danok na imot

  • Креатор на темата Креатор на темата Natassa
  • Време на започнување Време на започнување
Некаде на 500к денари, незнам како. Во катастар пишува дека е нива. Решението ми стига секоја година откако го купив 2012та.
 
Некаде на 500к денари, незнам како. Во катастар пишува дека е нива. Решението ми стига секоја година откако го купив 2012та.
За да биде 2600 денари (0,15%) они ти го процениле 1733333 денари или 4952 денари (80 евра) по квадрат,
значи не е 500к туку 3,5 пати повеќе, освен ако не погрешиле нешто, а за тоа ќе треба да и отидеш на тие во општината, овде никој не може да ти помогне.
 
Во Скопје мислам дека е 0,15%, а во некој места е и 0,1%,
поради тоа што тоа земјиште ти е земјоделско и ти не го користиш за да садеш краставици они ти опнале 5 пати повеќе, оди да си го пренамениш земјиштето во градежно (околу 500 мислам дека се плаќаше) и после ќе плаќаш како сите.

https://www.finance.gov.mk/mk/node/4445
Даночна стапка
Стапките на данокот на имот се пропорционални и изнесуваат од 0,10% до 0,20%. Истите можат да се утврдуваат според видот на имотот. Затоа и стапките на данокот на имот за земјоделско земјиште кое не се користи за земјоделско производство можат да се зголемат од три до пет пати во однос на основните стапки.

Висината на стапките со одлука ја утврдува советот на општината, советот на општините во градот Скопје и Советот на градот Скопје согласно Законот за градот Скопје.
 
Да да, ако е земјоделски имот, а не се користи за земјоделска дејност, се плаќа 5 пати повеќе. Уствари реално, треба да ти е 500-600 денари, така нешто ќе му дојде. Сега смени го во катастар тоа.

@alex1986 Затоа ти ги поставив тие три прашања претходно. Решението е во рамки на законските прописи.
 
Последно уредено:
Фала дечки, можно е тоа да се смени со онлине барање или морам лично во катастар?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom