Македонска берза

Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Некој се евакуира веќе 12 месеци по ред

http://www.mse.mk/Repository/Reports/MK/ReportMK_9_20180401_20180430.pdf

Од КМБ поготово. Странските инвеститори и понатаму на продажна страна

Инаку излезе Кв 1 на мојата омилена акција ТЕЛ. Таму сум со речиси 50% од портфолиото. И што да се каже...приходите растат, расходите паѓаат, добивката во дебела позитива. Таа акција нема сезонски карактер па веќе сега можеме да проектираме ЕБИТДА преку 4,300 М ден, некаде 10% над ланската.

Значи акцијата нуди дивиденда 6-7% и капитална 10-15%, вкупно околу 15-20% принос. Знам дека не се споредува со 30% за 3 дена, ама сепак...топло препорачувам. Дур има за ефтини пари

Пс. За купувачи до 15ти Мај следи и дивиденда ;)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946

Она што го пишува во дополнителните информации за резултатите не делува дека компанијата може да остави значителен раст кај приходите од основната дејност.

Очекувано паѓаат приходите од фиксна, им се намалуваат претплатниците во мобилната и има незначителен пораст кај телевизијата и интернетот.
 
B

Bafra

Гостин
Некој се евакуира веќе 12 месеци по ред

http://www.mse.mk/Repository/Reports/MK/ReportMK_9_20180401_20180430.pdf

Од КМБ поготово. Странските инвеститори и понатаму на продажна страна

Инаку излезе Кв 1 на мојата омилена акција ТЕЛ. Таму сум со речиси 50% од портфолиото. И што да се каже...приходите растат, расходите паѓаат, добивката во дебела позитива. Таа акција нема сезонски карактер па веќе сега можеме да проектираме ЕБИТДА преку 4,300 М ден, некаде 10% над ланската.

Значи акцијата нуди дивиденда 6-7% и капитална 10-15%, вкупно околу 15-20% принос. Знам дека не се споредува со 30% за 3 дена, ама сепак...топло препорачувам. Дур има за ефтини пари

Пс. За купувачи до 15ти Мај следи и дивиденда ;)
Проблемот кај оваа златна кокошка е ако го пратиш Буревесник, е што се испумпуваат милиони евра од страна на менаџерите (наши и германски) . Таа пракса нормално нема да прекине :( .
Среќа даваат трошки и за нас обичните, па си ги чувам :D
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
318
Mi ja zema mislata....
I jas sum so 25% tamu, no zamisli kakov FI bi imala da ne e uste edna drzavna prodolzena raka za perenje pari...

Проблемот кај оваа златна кокошка е ако го пратиш Буревесник, е што се испумпуваат милиони евра од страна на менаџерите (наши и германски) . Таа пракса нормално нема да прекине :( .
Среќа даваат трошки и за нас обичните, па си ги чувам :D
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
168
Поени од реакции
209
Некој се евакуира веќе 12 месеци по ред

http://www.mse.mk/Repository/Reports/MK/ReportMK_9_20180401_20180430.pdf

Од КМБ поготово. Странските инвеститори и понатаму на продажна страна

Инаку излезе Кв 1 на мојата омилена акција ТЕЛ. Таму сум со речиси 50% од портфолиото. И што да се каже...приходите растат, расходите паѓаат, добивката во дебела позитива. Таа акција нема сезонски карактер па веќе сега можеме да проектираме ЕБИТДА преку 4,300 М ден, некаде 10% над ланската.

Значи акцијата нуди дивиденда 6-7% и капитална 10-15%, вкупно околу 15-20% принос. Знам дека не се споредува со 30% за 3 дена, ама сепак...топло препорачувам. Дур има за ефтини пари

Пс. За купувачи до 15ти Мај следи и дивиденда ;)
Дали е можно некоја влада да се зафати со расчистување на криминалот од времето кога ТЕЛ подкупуваше политичари за да си го продолжи монополот? Ако Заев сака да расчисти со старите структури во СДСМ овој случај би му бил перфектен, бидејќи Дојче телеком веќе ја призна вината во САД и плати дебела пара за да нема судење.[DOUBLEPOST=1525880410][/DOUBLEPOST]Нели е ова ризик за оваа акција?[DOUBLEPOST=1525880682][/DOUBLEPOST]А и пазарната капитализација од 450М евра ја прави највредна фирма на Македонската берза, па не би рекол дека е толку евтина.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
@moonprince Каква врска има маркет кап со тоа дали е акцијата ефтина? Акцијата генерира поврат од најмалку 15% годишно, во време кога високоризични фондови нудат максимум 7%. Ризици има, како и кај секоја акција, ама се минимални, фирмата е доминантна на пазарот од ДВЕ фирми, и нема никаков долг. Државата е вториот најголем акционер, а дивидендата што ја зема е значајна ставка во буџетот...значи шансите да се превземе нешто што би ја оштетило фирмата се минимални.

@Bafra Буревесник е трачерај и не би го сфатил сериозно. Играрии со капиталот се малку веројатни, бидејќи фирмата е пример за добро корпоративно управување и транспарентност. Камо среќа да имавме повеќе такви фирми. Искрено, освен ТЕЛ и УСЈЕ, на трета не ми текнува.

@Zedd Фиксната паѓа и ќе паѓа. Во оваа индустрија бизнисот е во мобилна телефонија и податочни услуги, особено мобилни. А таму има раст. Точно дека паднал бројот на корисници, ама пораснале приходите по корисник, а тоа е поважно за нас акционерите. А најважна е нето добивката, зголемена за 15% од ланската. А тоа не е незначително :)
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
zosto nekoj bi vlozil pari vo TEL, a ne vo STB, NLB??? Nema logika.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.536
zosto nekoj bi vlozil pari vo TEL, a ne vo STB, NLB??? Nema logika.
Затоа што Македонски Телеком гарантира заработувачка секоја година од две причини:

1. Се` додека Лига на Шампиони се емитува ексклузивно на Арена Спорт и останати ТВ канали кои се ексклузивно и исклучиво достапни само на MaxTV, бројот на корисници на MaxTV ќе продолжи да се зголемува;

2. Телекомуникациските услуги на Македонски Телеком - особено преку бакарната телекомуникациска мрежа, се` тапа, но истовремено Македонски Телеком ја има најголемата оптичка телекомуникациска мрежа во Македонија која е достапна до крајниот корисник, а Неотел - кој е` најсериозен конкурент на Македонски Телеком низ цела Македонија, своите услуги ги нуди или преку сопствената бакарна/оптичка телекомуникациска мрежа каде што е` достапна, или каде што не е` достапна Неотел ги нуди своите услуги преку бакарната/оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а тоа му е загарантиран профит на Македонски Телеком од корисниците на Неотел - нешто слично како што Стив Балмер кога беше главен директор на Мајкрософт изјави дека е` среќен за секој продаден уред со Андроид оперативниот систем на Гугл, кој содржи програмски кодови и програмски скрипти од Мајкрософт, поради што на Мајкрософт му следува процент од продажбата на секој уред со Андроид оперативен систем.

А во последно време и Вип и Тотал ТВ се` фатија за орото на Македонски Телеком, Тотал ТВ нуди ADSL/VDSL Интернет за своите корисници преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а Вип неодамна почна на своите корисници да им нуди оптички Интернет преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Така да, со Лига на Шампиони од една страна, и со кираџиите кои допрва треба да изградат сопствени оптички телекомуникациски мрежи за да станат вистинска конкуренција, Македонски Телеком секоја година ќе има загарантиран профит - позагарантиран и од профитот на банките.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Затоа што Македонски Телеком гарантира заработувачка секоја година од две причини:

1. Се` додека Лига на Шампиони се емитува ексклузивно на Арена Спорт и останати ТВ канали кои се ексклузивно и исклучиво достапни само на MaxTV, бројот на корисници на MaxTV ќе продолжи да се зголемува;
Телеком има доста висока цена на телевизиските услуги но сепак бидејќи луѓето се на договор од 2 години тие не смеат да им ја менуваат цената и покрај тоа што трошоците за каналите одат многу нагоре. Мислам дека баш од овие причини ги откажаа Еуроспорт и Дискавери.

Сакам да кажам дека маржата кај оваа услуга им се намалува.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.536
Телеком има доста висока цена на телевизиските услуги но сепак бидејќи луѓето се на договор од 2 години тие не смеат да им ја менуваат цената и покрај тоа што трошоците за каналите одат многу нагоре. Мислам дека баш од овие причини ги откажаа Еуроспорт и Дискавери.

Сакам да кажам дека маржата кај оваа услуга им се намалува.
Откажувањето на ЕуроСпорт каналите и Discovery каналите беше договорен потег со Вип и во Македонија и во Хрватска, бидејќи се надеваа дека ќе успеат да ги натераат Discovery Networks да им понудат поевтина цена за обновување на авторските права за каналите.

Бидејќи не им успеа договорениот потег, сега глумат лудило кое не може да им трае долго, но во случајот со Македонски Телеком, Лига на Шампиони им е` еден од главните производи кој го продаваат за корисниците на MaxTV, поради што не мораат да им се плашат на корисниците кои ќе си заминат само поради ЕуроСпорт каналите и Discovery каналите.

Но и во најлошо - а истовремено и речиси невозможно - сценарио, при што Македонски Телеком би останале без корисници на MaxTV, сепак и таквото сценарио можат да го поднесат, бидејќи се` додека ги имаат Неотел како кираџии, а сега и Тотал ТВ и Вип, постојано ќе имаат загарантирана заработувачка.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Инаку сега разбрав од ревизорите дека веројатно од најскоро ќе биде возможно да се купуваат хартии од вредност во странство поради втора фаза на асоцијација со ЕУ
 
B

Bafra

Гостин
Инаку сега разбрав од ревизорите дека веројатно од најскоро ќе биде возможно да се купуваат хартии од вредност во странство поради втора фаза на асоцијација со ЕУ
Што опфаќа СТРАНСТВО: било која држава или само од ЕУ државите ???
Да знам милиониве што ќе ги направам на МКД каде да ги реинвестирам :pos:
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Јака вест стечајот на ТеТо. Не неочекувана, ама јака. Пишавме веќе дека фирмата попрво ќе прогласи стечај отколку да ги плаќа долговите.

Сега тек ќе видиме колку фирмата вреди. Се плашам само дека некои оптимисти ќе бидат непријатно изненадени. И дека нема да се собере доволно за да се подмират сите кредитодаватели.

Ете го и одговорот зошто Тел некои може да го претпочитаат пред некои банки
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE

Kajgana Shop

На врв Bottom