втемелено на некакви објективни поставки, а не само како папагали повторуваат едно те исто и никој не кажува како конкретно би изгледала таа интеграција на таа страна, некои конкретни покани за прием, што, како...
Јок. Ништо од тоа нема, само лаење, додека пак, на другава страна имаш мал милион конкретни ставки: ИПАРД фондови, секаква друга помош, асоцијативни иницијативи...
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Aнтиквизацијата беше процес за да се спречи Македонија да влезе во НАТО со наводно нервирање на грците. Кој ќе стигне си се кусури со нас. Така да тешко ќе опстане држава кај што грците даваат вето за да му удоволат на Москва а од друга страна цицаат од ЕУ фондови - ВИН ВИН. Бугарија му удоволува на ЕУ со тоа што сака да не земе под нејзина закрила. Србија исто не дупи му удоволува на Путин. Кога ќе видиш само Албанија искрена намера има и во лице ти ја кажува.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Поскапување на керозинот за 100% нема да влијае врз најсиромашните. Тие и така немаат авиони. Која лејка е оваа како стигнала волку глупава до пратеник.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Ја неам ништо против да се откачиме од дволичнава западна братија, ама тоа да биде издржано, втемелено на некакви објективни поставки, а не само како папагали повторуваат едно те исто и никој не кажува како конкретно би изгледала таа интеграција на таа страна, некои конкретни покани за прием, што, како...
Јок. Ништо од тоа нема, само лаење, додека пак, на другава страна имаш мал милион конкретни ставки: ИПАРД фондови, секаква друга помош, асоцијативни иницијативи...
Прво нешто што треба да направиме е да се откачиме од сите "фондови", "помош" "асоцијативни иницијативи" "донации" итн.
Сите тие работи се компензација за нашите пари што се крадат преку корупција, тендери, рамковни и партиски цицачи.

Пази, сето тоа е добро искалкулирано од страна на ЕУ, УСАИД, итн.
Ние ќе ви дадеме пари, и со тоа ќе ве контролираме.
Ако сакате да се оттргнете од ланецот, нема да можете, затоа што намерно ги поддржуваме вашите корумпирани политичари,
за да ви ги трошат парите, и да морате да земате пари од нас - и така ќе ве контролираме.
И се така во круг.

Ние сме наркоман-држава, а ЕУ и НАТО се дилерите.

На нив најмалку им одговара да се расчисти со корупцијата во МК.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.487
Поени од реакции
81.978
Прво нешто што треба да направиме е да се откачиме од сите "фондови", "помош" "асоцијативни иницијативи" "донации" итн.
Сите тие работи се компензација за нашите пари што се крадат преку корупција, тендери, рамковни и партиски цицачи.

Пази, сето тоа е добро искалкулирано од страна на ЕУ, УСАИД, итн.
Ние ќе ви дадеме пари, и со тоа ќе ве контролираме.
Ако сакате да се оттргнете од ланецот, нема да можете, затоа што намерно ги поддржуваме вашите корумпирани политичари,
за да ви ги трошат парите, и да морате да земате пари од нас - и така ќе ве контролираме.
И се така во круг.

Ние сме наркоман-држава, а ЕУ и НАТО се дилерите.

На нив најмалку им одговара да се расчисти со корупцијата во МК.
Има вистина во ова, но работата се прекршува во болдираното. Тоа што болдираното постои е исклучиво наше дело, на нашиот прекрасен народ. Не паднале од Марс тие.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.057
Поени од реакции
17.919
Сва среќа да беше до нас ќе расчистевме со корупцијата:icon_lol: Или па со Русите, они се познати по расчистувањето со корупцијата.
Моментот кога Нато и Еу ќе дигнат раце од нас, господ нека ни е на помош.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Има вистина во ова, но работата се прекршува во болдираното. Тоа што болдираното постои е исклучиво наше дело, на нашиот прекрасен народ. Не паднале од Марс тие.
Немаш избор, освен Курто и Мурто со европско знаменце.
Па ти гласај.[DOUBLEPOST=1526743170][/DOUBLEPOST]
Моментот кога Нато и Еу ќе дигнат раце од нас, господ нека ни е на помош.
Моментот кога ќе снема хероин, Господ нека ни е на помош.

Тоа е тој наркомански менталитет.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.677
Поени од реакции
28.121
Пaтoт нa Мaкедoнијa е ЕУ и НАТO.Не ли гo изoдиме у скoрo време мoже дa се сликaме.Тoгaш ке дoзнaеме декa и oд oвa имaлo пoдoле.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom