@Del Boy , Во Скопје таква сообраќајна некултура постои што најдобро е и од дома да не излагаш пошто во никој момент не си сигурен ни како пешак, а камоли како учесник во сообраќај со мотор или кола. Ама ако може пола Македонија да живее во таква средина, може и нашиов јунак да јуриша низ градските улици со моторче.
@MAJA 345 , Во движење си со моторчето и имаш природно ладење. Си дувка ветерче, а ти си уживкаш. На точакот мора да запнуваш и вртиш, при секое вртење трошиш енергија, а потта на крај е производот од целиот тој процес.
Имаш брат слика,како изгледа твојот? Мојот е
Супер е ова за град. 4 тактно машинче. Троши помалку од пегла, а снага има да те извлече секаде. Измислено за во градски средини.
Другаров зема овакво слично лани. Го најдовме за 250 евра. Краџа.
Иначе он живее на доста непристапно место. Припор е ништо за неговата населба. Алпинистички предизвик е да се дојде до кај него. Толку е високо што улицата, која беше со калдрма, не можеа да ја асфалтираат, па ја наредија со плочки. Со раце и нозе нагоре да се качуваш. Преку лето ќе цркнеш до горе, а зимо чим падне снег, отсечени се од цивилизација до Март. Е на такво место моторчево со двајца качува без проблем. Си прпори нагоре со 170+ кила. Да не почнам за потрошња да пишувам..Последен пат кога ставаше гориво, уште ВМРО беа на власт.
Сезонава од кога е почната едно десетина луѓе можда го прашаа дали го продава, му нудеа далеку повеќе пари, ама не го дава. Ретко е дури и да се најде на огласиве така добар примерок.
Сличен оваков е мојот. 250 V - машина. Custom made, од прв газда. За своја душа правен.
Мојот има само додадено уште едно седиште позади. Има и куферче мало напред. Сега му порачав уште две поголеми за назад. Има тука уште неколку детали различни, custom exhaust, па подлабок звук вади.
Чувството кога се вози е непроценливо. Право уживање е вожњата, посебно на долги релации. До сега најдалеку го имам извозено до Дојран, а летово се токмам да идам до Грција. Тоа ќе биде првата поголема проба, и ако помине во најдобар ред, следната дестинација ќе биде Јадранско море, Хрватска. Само што до таму имам едно 14 саати вожња, и тоа е тоа што ме плаши.