Не баш. Русите го вооружаа Асад со прилично напредни оружја, онакви какви што ни некои НАТО земји не поседуваат. ПВО на Сирија ја кренаа на една од најнапредните. Го видовме тоа на дело соборувајќи Американски крстосувачки ракети, многу помали ракети истрелани од авиони како и соборување на Израелски авиони надвор од Сириската граница.Све се поврзува со посетата на Нетанјаху на Москва при устоличувањето на Путин. Од тогаш Русите ја вртат плочата и тврдат дека никогаш немало договор за ракетниот систем С 300.
Русија го продал кучата(Сирија)...ќе остани само стратешки(воено) да ги контролира териториите кои ги има запоседнато
И сега Сирија има С-300 или нема. Ако нема, ќе го добие или како С.А што кажуваше дека ЌЕ купат модерно оружје од Русите, ама никако да стигне....Не баш. Русите го вооружаа Асад со прилично напредни оружја, онакви какви што ни некои НАТО земји не поседуваат. ПВО на Сирија ја кренаа на една од најнапредните. Го видовме тоа на дело соборувајќи Американски крстосувачки ракети, многу помали ракети истрелани од авиони како и соборување на Израелски авиони надвор од Сириската граница.
С-300 е многу напреден систем и во одредени ситуации може да се смета за офанзивно оружје. Бидејќи има огромен дострел еден таков систем сместен во Сирија би го покривал целиот Израел во својот домет. Тоа значи дека Сиријците би можеле да соборуваат Израелски авиони веднаш од како ќе полетаат, практично над Израелските воени бази. Тоа е слично како да имаат напредни балистички ракети.
Да не беше Иран верувам дека би го добиле, али после последниве дешавки мислам русите се премислија, продажбата на с-300 може да доведе до поголем конфликт меѓу Израел и Сирија.И сега Сирија има С-300 или нема. Ако нема, ќе го добие или како С.А што кажуваше дека ЌЕ купат модерно оружје од Русите, ама никако да стигне....
Како тоа поголем, што повеќе да и направат на Сирија ...Да не беше Иран верувам дека би го добиле, али после последниве дешавки мислам русите се премислија, продажбата на с-300 може да доведе до поголем конфликт меѓу Израел и Сирија.
Па не би ризикувале да дојде до трета светска војна ради сирија, Русија доволно е тоа што им помогна до сеа, да не беа они сеа ќе беше пекол цела држава под владение на исис и фса, и милиони бегалци уште ќе идеа према европа. Не знам зошто ги напаѓате русите кога со тоа не прават ништо лошо, нивната цел во Сирија е друга, не им е целта да се закачаат со Израел.И ако Русија си е пријателче со Израел, а Израел знаеме е САД, може да се дојде до заклучок, дека Русија и САД не се до толку закрвавени непријатели![]()
Одговорот на ова прашање може да го имаш само откако ќе се повлечат русите од сириска територија па да видиме шоИ сега Сирија има С-300 или нема. Ако нема, ќе го добие или како С.А што кажуваше дека ЌЕ купат модерно оружје од Русите, ама никако да стигне....
Јас не напаѓам, туку кажувам мислење дека Русите како со Србија, Украина и остали не можат да ги спречат Амеериканските интереси. Работава не е како порано на ливада ќе се сретнат и кој остане, тој победник.Па не би ризикувале да дојде до трета светска војна ради сирија, Русија доволно е тоа што им помогна до сеа, да не беа они сеа ќе беше пекол цела држава под владение на исис и фса, и милиони бегалци уште ќе идеа према европа. Не знам зошто ги напаѓате русите кога со тоа не прават ништо лошо, нивната цел во Сирија е друга, не им е целта да се закачаат со Израел.
Па сигурно нема да остават С-300 или С-400 . Од тие 40 Панцир што ги има во Сирија, 1 помалку има сега и тоа на колку глуп начин го изгубијаОдговорот на ова прашање може да го имаш само откако ќе се повлечат русите од сириска територија па да видиме шо
ќе остават.
Моментално на сириска територија потврдено оперираат два С400 системи кои беа повлечени од московската воена област, и повеќе С300 системи вклучително и бродските верзии кои се дел од руска морнарица.
Пред десетина дена во базата Тартус под димна завеса во најстрога тајност беше истоварена опрема, се претпоставува дека најмалку уше еден С-систем е истоварен заедно со системи за радио електронско војување. Патем речено не можат ни сателитски да одредат прецизно шо е истоварено пошто базата во Тартус е под заштита на најмалку еден Красуша 4/2.0 систем па нешто им се матни сликите
Она шо напиша @Human за С300 системот моментално може само да се однесува на поновата верзија С400, по однос на Израел и Турција, иако непобитен е фактот дека еден таков систем драстично ќе ја зголеми потентноста на сириското ПВО и сепак значително ги намалува офанзивните способности на земјите во чија близина ќе биде позициониран.
Инаку пред два дена на Кина е доставена последната транша од С400 со шо стана втората земја која го поседува овој систем.
Падот на Ердоган сигурно нема да биде на демократски начин од причина што демократските инструменти за промена на власт во Турција скоро и да не постојат освен на хартија.Седум години ИСИС и Ал Каеда се на границите на Израел на Голанска Висорамнина, овие со прст не мрднаа, сега им текна кога Асад треба да ја чисти Дара. Без разлика, касно е, нема веќе човечки ресурси, без борба џихадистите ги предадоа териториите и фатија зелените автобуси за Идлиб. Времето работи за Асад, релацијата САД-Европа не е унитарна како 2001-ва кога требаше да се напаѓа Авганистан, има несогласувања за иранското прашање, договорите во Астана под руско покровителство се покажаа како поуспешни отколку оние во Швајцарија под водство на Де Мистура. На тоа ако се додат Јемен и Катар, оската Русија-Иран ја добива регионалната битка. Уште Салман да рикне и Ердоган да падне би било идеално. Првото е прашање само на време, второто малце потешко.
Види, русите пред неколку дена го испорачаа С400 на Кина, требаше тоа да се случи поодамна, и во неколку наврати беше одлагано иако исплатен беше системот. Значи сепак испораката на напредна воена техника е повеќе од пари, има многу повеќе задкулисни игри позади сето тоа.Па сигурно нема да остават С-300 или С-400 . Од тие 40 Панцир што ги има во Сирија, 1 помалку има сега и тоа на колку глуп начин го изгубија
Е ако Русите лажат за испорака на С300 и јас лажам
https://southfront.org/russia-is-not-supplying-s-300-air-defense-systems-to-syria/
https://sputniknews.com/military/201805111064353749-russia-s300-supplies-syria/
С- системите во Сирија моментално се под руска контрола. Е сега Израел не се плаши од тоа Сирија да има С системи, се плаши што лесно можат да дојдат во раце на ирански војници и да им ги гаѓаат авионите. Незнам колку имаа дострел ама од Дамаск до голанската висорамнина сигурно имаат може и до Ерусалим.Види, русите пред неколку дена го испорачаа С400 на Кина, требаше тоа да се случи поодамна, и во неколку наврати беше одлагано иако исплатен беше системот. Значи сепак испораката на напредна воена техника е повеќе од пари, има многу повеќе задкулисни игри позади сето тоа.
Сирија е неспоредливо покомплицирана ситуацијата во секој поглед, дали Сирија ќе добие извозна варијанта на С300 не знам, дали добила е чиста шпекулација затоа шо веќе има оперативни такви системи на терен. Значи ако таму има оперативни системи, русите многу лесно може веќе да вршат обука на сириска посада за системот, па доколку дојде моментот без разлика дали од постојните (шо не ми се верува од руски ВС систем, сигурно извозна варијанта) само да го преземат и стават во функција.
Веќе напишав, само откако ќе се повлечат русите ќе дознаеме за сигурно дали Сирија поседува оперативен С300. До тогаш во јавноста се ќе се сведува на шпекулации, освен ако нема провокација или некој непланиран развој на настаните па да се обзнани бомбастично некоја таква информација.
Во контекст на ова интересен напис, еден од двајцата најзаслужни за операциите против ИСИС и поддршка на Асад, ирански генерал во исламска револуционерна гарда QUDS (сили за надворешни дејствија) и официјално ставен на отстрел, другиот, генерал на руското воено разузнавање “почина“ во Либан 2016. Веќе има најмалку еден неуспешен обид за атентат врз него.
Веројатно се припрема терен за нешто во Иран а и пошироко, па ги смалуваат шансите за контраофанзива и/или реализација на воен удар доколку се потклекне под дипломатски притисок.
Ако немаат сојузник на терен, нема да може да тече нафтата во нивна корист. Ќе се држат за Курдите, тоа им е последна опција. И јас не верувам дека ќе има поголем судир Асад-Курди ама нема ни Ердоган-Курди. Но можно е султанот да опипа терен преку џихадистите, т.е. прокси. Идлибскиот џеб стана мала бара полна крокодили, што може да ги насочи према Манбиџ, ама се додека има американско присуство таму, не верувам дека ќе чепка лично со своја армија, како што беше во Африн.Американците прилично длабоко заглавија со Сирија и се наоѓаат пред пораз во целта да го тргнат Асад од власт. Ќе се вадат со Курдите. Не за џабе е целата таа поддршка што ја имаат Курдите од САД. Моја претпоставка е дека ќе се оди на многу поголема автономија или евентуално независност доколку конфликтот тргне накај политичко решение, што од сегашна гледна точка ми изгледа најверојатно. Оттука и териториите освоени каде што нема Курдско население, ќе им бидат добар адут на Курдите во евентуални преговори.
Друго сценарио кое мислам дека е помалку веројатно е воен судир Асад-Курди. Прашање на време е до кога Асад ќе расчисти со џихадистите со помош на Русија и потоа сите напори ќе ги вложи во враќање на деловите што ги држат Курдите. Тоа може да тргни политички под покровителство на Русија, но брзо може да прерасне во воен судир. Во тој случај не знам колку Русија би му помогнала на Асад.
Ердоган ми делува како нестабилен бидејќи е во ситуација да делува како таков и може да ги игра и САД и Русија до одреден степен. За него би било добро да се судрат Асад и Курдите, ќарот му е огромен. Но и колку да е далеку тоа, сеуште се наоѓа во многу поволна ситуација бидејќи може да се ценка моментално со кој сака. Сепак, за да биде помирен мислам дека ќе проба да ги исчисти Курдите западно од Еуфрат.
Во целост се согласувам со твојот претходен пост, освен делот за САД. Ним не им треба моќен непријател или моќен сојузник. Битно им е регионот да е што е можно поконфликтен за да имаат оправдување за борба од која можат да ги цицаат ресурсите. Добро знаат дека и најлојалниот сојузник таму може преку ноќ да им сврти грб. Ситуацијата е многу променлива, така да нивното досегашно искуство со Иран, Садам, доста воени групации им кажува дека подобро е да бидат што е можно порасцепкани за да можат да поддржуваат страни кои моментално би им одговарале. Се дури нафтата течи во нивна корист.
Крајот на конфликтот во Сирија дефинитивно ќе биде почеток на нов.
И во договорите во Астана се тие главни страни, никаде не фигурираат ни САД, ни Саудиска ни бутур. Саудијците остануваат со се помалку пријатели. За тоа Салман пред неколку месеци отиде низ Индонезија и далечна Азија.@Sussaro
Да те надополнам само, не за џабе имаа средба Ердо, Хамнеи и Путин. Очигледно сите акции на Иран и Турција, не само што се преќутуваат, туку очигледно е дека се и меѓусебно добро координирани, за да дадат максимален воено-политички ефект.
Што се однесува до воено-политичката соработка, помеѓу Иран и Турција, тоа претставува голема опасност за КСА и нејзиното влијание во поширокиот регион.
Нема да си заминат, ќе останат во териториите под курдска контрола, барем за сега. Но она што ми е мене мило е што сунитските џихадистички гомнари се скоро па готови. Дали курдското влијание ќе биде посилно или послабо ми е помалце битно, се додека не се ИСИС, Ал Каеда, Џаиш ал Ислам и Ахрар ал Шам.Викаш САД и компанија ќе си соберат куферите и со наведнати глави ќе си заминат.
Русија затоа ли вика, Сирија нема потреба од С-300
Не сме 19век, па божем закрвавени непријатели, па неосвоени територии.
А и за Авганистан мислам беше се противеа. Случајно пола Париз гореше од тоа црнците, па сите се приклучија![]()
Да, од сегашна перспектива само со сила може да падне Ердоган. Ме чуди американската пасивност по тоа прашање, историски не личи тоа на нив, да седат на страна додека главниот им НАТО партнер си договара вакви некои работи со главниот им непријател.Падот на Ердоган сигурно нема да биде на демократски начин од причина што демократските инструменти за промена на власт во Турција скоро и да не постојат освен на хартија.
А ако се случи да падне Ердоган, ова во Сирија ќе биде смешка во споредба со тоа што ќе се случи во Турција.
Исто, не сум баш многу убеден дека таа оска Иран-Русија е баш толку силна и можноста тоа да биде некое долгорочно партнерство.