Проблеми на работа

  • Креатор на темата Креатор на темата letgo11
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 мај 2018
Мислења
3
Поени од реакции
1
Возраст
32
Здраво на сите. Имам проблеми на работа и би сакала да прашам за неколку совети. Пред се, сакам да наведам дека се работи за работа со одговорност од финансиска гледна точка и постојано работење со странки на кои треба да им угодиш скоро секогаш и тоа се бара од нас. Е сега, јас сум прилично нова во фирмата (месец ипол) и сматрам дека веќе се уходив на работа и знам да си ја вршам работата, али постојано имам некои проблеми со колешките. Секогаш се незадоволни од тоа што го сработувам и работата стигна до таму шефот да мора да опомене една од нив за тоа што ми упатуваше непристојни коментари таа и сега ситуацијата е смирена али се гледа дека не сум им по кеиф и не ме прифаќаат воопшто на работа, како клан се овие колешки бидејќи сите си се знаат уште од поодамна и се дружат и приватно. Мене сега ниедна од нив не ме малтретира вербално, али не ме ни дружи ниту сакаат да излезат во пресрет и да помогнат нешто (а јас на нив може, тоа ако). Не знам зашто се однесуваат така кога воопшто не ги познавам ниедна од нив.

Понатаму, иако се вклопив на работа, мене оваа работа не ми се допаѓа. Платата, условите и шефовите се добри и некој би рекол дека барам од пиле млеко али едноставно не ми се допаѓа каква тешка рутина е без предизвици, а за напорно, напорно е. Дали е паметно тоа што јас размислувам за промена на работното место во овие тешки услови само поради лош однос со колешките и рутина и монотоност во работните обврски или е тоа сосема нормално? Барам совет за да не си забијам во здрава нога трн и отидам некаде каде ќе биде полоша плата или лоши шефови, или па уште полоши колеги. Дали сум во право да тргнам во потрага по ново работно место или подобро да ќутам и да работам тука бидејќи апсолутно се е погодено и однос на шефовите кон нас и плата (добра за нашиот стандард) и работата не е тешка (напорна е и монотона и рутинска)?
 
Не знам зашто се однесуваат така кога воопшто не ги познавам ниедна од нив.

Одговорот ти е во прашањето.

Стресот влијае на здравјето, а тоа нема цена. Животот е прекраток за да би го трошел на работа на која не се чувствувам угодно. Но, не ја оставај работата ако немаш 10,000Е на страна, за да можеш година дена да си дозволиш да си без работа.

Мислам дека твоите колешки имале свој пик за работното место, ама најверојатно, си била поквалификувана.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Претпоставувам дека си во група составена од прости и неизживеани. Културни и тимски работници не се однесуваат така.

Тоа го прават за сама да си заминеш. На таа група им пречи секоја нова непозната колешка, наоѓаат замерки во работата и некои одат толку далеку и навредуваат. Уживаат кога некој друг се нервира.

Ја не би останал долго време со такви околу мене. Лошо влијае таква работа под стрес и лоша околина. Замисли 1/3 од денот да ти е со такви....

Помини го летото ако ептен немаш каде, па ќе видиш дали ќе има промени. За тој период игнорирај ги, биди насмеана, не се замарај и не кажувај на шефот за ако повторно те навредат, уште толку ќе те мразат поради тоа.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Но, не ја оставај работата ако немаш 10,000Е на страна, за да можеш година дена да си дозволиш да си без работа.
Аааа значи месечно за живеење се потребни 50 000 денари?
Океј.
 
