Македонска берза

Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Dali moze nekoj da mi porvrdi deka Beg e otiden vo stecaj?
6824471 Друштво за дистрибуција на топлинска енергија ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје Drushtvo za distribucija na toplinska energija DISTRIBUCIJA NA TOPLINA BALKAN ENERDjI DOOEL Skopje
6810306 Друштво за инвестиции, производство, трговија и советодавни услуги БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП АД Скопје Drushtvo za investicii, proizvodstvo, trgovija i sovetodavni uslugi BALKAN ENERDjI GRUP AD Skopje
7001363 Друштво за обезбедување БАЛКАН ЕНЕРЏИ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ Скопје Drushtvo za obezbeduvanje BALKAN ENERDjI SEKJURITI DOOEL Skopje
6832938 Друштво за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје Drushtvo za proizvodstvo na toplinska energija PROIZVODSTVO NA TOPLINA BALKAN ENERDjI DOOEL Skopje
6832911 Друштво за снабдување со топлинска енергија СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје Drushtvo za snabduvanje so toplinska energija SNABDUVANjE SO TOPLINA BALKAN ENERDjI DOOEL Skopje

Сите БЕГови имаат статус: Активен, ако провериш на сајтот на ЦРМ.
 
Член од
5 јуни 2017
Мислења
126
Поени од реакции
90
Ова со Гранит ќе помине како што помина и со НЛБ. Тие што испаничија продадоа по дампинг цена, тие што беа хазардери купија ефтино. Ако е заглавена Гранит нема (ни да смее) да може да купи акции во КБМ, напротив во билансот на успех има дури и намалување на финансиски расходи... Гледам вчера поминала трансакција на 707 ден по акција, кога при крај на ден одеа по 762ден. А книговодствена е 1.630...
Би сакал и јас да си во право за Гранит бидејќи и на мене од поодамна ми е во фокус акцијава. Мегутоа не знам на што го базираш оптимизмот овде а и компарацијата со Тутунска е несоодветна.Акцијата на Тутунска падна поради краткотрајниот шок од посната дивиденда, па пота се врати пак во нормала бидејќи банката топ си работи. Кај Гранит имаме сосем друга ситуација: Во 2015 год нето добивка по акција е 121 ден, во 2016 добивката по акција е 96 денари, во 2017 добивката е 45 денари, а ако се земе Q1 за 2018 добивката ќе биде уште помала.Со оваков пад на приходите акцијата на цена од 750 ден дури е и преценета. Тоа што книговодствената цена на акцијата е 1.630 денари ама баш ништо не значи. И Бетон Скопје има книговодствена 38.000 денари ама пазарот ја цени на 7.700. Жално но вистинито.Дали е лош менаџмент или нешто друго, објективно, е во прашање не можам да кажам, ама акцииве на градежнициве се повеќе и повеќе заликуваат на коцкарски!
 
Последно уредено:

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
https://republika.mk/918048
Тука нешто смрди во целава ситуација. Телеком има акција скоро дупло поголема пазарна цена него што е книговодствената. Веројатно најпреценета компанија на МСЕ, воопшто не делуваат на германска компанија напротив се како испостава на некое министерство
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946

Речиси 40 проценти е сопственост на државата која што одлучува за голем дел од вработувањата како и за распределбата на добивката.

Мене ми е логично или германците да напуштат или да ја преземат 100 проценти.
 
По која цена? Сигурно не по 270 ден, тоа е прескапо во превод значи дека телеком вреди 421 милион евра, и за 40% да доплатат негде 169М за што, вака имаат управувачки пакет, зошто би дале 170 М ЕУР за да спречат да се вработуваат лепачи на плакати? И да си отидат за 200-300 милиони чист ќар се. Бричеа со цени (посебно коа беа монопол) и со дивиденди со години, и да сеа може ќе сакаат да си одат, само не знам кој би платил долку скапо по акција...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.537
https://republika.mk/918048
Тука нешто смрди во целава ситуација. Телеком има акција скоро дупло поголема пазарна цена него што е книговодствената. Веројатно најпреценета компанија на МСЕ, воопшто не делуваат на германска компанија напротив се како испостава на некое министерство
Македонски Телеком се однесува како министерска испостава бидејќи е` министерска испостава.

Внатрешната структура на Македонски Телеком речиси воопшто не е променета, само е исполирана со логото на Дојче Телеком и ништо повеќе.

Швабите инвестирале во компанијата, очекуваат профит за возврат, го добиваат очекуваниот профит, а што се случува внатре во компанијата воопшто не ги интересира се` додека компанијата им носи профит.

Кога сме кај профитот на Македонски Телеком, се` додека Лига на Шампиони и Арена Спорт каналите останат ексклузивни само на MaxTV, Македонски Телеком нема да губи корисници, а и корисниците на Неотел преку оптичка телекомуникациска мрежа му носат профит на Македонски Телеком, бидејќи Неотел ги нуди своите услуги преку сопствената бакарна и/или оптичка телекомуникациска мрежа каде што истата е` достапна, а таму каде што бакарната/оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел не е` достапна, Неотел ги нуди своите услуги преку бакарната и/или оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Профитот од корисниците на Вип и на Тотал ТВ кои користат ADSL/VDSL или оптички Интернет преку мрежата на Македонски Телеком доаѓаат онака како ситен бакшиш, но секако дека и таквиот профит е добредојден од страна на швабите во Бон.

Профит за Македонски Телеком има и ќе продолжи да има во блиска иднина, се` додека телекомуникациските оператори од конкуренцијата не ги прошират сопствените оптички телекомуникациски мрежи низ Македонија. Единствен телекомуникациски оператор кој сериозно напредува на тоа поле е Неотел, но далеку е денот кога повеќе нема да ги нуди своите услуги преку бакарната и/или оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Во вакви околности, заминување на Дојче Телеком од Македонија воопшто не држи вода бидејќи профитот на швабите им е` загарантиран, но ако навистина Дојче Телеком си замине од Македонија, било кој од спомнатите купувачи на Македонски Телеком од Бугарија и од Турција ќе биде лоша инвестиција за македонските корисници.

Ако веќе мора да се продава Македонски Телеком, подобро британски Водафон или шпанска Телефоника или норвешки Теленор нека го купи, така компанијата ќе остане во сопственост на светски бренд кој постојано развива и имплементира најнови технологии од областа на фиксната и мобилната телефонија, наместо да се претвори во уште еден локален телекомуникациски оператор.

А ако државата го откупи мнозинскиот сопственички удел на Дојче Телеком, тоа ќе биде скокање не од коњ на магаре, туку ќе биде скокање од слон на желка, па дури тогаш ќе расцветаат партиските вработувања во Македонски Телеком и наместените тендери.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Книговодствено вредноста е ниска зашто номиналната цена на првично купените акции е ниска, мислам 100 ден. Потоа ДТ докупи 10% и ги плати 400 ден.

Вредноста ќе се процени според слободниот паричен тек, а не според книговодствената. Реално би се очекувало 350-400 ден, никако помалку[DOUBLEPOST=1526659061][/DOUBLEPOST]Само овој егзодус на јаки странски инвеститори не е на арно
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Македонски Телеком се однесува како министерска испостава бидејќи е` министерска испостава.

Внатрешната структура на Македонски Телеком речиси воопшто не е променета, само е исполирана со логото на Дојче Телеком и ништо повеќе.

Швабите инвестирале во компанијата, очекуваат профит за возврат, го добиваат очекуваниот профит, а што се случува внатре во компанијата воопшто не ги интересира се` додека компанијата им носи профит.

Кога сме кај профитот на Македонски Телеком, се` додека Лига на Шампиони и Арена Спорт каналите останат ексклузивни само на MaxTV, Македонски Телеком нема да губи корисници, а и корисниците на Неотел преку оптичка телекомуникациска мрежа му носат профит на Македонски Телеком, бидејќи Неотел ги нуди своите услуги преку сопствената бакарна и/или оптичка телекомуникациска мрежа каде што истата е` достапна, а таму каде што бакарната/оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел не е` достапна, Неотел ги нуди своите услуги преку бакарната и/или оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Профитот од корисниците на Вип и на Тотал ТВ кои користат ADSL/VDSL или оптички Интернет преку мрежата на Македонски Телеком доаѓаат онака како ситен бакшиш, но секако дека и таквиот профит е добредојден од страна на швабите во Бон.

Профит за Македонски Телеком има и ќе продолжи да има во блиска иднина, се` додека телекомуникациските оператори од конкуренцијата не ги прошират сопствените оптички телекомуникациски мрежи низ Македонија. Единствен телекомуникациски оператор кој сериозно напредува на тоа поле е Неотел, но далеку е денот кога повеќе нема да ги нуди своите услуги преку бакарната и/или оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Во вакви околности, заминување на Дојче Телеком од Македонија воопшто не држи вода бидејќи профитот на швабите им е` загарантиран, но ако навистина Дојче Телеком си замине од Македонија, било кој од спомнатите купувачи на Македонски Телеком од Бугарија и од Турција ќе биде лоша инвестиција за македонските корисници.

Ако веќе мора да се продава Македонски Телеком, подобро Британски Телеком или шпанска Телефоника нека го купат, така компанијата ќе остане во сопственост на светски бренд кој постојано развива и имплементира најнови технологии од областа на фиксната и мобилната телефонија, наместо да се претвори во уште еден локален телекомуникациски оператор.

А ако државата го откупи мнозинскиот сопственички удел на Дојче Телеком, тоа ќе биде скокање не од коњ на магаре, туку ќе биде скокање од слон на желка, па дури тогаш ќе расцветаат партиските вработувања во Македонски Телеком и наместените тендери.
Во право си за горенапишаното... Иако профитите не им се баш сјајни како порано (ама тоа беа услови на монопол) него јас се осврнав повеќе на цената на акцијата и ја анализирав од бизнис аспкет на вложувач во хартии од вредност. Тука тврдам дека цената на акцијата е прескапа веројатно никаде во регионот, ни во европа не одат телекомите дупло повеќе од книговодствената вредност.[DOUBLEPOST=1526659483][/DOUBLEPOST]
Книговодствено вредноста е ниска зашто номиналната цена на првично купените акции е ниска, мислам 100 ден. Потоа ДТ докупи 10% и ги плати 400 ден.

Вредноста ќе се процени според слободниот паричен тек, а не според книговодствената. Реално би се очекувало 350-400 ден, никако помалку[DOUBLEPOST=1526659061][/DOUBLEPOST]Само овој егзодус на јаки странски инвеститори не е на арно
Ако телеком оди 400 ден по акција тоа значи 620 M EUR, тогаш банките по колку ќе одат на продажба, по милиjарда евра? Треба да се биде реален кога се прават анализи. Во таа весела математика ако банките одат толку скапо значи гранит си изѕида од комерцијална биланси за наредни неколку години да не му ја мисли, ич работници да не праќа :)
 
Последно уредено:

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332

хммм....денес скоро 1 милион евра промет и тоа без блокови ;)
а се ближи и МСЕ 3000, психолошка граница :cool:
странците (хрвати и словенци) се намалуваат, но истовремено депозити од 5,53 милијарди евра лежат во банки за смешни камати (кои ќе се намалуваат и понатаму)
Потенцијалот е тука:cool:
Барем 10% од нив да завршат на МСЕ.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Ако телеком оди 400 ден по акција тоа значи 620 M EUR, тогаш банките по колку ќе одат на продажба, по милиjарда евра? Треба да се биде реален кога се прават анализи. Во таа весела математика ако банките одат толку скапо значи гранит си изѕида од комерцијална биланси за наредни неколку години да не му ја мисли, ич работници да не праќа :)
А ти за колку би продал фирма со ЕБИТДА 70М и кеш 20М?
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
А ти за колку би продал фирма со ЕБИТДА 70М и кеш 20М?
Да де точно телеком има 20 М годишно, 3-те најголеми банки по негде 40 а за наредна година веројатно (минимум една) ќе проби-е/јат и 50М евра, значи минимум вредат дупло повеќе од телеком (плус имот екпозитури и сл.) Затоа викам дека ТЕЛЕКОМ е ПРЕЦЕНЕТА, никој нема да даде милијарда евра за банка во РМ, како што никој нема да даде 600 М евра за Телеком. Реална вредност по акција за телеком е максимум 200 ден, а тоа е нешто над книговодствена вредност. Спомна номиналната ја намалило книговодствената на телеком, епа ако гледаш така на комерцијална номинална и е 1.000 ден а книговодствената е 4.800, така да колку е "вистинската" книговодствена на КМБ? 6.000 ден!!! Е па тогаш по математиката твоја за телеком дека ќе оди по 400 ден, па за комерцијална треба да оди за 10.000 ден минимум. Едно е што сака човек, друго е што е рално. Исто симтоматично е што прават со толку голема амортизација? 50М годишно не е малку, не верувам дека имаат големи расходи за кредити. Отвараат штандови по молови (немаат ни продавници повеќе) како тезга на сред маркет и нудат производи.
 
Извини ама ти разбираш ли што е ЕБИТДА?

Ај за секој случај да ти објаснам. Тоа е оперативна добивка плус амортизација. Чист паричен прилив. Банките да, имаат голема оперативна добивка, ама многу мала амортизација. Тел има огромна амортизација од 60тина М евра поради брзото амортизирање на ИТ средствата. Заедно со оперативната добивка доаѓа до преку 70 М евра.

Со 10 да се дисконтира, а многу е, па пак искача преку 700 М евра.

Кој му е многу нека товари банки. Пошто таму немало ризик. Богдачува :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE

Kajgana Shop

На врв Bottom