- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Навистина ги мешаш лончињата. Ајде да зборуваме за нештата кои Југославија им ги овозможи на своите граѓани. На огромен број им овозможи да поседуваат сопствен дом, ОТПЛАТЕН. Тоа и ден денес е луксуз во државите од западна Европа. На СИТЕ свои граѓани им овозможуваше БЕСПЛАТНО школство и БЕСПЛАТНО здравство, и тоа многу квалитетно. Го поттикнуваше спортот и културата. Југославија имаше европски клупски шампион во фудбал, и тоа од екипа составена само од Југословени (со исклучок на Белодедич кој беше романец со српско потекло). Тоа ден денес е само сон за фудбалски моќни нации. Тоа ти е како Барселона или Реал да станат шампион само со шпанци, научна фантастика во моментов. Вардар стана европски шампион во ракомет со еден македонец во тимот, во спорт кој се игра во пет држави во Европа, ние се подмочавме од среќа. Не го омаловажувам успехот на Вардар, чисто за споредба. Југославија имаше кошаркарска репрезенатција која беше страв и трепет во Европа, способна да се носи со дрим тимот на САД. Југопластика беше европски клупски шампион во кошарка ТРИ ПАТИ по ред. Ти доаѓа информацијата до паметот?Ги мешаме лончињата сите кога зборуваме за југославија.Одма споредби без да се признаат некои работи.Убаво прашав ај подетално.Зошто немало горива?Зошто немало млеко и за леб се чекало редици одсабајле во 4-5 ? Зошто ако се зборувало за политика (птотив тито) те пракале нанќ голи оток? Зошто удба ден денес има корени што се против Македонија?Неправди со национализација што ден денес неможат да се оправат од тој систем.
Југославија беше на второ место во Европа по број на шаховски велемајстори. Југославија имаше издавачка дејност која засекогаш ќе остане недостижен идеал за еден куп држави. Книги од сите области, коректно преведени, стрипови, чуда. Дали знаеш дека Македонија до ден денес нема преведено барем десет книги кои се клучни во историјата на човештвото?
Вака можам до утре да ти набројувам. И велиш праќале на Голи Оток? Нормално дека праќале, оние кои сакаа да ја растурат државата. И денес праќаат, не на Голи Оток, ама во Идризово. Во Македонија отпуштаат луѓе од работа ако не си за одредена партија, тоа ти е исто како на Голи Оток да одиш.
И велиш немало горива, млеко и чоколадо. Јас ја живеев Југославија, тоа беа исклучително ретко ситуации, воглавно условени од надвор.
Последно уредено: