Мене ми треба градско возило, затоа во видик ми е Поло. Ни мало, ни големо.
Ми треба да вртам по улици и за потреби од видот, иди до теретана и врати се. Иди до град и врати се. Иди до пазар и врати се.
У главно не мислев да го користам за да одам на работа, бидејќи стварно е гужва градов. Пред се млад возач сум, и овие пари сакав да ги искористам за да научам нешто од прилика за коливе и да повозам малце.
Да е пали вози не очекувам, и знам дека ќе треба да се фрлаат пари за одржавање.
Го мислам Поло бидејќи може да се продаде и наводно германска технологија, не се расипува, или ќе пројдам со малку поправки. Не знам колку е точно ова?
Се согласувам и со изборот за Опел Астра или Опел Корса. Ок, ај и Пунто ќе го ставам во изборот
Се согласувам и со забелешката, да чувам 10-15% од парите за поправки. Но као за мене, 2500 евра некако таман ми делуваа за возило на старо. Еве ајде нека се 3000 ако ми позајмат моите.
За италијанските коли увек ми се метка мисла дека само добро изгледаат ама не се толку квалитетни.
Се мислев за бензинец бидејќи веројатно дизел е за долги патувања. За во град и не е толку потребно да е дизел.
Не мора ни да е плин. Јас да го купам како што е, читаво, најбитните делови, па за плин ич не се секирам.
Имаме старо Југо кое што татко ми го зеде за 400 евра. Сеа и тој мајсторот почна да бега од нас бидејќи стварно му се смачи од глупи поправки на тоа ѓубре од кола као што е Југо(без навреда ама стварно е за во отпад.)
Друго, Југо на ново беше 4000 евра и е заникаде кола. Значи за на ново ми требаат бар 6000 евра за некој од тие Спарковите.
Дур да соберам 6000 евра, ехеее