Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

S

silmarillion

Гостин
Нели ти рече дека повеќето овде се согласувале со Тито и дека Ченто, Шатев ги сметале за одметници. Јас само ти потенцирав зошто луѓето овде не се впуштиле во понатамошни ризици и да одат контра новата држава, ете убаво ти ги опишав тие 50 години пред да се роди Титова Југославија. Ако оделе против Тито пак ќе го јаделе, али затоа има и такви примери како Ченто, Брашнаров, Шатев кои барале повеќе, и завршиле како што завршиле.
Никој не ги сметал овие луѓе за одметници (можеби само оние кои биле во КПЈ), туку слободата на говор била таква што не си можел слободно да ги поддржиш овие луѓе, ќе си го јадел стапот.
Па јади го стапот де ако сакаш држава. Како другачие? Какво е тоа оправдување зошто луѓето не се впуштаат у ризици? Зашто некој би те жалел?

Ја мислам дека и да не бил Голи Оток и забраната за слободна мисла, генерално народот на територија на Македонија не сакал независност. Поготово не во 60тите 70тите години. Можеби биле поразумни и посвесни од нас денес, дека немаме државнички капацитет. Нешто за што сме јас и ти сведоци дека е така у современа Македонија.

Прашање: Зашто еден Ченто и Брашнаров би биле поразлични од еден Грујо или Заев?
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.635
Поени од реакции
88.273
Kaj Grujo kakva bese slobodata na govor ? Kolku nezavisni mediumu ostanaa. Ako ne bese "anticki" ili "partiot" mozes da se slikas, sheptenjeto bese nacionalen sport. Brutalnost nevidena.
Nemas argumenti, sto i da kazes, MK ne go polozi ispitot na zrelosta.
WTF, од каде сега муабетов со Грујо? :) Немам аргументи? Ај кажи ми дали една Шарена Револуција би успеала во Југославија? :)

П.С. Не сум Груевист :*

Прашање: Зашто еден Ченто и Брашнаров би биле поразлични од еден Грујо или Заев?
Кога биле Ченто и Брашнаров на власт па да ги споредуваме со Грујо и Заев?
Тие и такви какви што биле со дејствувањето во АСНОМ, направиле многу повеќе за народот отколку сегашниве двајца

Па јади го стапот де ако сакаш држава. Како другачие? Какво е тоа оправдување зошто луѓето не се впуштаат у ризици? Зашто некој би те жалел?
Пак ќе пишам, лесно е да пишуваш вака во денешно време...
 
И

Име И Презиме

Гостин
Кога би имал можност да бирам сега, не би избрал живот во југославија иако имало за некои работи поголеми бенефиции за разлика од денес.Сосема на растурањето се присетувам а се останато е од кажано, прочитано или нечие искуство и мислење.
Според мене југославија бил еден проект да се види дали понатака можат да го имплементираат ЕУ и САД.
Македонија никогаш не била развиена, земјоделска нација сме биле, а во југославија немало ни можности за многу напредок.Бизнис или некакво производство (приватно) се било од корен пресечено.Луѓето живееле еден период добро кога тито отворил фабрики и ги запослил.Но кредитите секнале, и живот на вересија не иде.Рецесии, немање гориво(нели со арапите пријател е?), храна основна, градежни материјали итн.
Едноставно генерациски си налегнале луѓето дека државата треба за се да се грижи.Дали дека сум бил мн мал тој период па од денешна гледнан точка не би можел да прифатам да ме ограничуваат во се.
Во контекст на муабртиве некои видеа.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Многу крива слика имаме денес за Ченто и за Панко.
Не биле они силно против СР Македонија, да се разбереме. Мој комшија има лежано затвор со Ченто, ќелија до него. Од разговорот со него, знам дека Ченто е повеќе репресиран да не им смета на Лазо(срце ме боли кога го пишувам со голема буква) и неспособната клика околу него, без проблем да ги спроведува инструкциите од горе.
Овие двајца, Ченто и Брашнаров, си земале за право да имаат став. Тоа за лазета наш бил смртен грев.[DOUBLEPOST=1525603578][/DOUBLEPOST]@Име И Презиме ,
Јас имам пропуштено само 14 години од Југа, се останато знам.
Од село сум, значи ниту стан сме добиле гратис, ниту синдикални одмаралишта сум видел, за полутки да не зборам. Кредит не ни следуваше, фичо не купивме.
Ама кога ќе го споредам со ова сега, 1992-2018, небо и земја човече.
Не вреди муабетот.
 
Последно уредено:

Како што кажав тоа е мое лично мислење.Во секој систем има(ло) задоволни и незадоволни луѓе.Јас да се повторам, не би сакал живот како робот, друг да мисли и друг да планира за мене.Не алудирам на политиката инаку.
Зошто се десила рецесијата во Југославија? Нели системот бил правилно насочен за сите?
Однапред се знаел и крајот, само обичниот човек пател по тоа да биде како што било...
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Како што кажав тоа е мое лично мислење.Во секој систем има(ло) задоволни и незадоволни луѓе.Јас да се повторам, не би сакал живот како робот, друг да мисли и друг да планира за мене.Не алудирам на политиката инаку.
Зошто се десила рецесијата во Југославија? Нели системот бил правилно насочен за сите?
Однапред се знаел и крајот, само обичниот човек пател по тоа да биде како што било...
Рецесијата се деси после Тито, како прво, како второ заборави да кажеш дека за време на владата на Марковиќ и тоа се реши.
Има држава во светот која не прошла рецесија?
Имам пријател од Хамбург, постар е од мене, да ти раскаже он што е рецесија и јадење чорба само од лушпи од компири!
Колку пати САД имаа рецесија, па никој не вика дека не заслужуваат да бидат држава и дека одамна треба да се распаднат.
Кој робот човече? Мислиш дека живеевме вклучени на поланчи преку ноќ? Па во Југославија имаше поголема слобода на говор од сегашна Мк.
Прашај ги Велија и брат Љубе!
Не чини да даваш оценки на база на чуено, не видено.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
. Инаку во војните по распадот на државата учествуваа од најмладо до најстаро, не беа само 40 и 50 годишнаци.
Јас ти кажувам кои генерации потегнаа да се растури Југославија, а не кој учествуваше во војните. Војната е општ хаос, кога ќе почне пукањето нема многу идеологија.

Југославија имаше реална шанса да преживее, толку и недостигаа, десетина години. Не беше до Тито, требаше физички да исчезнат критичните генерации. Ти велам дека мојата генерација +/- 5 години немаше никаков интерес да ја растураат државата. Југославија беше многу пристојно место за живеење.

Сите држави во основа се вештачки творби, се одржуваат со помош на митови. Митот за Југославија фино си функционираше. Ако една држава не може да му обезбеди пристоен живот на своите граѓани, нема причина да постои. Што дека сега имаме македонска држава, кога не функционира?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
Ја мислам дека и да не бил Голи Оток и забраната за слободна мисла, генерално народот на територија на Македонија не сакал независност. Поготово не во 60тите 70тите години. Можеби биле поразумни и посвесни од нас денес, дека немаме државнички капацитет. Нешто за што сме јас и ти сведоци дека е така у современа Македонија.
И денес огромно мнозинство од луѓето радо би го предале суверенитетот на Брисел, Вашингтон, Москва или било кој друг со звучно име.
 
S

silmarillion

Гостин
И денес огромно мнозинство од луѓето радо би го предале суверенитетот на Брисел, Вашингтон, Москва или било кој друг со звучно име.
Која држава од рангот на Македонија не го направила тоа во денешно време?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
И денес огромно мнозинство од луѓето радо би го предале суверенитетот на Брисел, Вашингтон, Москва или било кој друг со звучно име.
Кога ликови како Хорхе , Гвујо и Заев треба да бидат носители на суверенитетот, тогаш Брисел, Вашингтон или Москва и не се толку лоши идеи.
 
И

Име И Презиме

Гостин
Рецесијата се деси после Тито, како прво, како второ заборави да кажеш дека за време на владата на Марковиќ и тоа се реши.
Има држава во светот која не прошла рецесија?
Имам пријател од Хамбург, постар е од мене, да ти раскаже он што е рецесија и јадење чорба само од лушпи од компири!
Колку пати САД имаа рецесија, па никој не вика дека не заслужуваат да бидат држава и дека одамна треба да се распаднат.
Кој робот човече? Мислиш дека живеевме вклучени на поланчи преку ноќ? Па во Југославија имаше поголема слобода на говор од сегашна Мк.
Прашај ги Велија и брат Љубе!
Не чини да даваш оценки на база на чуено, не видено.

Знаев дека ке нагласиш политика.Јас само дадов свое мислење и кажав дека имало позитивни и негативни работи.Моето мислење не влијае на твоето и не те разубедувам со ојле дојле фаци.
Несакам да навлегувам во ничија приватност, но сега не сакаат да живет луѓето во село, успех е државна работа или странство, сите дужат за некаков кредит и се имаат само нема рецесија.Тогаш немале основни работи.Нит јас, ниту ти, ни таквите како нас носат одлуки за таа политика како ке се одвива.Потрчковците на нечија власт секогаш страдале.Системот на југославија крахирал.Америка кога произведувала автомобили ние на точак сме се радувале.Да си ги величиме криминалците и слободата на говор па ке дочекаме напредок.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
Која држава од рангот на Македонија не го направила тоа во денешно време?
Сите би направиле. Исто како што сите би сакале да му предадат суверенитет на Тито во 60ти и 70ти. Не дека биле посвесни нешто посебно. Едноставно такви биле трендовите. Тогаш Белград бил атрактивен затоа што во него живеел и раководел Тито, денес Брисел е атрактивен заради Германија.
Кога ликови како Хорхе , Гвујо и Заев треба да бидат носители на суверенитетот, тогаш Брисел, Вашингтон или Москва и не се толку лоши идеи.
Јас мислам дека баш тоа било проблемот на Југославија. Само Тито бил неХорхе, Грујо или Заев тип. Се друго што продуцирала од политичар, не било така далеку од овие. И после лесно убедиле народ дека не е во ред да предаваат суверенитет на Милошевиќ или некој таков.
 
И

Име И Презиме

Гостин
Јас ти кажувам кои генерации потегнаа да се растури Југославија, а не кој учествуваше во војните. Војната е општ хаос, кога ќе почне пукањето нема многу идеологија.

Југославија имаше реална шанса да преживее, толку и недостигаа, десетина години. Не беше до Тито, требаше физички да исчезнат критичните генерации. Ти велам дека мојата генерација +/- 5 години немаше никаков интерес да ја растураат државата. Југославија беше многу пристојно место за живеење.

Сите држави во основа се вештачки творби, се одржуваат со помош на митови. Митот за Југославија фино си функционираше. Ако една држава не може да му обезбеди пристоен живот на своите граѓани, нема причина да постои. Што дека сега имаме македонска држава, кога не функционира?
Што придонело за рецесија во југославија?Зарем тито бил факторот за успех?
Системот бил надуван балон, затоа пукнал.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Што придонело за рецесија во југославија?Зарем тито бил факторот за успех?
Системот бил надуван балон, затоа пукнал.
Кој систем бил надуван балон? Па Југославија не економски план солидно функционираше. Денес ви трубат дека Југославија живеела на кредит. Која држава која настана по распадот на Југославија не живее на кредит? Србија, Босна, Македонија, Црна Гора (добро, тие живееа од криминал), Хрватска?

И во што е разликата сега? Некаде прочитав дека државните долгови на секоја од наследничките на Југославија денес поединечно се поголеми од вкупниот државен долг на Југославија. Ама Југославија живеела на кредит, а во Македонија и во другите партал држави на Балканот денес владела пазарна економија. Да не знае човек дали да плаче или да се смее.

Што се однесува до мене, утре може Македонија да пропадне, со двете раце потпишувам распад. Ниту треба да имаме држава, ниту сме ја заслужиле, ниту знаеме како со неа. За што постои Македонија? За Мијалков и државниот бинисмен Орце да станат милијардери? Море ајт таму у пм, сите заедно.
 
И

Име И Презиме

Гостин
Кој систем бил надуван балон? Па Југославија не економски план солидно функционираше. Денес ви трубат дека Југославија живеела на кредит. Која држава која настана по распадот на Југославија не живее на кредит? Србија, Босна, Македонија, Црна Гора (добро, тие живееа од криминал), Хрватска?

И во што е разликата сега? Некаде прочитав дека државните долгови на секоја од наследничките на Југославија денес поединечно се поголеми од вкупниот државен долг на Југославија. Ама Југославија живеела на кредит, а во Македонија и во другите партал држави на Балканот денес владела пазарна економија. Да не знае човек дали да плаче или да се смее.

Што се однесува до мене, утре може Македонија да пропадне, со двете раце потпишувам распад. Ниту треба да имаме држава, ниту сме ја заслужиле, ниту знаеме како со неа. За што постои Македонија? За Мијалков и државниот бинисмен да станат милијардери? Море ајт таму у пм, сите заедно.

Ги мешаме лончињата сите кога зборуваме за југославија.Одма споредби без да се признаат некои работи.Убаво прашав ај подетално.Зошто немало горива?Зошто немало млеко и за леб се чекало редици одсабајле во 4-5 ? Зошто ако се зборувало за политика (птотив тито) те пракале нанќ голи оток? Зошто удба ден денес има корени што се против Македонија?Неправди со национализација што ден денес неможат да се оправат од тој систем.
Политичарите како мијалков (стариот) се доказ како завршуваат ....
И кирче ке го решеа, ама го апдрјтираа со мерцедес делови по грешка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom