КОЈ живееше како паразит? Зошто верувате на глупости? Работниците во фабриките? Земјоделците?
Јас ти гарантирам со главата дека работеа и повеќе од сега. Сте наслушнале нешто, сте направиле филмче и го верглате на невидено. Кредити, комунизам, социјализам. Многу е покомлексна сликата околу Југославија и нејзиниот распад. Југославија не пропадна од економски причини, пропадна од политички.
Нема ништо комплексно, многу е едноставно се додека има пари сите се сложни.
Ставро, можда за други работи се разбираш, но за економски си тапа. Политиката додека има пари за сите ќе си тераат. Кога ќе треба да се плаќа сметката тогаш доаѓа до тепање.
Од кредити е дигнатата СФРЈ, но проблемот е после тоа на кој принцип се развива.
Фабриките одземени а и во новоизградените раководители се неписмени и луѓе блиски до системот. Ефикасност НУЛА. Не е реално секоја година скоро сите фабрики да надминуваат плановите за повеќе од 100%
Работеле како и сега што работат обичните работници, додека 200.000 административци си го прчат. Сигурно има што работеле, каде идела таа продуктивност, како се трошеле парите од тоа производство е проблемот на комунизмот.
Ти можеш да живееш во твоите Марксови фантазии кои на хартија се супер, ама во реалност НИКОГАШ нема да успеат.
ДОКАЗИ има, а ти верглај само позитивните страни и ќе се оправиме.
Пример за како функционирала СФРЈ и како сеуште функционираме и дека не сме капиталистичко општество: Дедо и на Шеќеринска главен за градењето на РЕК Битола, татко и мајка и главни при приватизација и делба на ЕСМ,ЕВН ЕЛЕМ, а Шеќерката од мали нозе цело време во врвот на власта.