Јас ништо не спомнав на никого, таа отиде да се пожали од тоа што не сум испочитувала одреден рок и потоа јас си изнесов својата одбрана. Не ми се ни веруваше дека вакво нешто ќе ми се случува, а толку сум нова и толку сум тивка и повлечена во фирмава, со никој не сакам да се замерам ниту да бидам превише блиска, со сите сакам да имам еден професионален однос али колешките скоро сите се свртени против мене што работат околу мене. Тие се сениори ама имаме иста позиција, а си зимаат за слобода тие да ми дадат работни задачи иако шефот кажал кој што ќе работи. И кога ќе се појави он, они се прават фини и му се умилкуваат. Он го има увидено ова верувам, паметен е човек а и кроз конверзација со него увидов некои работи и знам дека немам потреба за нервози, тој има добро мислење за мене ама јас добар дел од работното време го поминувам со овие колешки кои што немаат добро однесување спрема мене а не со него, така да тоа и не ми помага кој знае што.

Инаку финансии не ми се проблем и без оваа работа. Мене една колешка ми посочи дека можеби тоа им е проблемот, мене искрено ми е срам ова воопшто да го изјавам и на форум иако сме анонимни овде, едноставно не е океј така да се гледа на работите.. али ете, колешка ми кажа дека ги слушнала како ме оговараат и зборуваат дека дека јас имам многу пари и во смисла што барам овде, дека мене родители или дечкото ме финансираат и секакви работи. Поради колата што ја возам која патем не е ни моја туку фамилијарна, јас само бензин и ставам.. А како и да е, ништо од ова не е нивна работа и не би требало да судат на некого според ова, и креирале секакви муабети и глупости за мене, што просто не ми се верува и не гледам причина, не сум им дала никаква причина за вакво однесување, јас буквално ретко кога и комуницирам со луѓето од фирмава бидејќи сум срамежлива. Си ја гледам својата работа и тоа е тоа, али нема ден да помине а да немам големи нервози поради овие причини. Ми зборат друштвото што ќе ми се вакви нервози кога веќе имам доволно финансиски средства за океј живот, ама јас сакам сама да се борам во животот, не сеуште да чекам од моите и некако не сама да напуштам оваа работа поради колешките и на тој начин тие да бидат победниците во случајов. Испаѓа дека сум им дала можност тие да одлучуваат за мој живот. Не знам..
 
Не се замарај, направи тие да се нервираат а не ти. ;)
Според мене времето во близина на такви е џабе потрошено.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Веројатно те третираат така затоа што си нова, срамежлива и повлечена. Затоа што си подобро ситуирана од нив, ти завидуваат. Ако си заминеш, значи се предаваш без борба - тогаш си губитник.
Јас имав слични проблеми на работа и работите знаат да излезат од контрола. Секакви луѓе има, а кога се во група се многу посилни, но тоа не значи дека се во право.
Пробај да направиш пријател од нив, комуницирај отворено и внимавај да не се фалиш и да не ги дразниш. Снимај го разговорот на мобилен, можеби ќе има мобинг! Носи нешто полесно за смирување, за секој случај.
Кога ќе созрее ситуацијата ќе знаеш што да правиш.
 
Мислам дека треба да бидеш отворена со нив за конкретниов проблем и да пробаш некако да се поврзеш со нив, пробај раскажиим за некој тежок период што си го поминала во животот, исто така и на шефот ќе му кажеш дека ова ти го отежнува квалитетот на работа и дека ако нешто не се смени можеби ќе мораш да си заминеш.

Не се фокусирај на тоа зошто те нејќат, колку имаш или што заслужуваш. Мислам дека можеш да ја омекнеш работата, кажиим нешто лично и почастиги нешто.
 
Мене ми личат на „најнормални“ проблеми, ако постои такво нешто. Карактери од луѓе има секакви. Знам дека не е убаво да си у атмосфера како што ја опишуваш, ама барем знаеш со кого си имаш работа, на чисто си....рачунај дека може и да си во најфрендли атмосфера, а да си опкружена со скриени играчи (непријатели).
Прв совет ми е - работата да ти ја евалуира шефот. Ако тој мисли дека вредиш и не те брка од работа заради грешки или неспособност - ич да не ти чуе к (ај да не сум вулгарен). Затоа што и грешките може да се почетнички, банални...може да гледа дека ја разбираш суштината на работата, ама ете не си уиграна па ти дава шанса.
Втор совет е - секоја фирма сака да си има теркови на работа, од каква и да е природа работата, за да може во одреден момент некој да ја наследи работата, проектот, предметот (што и да е) и тоа е важно да се почитува. Ако ти даваат примедби за тоа - ги разбирам, ама ако се тужакаат кај претпоставениот и зборат „оваа не ја бива“ - тоа е сељачки и не е коректно од нивна страна. Со такви јас лично не би бил агресивен, ама не би очекувал многу од нив понатаму, тоа се мали човечиња.
Трето, од искуство, повеќето луѓе сакаат да се комфорни и да не шалтаат многу позиции, посебно во ова несигурно време и затоа се однесуваат од претерано претпазливи до многу агресивни кон колегите и треба да ги разбереш за тоа. Посебно во големи фирми, тазе вработен ти е овца меѓу волци. Така да, се' ова што го имаш напишано не излегува многу од рамките на „нормалното“ (што и да е тоа).
Обрни внимание на работата и процени дали ти се исплати да ја работиш, дали ја сакаш, дали спиеш нормално, нервози големи исл....ако ти немаш мирен сон, што па да си упропастуеш здравје у глупа атмосфера.
 
Зависи како ќе се поставиш. Нов кој што е мирен и срамежлив секогаш ќе биде овца помеѓу волците и сите ќе му бидат шефови и ќе биде предмет за озборување.
Ако на почеток им покажеш заби ќе видат дека и не можат така лесно со тебе и дека само еден имаш претпоставен, а не цела фирма.



Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Треба да им се приклучиш у екипата озборувачки, женско си мајке му стара. Кога ќе се зближиш со нив нема да те замараат. Секаде е така, и во основно ако седиш настрана само ќе те гледаат како фрик и ќе те закачаат, и кога ќе се омужиш ако не се зближиш со свекрвата ќе имаш проблем итн. Основни социјални вештини треба да знаете како да се снајдете у некои средини.
 
Покажи им заби.
Кажи им нешто вакво :
Знам дека ме озборувате.Тоа не е во ред. Јас не ви го правам тоа.Зошто вие ми го правите мене ?
Немате корист од тоа.Губите време кое може паметно да го искористите за работа.
Што знаете вие за мојот живот ?
Ништо.Не знаете дека и јас сум човек.И јас поминувам низ сешто.И мачни болки и радости.Сум плачела и од тага и од среќа.
Со работава се обидувам да застанам на нозе и да постигнам нешто значајно.
Јас немам проблем со вас.Вие не ми пречите,а ако јас ви пречам,дајте си отказ.
 
Да им кажувала лични тешки периоди за да ја засакале, па да ја прифателе, па да оговарала за да се најдат на иста фрекфренција, леле аман советиве вриштат. :D

Не си ти должна со нив уопште да правиш муабет надвор од работа и за нешто што не е поврзано со работа. Ако веќе нема тука место за муабет, нема ни што да ги фермаш од таа страна, не ти се они другарки тебе и ти не си ги избрала да поминуваш 8 саати со нив од мерак.
Од една страна, ако не ги уклучиш на игнор може и на наредно место ќе се најде некој што ќе направи да си го мразиш животот. Од друга страна, многу е јасно дека со некои луѓе едноставно немаш разбирачка и поарно е да се тргнеш од нив со време, чисто за твој душевен мир. Во оваа ситуација не гледај дека они победиле, туку ти, бидејќи тебе ти влијае таа атмосфера повеќе, ним им е гајле.
Ако ти се допаѓа работата и си задоволна, тогаш научи се да ги игнорираш луѓето.
Ако и таа не ти одговара, тогаш дај си отказ.
 
Аааа значи месечно за живеење се потребни 50 000 денари?
Океј.

Секој си има свој стил на живеење, трошење, потреби. Ако сакаш да живееш, а не да преживуваш, тоа е некоја граница.
 
Додај дека заштедените пари побрзо се трошат кога не работиш и во тој период од една година може да испадне и нешто непланирано. Така да не можеш да планираш по 300 евра месечно.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom