Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Каква е таа поддршка што ти ја бараш а не ја добиваш?
Шо треба да ти праат? Да те тешат дека има повеќе риби во морето?

Па добро де, секој се плаши за тоа. Особено тие што биле изиграни повеќе пати.
Нема решение, освен добра проценка на карактер.

Не сакам тешења јас, сакам дружење, истото што јас им го понудив кога беа во каша и им ги средував проблемите заедно со мојата мајка за да ме остават мене на цедило сега кога не знам што со себе.
Сите сакаме подршка кога се работи за некој важен период од животот, а не можеш да успееш сам, сепак ако ти или некој друг има цврст карактер и би успеал полесно да го помине тоа, некои други немаат.
Доволно зборови слушнав за тоа дека треба да го преболам и за кое нешто сум свесна, затоа и го прекинав контактот, ама беше посилно од мене па морав да се обратам некому.

Благодарам за критиките, ќе ги прифатам.

Љубовта кон него ќе ја избришам секако, ми останува само време и ништо друго.
 
Не сакам тешења јас, сакам дружење, истото што јас им го понудив кога беа во каша и им ги средував проблемите заедно со мојата мајка за да ме остават мене на цедило сега кога не знам што со себе.
Претходно другарките ти биле другарки, те дружеле, и сега кога ти раскина со дечкото и си послободна, они не сакаат да те дружат поради... инает?
Злобнички.
Сум бил „таму“, кога ти е тешко и кога некој ќе те одбие за нешто и по автоматизам сакаме уште подлабоко да се затвориме и да си велиме себе си „ништо не вреди, не вреди да помагаш, никој не ти враќа со иста мера, сите забораваат“ итн.
Но, тоа е грешка. Најчесто навистина не можат во моментот и треба да се обидеме повторно. И повторно.
 
Ќе може на некој да му пишам лп ми треба совет?
 
Дали некој им пишува пп на овие што бараат пп?
Чисто ме занима, ако не, може ќе престанат и овие да замараат по темава со вакви коментари.
 
Дали некој им пишува пп на овие што бараат пп?
Чисто ме занима, ако не, може ќе престанат и овие да замараат по темава со вакви коментари.

Пиши ПП ќе ти кажам.
 
Дали некој им пишува пп на овие што бараат пп?
Чисто ме занима, ако не, може ќе престанат и овие да замараат по темава со вакви коментари.
Се регистрирал завчера и вика пишете ми ПП, чиниш Пентагон е ова па одма ќе се дознае кој прашува.
 
Се регистрирал завчера и вика пишете ми ПП, чиниш Пентагон е ова па одма ќе се дознае кој прашува.

Не само последниов, во последно време гледам многумина пишат така.
Форум е, не е фб ова па ај поединечно ќе си се советуваме.
 
Не само последниов, во последно време гледам многумина пишат така.
Форум е, не е фб ова па ај поединечно ќе си се советуваме.
пмс?

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Па никој не и одговара и на неколку месеци пак исто прашува. :D

Дали може на некој да му пишам во инбокс, ми треба мислење... ?
Има некој/а слободно време да пишам во инбокс ?
Ми треба совет
Дали им некој сободен да пишам во инбокс, ми треба совет..?
Ќе може некој слободен во инбокс, ми треба машко мислење за проблем веќе подолго време го имам...
Ќе може на некој да му пишам лп ми треба совет?
 
Сигурно имате бар уште една причина да наброите, ова со пмсот више е апла излитено, досадно да не речам.

ама тебе изгледа мн работи ти се досадни... пмс ти е досаден, овие што прашуваат на темата ти се досадни...

зошто нервози? форум е, дојде цурата праша и преживеа (како и сите пред неа, а и сите идни после неа што ќе прашаат за помош и муабет во приватни пораки, за не знам какви жалопојки со дечковци/девојки и слично)

исто како и ти, пиша и преживеа... никој не ти тегне уши, не те прозива, не ти прави замерка...

е сеа ова шо ти е досадно е апла излитено, да не речам без веза, ама ете... тоа ти е.
напиши уште нешто за некој член и како тој член го користи форумот, колку замара на темата итн., така сигурно ќе ти олесни.

p.s. live and let other live too.
кога ќе престанеле да замараат со коментари за приватни пораки ... :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
дај ако не ќе им забраниме да дишат.
 
Последно уредено:
p.s. live and let other live too.

Што ти мене не ме остави нараат да си живеам во пмс?
Се закачкате, па после зашто другиот закачкал, они Деви Марии. :D
Пријатен ден. И бегај од жени во пмс.
 
Форум е за дискутирање, не е ова "Ало, докторе" па ќе ми кажат совет. Да не напоменувам дека ќе види некој друг што ќе сака да го праша истото и нема да се вртиме во круг.

Кој има нешто да праша, нека праша, кој не, нека си отвори Твитер.
 
Што ти мене не ме остави нараат да си живеам во пмс?
Се закачкате, па после зашто другиот закачкал, они Деви Марии. :D
Пријатен ден. И бегај од жени во пмс.

хахахахаххаха ај призна дека си во пмс, не те гибам поќе, готово :D
добро, барем не денес :P

инаку ти прва ја подбра оваа што прашуваше по многу, затоа и те цитирав :duel:

убав ден маја :kafence:


Форум е за дискутирање, не е ова "Ало, докторе" па ќе ми кажат совет. Да не напоменувам дека ќе види некој друг што ќе сака да го праша истото и нема да се вртиме во круг.

Ало Минхен, форум е. :D
Крај краева темата се вика „Потребен ти е совет, дрн дрн дрн...“ - е сеа некој можи не сака тука да напиши шо глупости му се дешаваат во животот па фино поштено си прашва кој е расположен за муабет во приватна порака.

Ништо страшно :D Не дека и ти не си во право до некаде ама на прст се бројат таквите со приватните пораки и сигурно истите си имаат некои причини зошто не си прашуваат на долго и на широко во темата.... (претпоставка пошто ќе се најдат 10 паметни што прво ќе ги исмејуваат, а потоа ќе им кажат нешто паметно или корисно, чудо е македончето за сеир гледање) ;)
 
хахахахаххаха ај призна дека си во пмс, не те гибам поќе, готово :D
добро, барем не денес [emoji14]

инаку ти прва ја подбра оваа што прашуваше по многу, затоа и те цитирав :duel:

убав ден маја :kafence:




Ало Минхен, форум е. :D
Крај краева темата се вика „Потребен ти е совет, дрн дрн дрн...“ - е сеа некој можи не сака тука да напиши шо глупости му се дешаваат во животот па фино поштено си прашва кој е расположен за муабет во приватна порака.

Ништо страшно :D Не дека и ти не си во право до некаде ама на прст се бројат таквите со приватните пораки и сигурно истите си имаат некои причини зошто не си прашуваат на долго и на широко во темата.... (претпоставка пошто ќе се најдат 10 паметни што прво ќе ги исмејуваат, а потоа ќе им кажат нешто паметно или корисно, чудо е македончето за сеир гледање) ;)
Види, година дена прашува, никој не и враќа. А и која ти е таа смелост, нека ми пише некој ПП, од кај знаеш кој ќе ти пише и што аргумент ќе ти понуди? Вака кога е на форум и ако некој понуди лошо решение, има и други членови и да го поправат или надополнат. Како една пред година дена новорегистрирана снимки од рентген што ми прати по ПП, од каде ме знае по струка што сум, и реков стави ги на форум ќе се најде некој со искуство, ќе образложи.

Замисли во темана софтверски проблеми да решававме проблеми по ПП, за еден исти проблем ќе се прашуваше по сто пати и за некои од проблемите може немаше ни да знаеме решение. Памтам еден дечко реши баг со звучната пред 5-6 години, објасни како го решил и решението ми се има најдено IRL сто пати досега.

Убаво и посочи @MAJA 345 не мора притресување, сигурно не планира да конструира некој најнов вид беспилотно летало па да е потребна дискреција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom